Филмови, концерти, гастрономија – цел март ќе се слави Франкофонијата во Скопје


Со проекција на филмот „Страста на Доден Буфан“ на режисерот Тран Ан Хунг, во петок, 1 март ќе биде отворено годинешното издание на Франкофонија во Скопје. Филмот ќе биде прикажан во кино „Милениум“. Културната програма на Франкофонија во Скопје ќе трае до почетокот на април, а на 4 април и во Битола. Директорот на Францускиот […]

„Патување пеш“ на Тамара Котевска на европска турнеја и со светска дистрибуција


Документарниот филм THE WALK (Патување пеш) во режија на Тамара Котевска започнува со европска фестивалска турнеја. Најпрво, филмот ќе има европска премиера на најголемиот фестивал за човекови права FIFDH во Женева, Швајцарија, каде ќе има 2 проекции, а веднаш потоа, ќе се случат рекордни 5 проекции на еден од најголемите фестивали за документарен филм од […]

Марлен Дитрих беше пред своето време, вели Мирјана Карановиќ пред премиерите во Скопје и во Битола 


Гостувањето на легендарната српска актерка Мирјана Карановиќ (67) во улогата на контроверзната фaм фатал Марлен Дитрих во Македонија предизвика огромен интерес во јавноста и културната фела.  Пред премиерата во Скопје на 4 март, во МНТ, претставата “Марлен Дитрих- 5 точки од обвинението“, на Сараевскиот народен театар, на лично барање на една од најголемите југословенски актерки, […]

Промоција на романот „Боксерот од Ново маало“ од Владимир Плавевски


Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија денеска ќе биде промовиран романот „Боксерот од Ново маало“ од Владимир Плавевски. На настанот посветен на македонскиот писател, новоиздадената преведена книга ќе биде претставена од бугарскиот издавач и книжевен критичар Пламен Тотев (Издавачка куќа „Персеј“), како и од преведувачите Маријан Петров и Тања Попова. Попова ќе […]

Изложба „Станица пропаганда“ на Јонас Стал во Музејот на современа уметност – Скопје


 Самостојна изложба   „Станица Пропаганда“ на холандскиот уметник Јонас Стал  ќе биде отворена на 1 март (20:00) во Музејот на современата уметност (МСУ) – Скопје. -Стал, кој ќе биде специјален гостин на музејот, е препознатлив по истражување на односот помеѓу уметноста, пропагандата и демократијата, а неодамна ја доби и престижната награда за визуелни уметности „Prix de […]

Во Белград промовиран зборникот „Македонски во 30 лекции“ по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик


По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во Белград синоќа се одржа промоција на зборникот „Македонски у 30 лекција” од авторката Елеонора Конеска Средојевиќ, а во реиздание и во соработка со белградскиот весник „Политика”, јави дописникот на МИА од Белград. Зборникот „Македонски у 30 лекција” од Конеска Средојевиќ, ќерка на академик Блаже Конески, […]

Колекцијата на солидарноста на МСУ од Виена патува за Прага


Изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје“, која девет месеци беше отворена во еден од најголемите европски културни центри, „Кунстхале Виена“, со дела од уникатната колекција на Музејот на современата уметност – Скопје, на 21 март ќе биде отворена во Националната галерија во Прага. „ Од вкупната уметничка колекција на МСУ, […]

Сара Климовска во режисерски води, нејзиниот првенец „Врзани“ е во престижна селекција


Краткометражниот игран филм „Врзани“, режисерско деби на македонската актерка Сара Климоска, е дел од селекцијата на престижниот European Short Pitch програм, чија финална фаза се одржува во периодот 26 до 29 февруари во Рен, Франција. Од 2007 година, дел од овој програм биле стотина филмови од краток формат кои потоа остваруваат значајни успеси и премиерни […]

Претставата „Добри луѓе“ вечерва во велешкиот театар


Во велешкиот театар вечер во 20 часот ќе се одигра претстaвата „Добри луѓе“ во режија на Тамара Стојаноска, а во продукција на независниот театар „Златен Елец“. – „Добри луѓе“ ги испитува емоционалните последици од справувањето со огромната климатска криза и тешките одлуки што секојдневно мораме да ги донесеме како поединци и како општество. Се поставува […]

Златна мечка на Берлинале за документарецот “Дахомеј“ на Мати Диоп


Берлин – „Дахомеј“, документарецот на француско-сенегалската режисерка Мати Диоп, ја освои Златната мечка за најдобар филм на 74. Филмски фестивал во Берлин. Повеќеслојниот документарен есеј го истражува враќањето, во ноември 2021, на ограбените кралски богатства на африканското кралство Дахомеј од Париз во денешна Република Бенин, испитувајќи го комплицираниот одговор на оние во Бенин, чија култура […]

