Концерт на Федерико Сера за 8 март во организација на „Охридско лето“


По повод 8 март – Денот на жената, во организација на НУ „Охридско лето“ ќе се одржи концерт со светски познатиот тенор Федерико Сера од Италија во придружба на пијанистот Антонио Кампоногара. Концертот што ќе се одржи на овој датум во црквата „Света Софија“ во Охрид со почеток од 19 часот, ќе биде посветен на […]

Балетот „Заспаната убавица“ на музика на Чајковски со две претстави на 7 и 8 март


Двојна изведба на безвременската, волшебна балетска бајка „Заспаната убавица“ преточена во прекрасната музика на Петар Илич Чајковски на 7 и 8 март во 20 часот на  сцената на Националната опера и балет. Диригент на претставите е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко (Украина), асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки […]

Десет романи ја поминаа втората селекција за „Роман на годината“


Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Влада Урошевиќ (минатогодишен лауреат и претседател на Комисијата), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата), селектираше десет романи што останале во трката за наградата „Роман на […]

Настап на македонската виолинистка Пламенка Трајковска, на престижниот фестивал „Жените од светот“ во Истанбул


Со изведба на својата композиција со наслов „Ламенто вело“ за соло виолина, македонската виолинистка Пламенка Трајковска, денеска ќе настапи на концерт на престижниот фестивал „Жените од светот“ што ќе се одржи во Истанбул.  Во рамки на музичката програма на фестивалот „Жените од светот“, се реализира програма за композиција и продукција на дигитална музика со наслов „Мојот […]

Ватикан покажал интерес за македонската уметност, вели Костадиновска-Стојчевска


Изложба со македонски икони во Музејот на Ватикан е една од точките за која е постигнат првичен договор помеѓу министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска и заменикот уметничко- научен директор на Музејот, Џандоменико Спинола, на нивниот состанок одржан во Ватикан. Нашата држава одново ќе има прилика на светската јавност да и го претстави културното наследство и вредните […]

„Таа заслужува“ – осмомартовска акција на „Литература.мк“ 


Од 1 до 8 март 2024 година во книжарниците „Литература.мк“  и преку е-книжарницата www.literatura.mk, ќе се реализира продажна акција насловена како „Таа заслужува“, со попусти до 50%. Со слоганот „Таа заслужува“ оваа година „Литература.мк“ го потенцира разбирањето на предизвиците со кои се соочуваат жените и нивната потреба за време само за себе. За таа цел, осмомартовската […]

Бојан Станишиќ избран за в.д. директор на Кинотека


Бојан Станишиќ е новиот в.д. директор на Кинотека на Македонија, потврдуваат од Министерството за култура. Станишиќ, кој е менаџер во културата, дистрибутер и програмски директор со 15 годишно искуство, на функцијата доаѓа од редот на вработените. Во Кинотеката на Македонија е од 2017 година, вработен како програмски уредник задолжен за подготовка и реализација на кинотечната […]

Отворен е шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година


Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, е отворен и трае до 1 јули 2024 година. Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември 2024 година. За наградата „Пегаз“ можат да конкурираат необјавени романи (ракописи), за возрасни или […]

Второ издание на „Клинци“ на „Култура Бета“


Неформалната организација за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ по вторпат го организира настанот за млади „Клинци“ каде што ќе се претстават четворица млади автори и ќе биде поставена изложба на младиот уметник Бојан Звездаковски. На настанот што ќе се одржи во „Europe House“ со почеток од 20 часот ќе учествуваат младите автори Викторија Ангеловска, […]

„Мала изложба за мечтаење“ на Дарко Алексовски во Загреб


Во поп-ап галеријата „Гаража Камба“ во Загреб вечер ќе биде отворена „Мала изложба за мечтаење“ – самостојна изложба на Дарко Алексовски. „Мал прирачник за мечтаење“ е серија самостојно издадени фанзини на Дарко Алексовски преку кои тој истражува еден постојано променлив светоглед, како и мечтаењето за одредени места, предмети и ситуации каде што имагинацијата се испреплетува […]

Изложба „Станица Пропаганда“ на Јонас Стал во МСУ


Во Музејот на современата уметност – Скопје вечер ќе биде отворена самостојна изложба на холандскиот уметник Јонас Стал – „Станица Пропаганда“. Кураторка на изложбата е Ивана Васева. Стал, кој ќе биде специјален гостин на Музејот, е препознатлив по истражување на односот меѓу уметноста, пропагандата и демократијата. Неодамна ја доби и престижната награда за визуелни уметности […]

Изложба на јапонски кукли „НИНГЈО“ по повод 30 години дипломатски односи со Јапонија


Триесетгодишнина од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Јапонија и Република Северна Македонија ќе биде одбележана вечер (18.00) со свеченост во Археолошкиот музеј во Скопје.  Најавени се обраќања на амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја и државниот секретар од Министерството за надворешни работи, Филип Тосевски, по што директорката на музејот, Славица Бабамова, ќе ја отвори изложбата на јапонски […]

Промоција на „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ


На 5 март (вторник), во 18:30 часот, ќе се одржи промоција на изданието „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од авторката Зорка Тодорова-Младеновиќ, издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Настанот ќе се одржи во конференциската сала во Музејот на македонската борба. Во промотивниот дел ќе учествуваат универзитетската професорка […]

„Симбиоза“ – нова изложба на уметникот Бојан Ковски


Уметникот Бојан Ковски вечер во Музејот на Град Скопје, ќе ja отвори својата најнова изложба „Симбиоза” за која вели дека претсвува уникатен приказ на магична комбинација на човечкото тело и земјениот елемент. “Симбиоза”, како што се наведува за изложбата, претставува продолжение на истражувањето на човечката форма од страна на Ковски, со преплетување од елементот земја. Изложбата […]

Откажани претставите „Марлена“ со Мирјана Карановиќ во Скопје и во Битола


Двете изведби на претставата „Марлена“ со српската актерка Мирјана Карановиќ во главната улога, кои требаше да се одржат во Битола на 3 март и во Скопје на 4 март, се откажани, објави „Авалон“. „Од технички причини не сме во можност да го одржиме гостувањето на претставата ‘Марлена’ во Домот на културата во Битола и во […]

Бинош во врвна гастрономска приказна: „Страста на Доден Буфан“ го отвара Месецот на Франкофонијата


Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, организираат гала филмска вечер, во знак на отворање на Месецот на Франкофонијата, со проекцијата на филмот „Страста на Доден Буфан“. Филмот ќе биде прикажан в петок, 1 март 2024