Гран- при за Тања Балаќ на Зимскиот салон на ДЛУМ


Уметницата Тања Балаќ ја доби Гран-при наградата на Зимскиот салон на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ), на синоќешното отворање во Чифте амам. Балаќ е наградена видеото „Следна генерација“( Next Generation). Наградата е престој во ателјето на „Сите дез арт“ во Париз, што ја овозможува Министерството за култура. Селекторка на биеналниот ликовен настан е Оксана Карповец, […]

„Читаме џез“ : Секој втор петок дружба со Џијан Емин во Café Literatura во „Дајмонд мол“


„Литература.мк“, во партнерство со радиото „Џез ФМ“, најави почеток на низа музички настани во новото Café Literatura во „Дајмонд мол“. Под мотото „Читаме џез“ почнува новиот концепт на „Литература.мк“, чија мисија е организација на најквалитетните музички настани со врвни музички уметници, како и нови откритија, од домашната и регионалната сцена преку кои сите присутни ќе […]

Le plaisir du texte


  ЈЕЛЕНА ЛУЖИНА Се разбира, прочуениот (француски) наслов на овој мој текст е преземен, да не речам зајмен, намерно. Дури и кокетно! Сите троа упатени знаеме: тој супериорен наслов изворно ѝ припаѓа на една од култните есеистичко-теориски книги на дваесеттиот век, една од тие на кои многупати се реферираат дури и „познавачите“ кои никогаш не […]

Отворање ликовна изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ


Во изложбениот простор Галерија на Младинскиот културен центар, во Скопје, вечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата со наслов „Кобалт Синергија“. Ќе бидат изложени 25 ликовни дела од ликовниот уметник Венко Цветков, ќе има проекција на видео ролна и два видео арт остварувања на учесникот во проектот Симон Гегај. Во содржината на видео ролните […]

Книжевно претставување во Штутгарт на поетесата Наташа Сарџоска


На покана на Здружението „Данте Алигиери“ од Штутгарт, во Италијанскиот културен институт во Штутгарт, свое книжевно претставување ќе има македонската писателка, поетеса, преведувачка и антрополог, Наташа Сарџоска. Книжевниот разговор со неа ќе го водат професорките по италијанска книжевност од Универзитетот во Штутгарт, Сабрина Мааг и Симонета Пулејо, која е воедно и претседателка на здружението. Во […]

„Марлена“ со Мирјана Карановиќ на 3 март во Битола, на 4 март во МНТ во Скопје


Поради технички причини, онака како што е замислено од режисерот и сценаристот, невозможно е гостувањето на претставата ,,Марлена” од Сараевскиот народен театар да се одржи во Македонска филхармонија. Од таа причина, после констатацијата на Сараевскиот народен театар, чии продуценти дојдоа на обиколка на Македонската филхармонија, заедно одлучивме претставата да се одржи во Македонскиот народен театар. […]

Разговор со Лидија Димковска, авторката на „Единствен матичен број“


Во книжарницата на издавачкиот центар „Три“ во ГТЦ, на 22 февруари, од 19 часот, ќе се одржи разговор со писателката Лидија Димковска за нејзината нова книга „Единствен матичен број“. На средбата ќе успеете да откриете што стои зад бројките на единствениот матичен број, кои сме и што сме независно од него, и како да навлеземе […]

„Хармонија“ на Филхармонија со дела од Бернштајн, Гершвин и Гулда


Оркестарот на Македонската филхармонија вечер, во 20 часот, ќе одржи концерт на кој како солист ќе настапи српскиот виолончелист со интернационална кариера – Драган Ѓорѓевиќ. Концертот е насловен „Хармонија”, а диригент е маестро Мануел Хернандез-Силва од Венецуела/Шпанија. Како што информираат од Македонската  филхармонија, на програмата се Концертот за виолончело и дувачки оркестар од Фридрих Гулда, […]

Помал број на седишта, покомотни редови: Како ќе изгледа Универзална сала?


  Универзалната сала ќе се реконструира на постојното место, со зачувување на истиот габарит и автентичниот изглед. Kонечниот изглед беше промовиран за време на мандатот на скопскиот градоначалник Шилегов. Изведбениот проект за реконструкција е изработен од проектантското биро „Мегарон инженеринг“. По една недела откако багери влегоа и почнаа да го расчистуваат просторот кај Универзална сала […]

Фати го Пелистер – откривање на планината низ објективот, под менторство на режисерот на „Медена земја“


Во спокојните сенки на величествените пејзажи на Пелистер, група битолски фотографи се собраа да ја истражат суровата убавина низ нивните објективи, под водство на Љубомир Стефанов, прославениот коавтор и режисер на македонскиот документарен филм номиниран за Оскар, „Медена земја“. Оваа фотографска работилница, зимава сместена во срцето на Битола, не беше само едукативна точка, туку патување […]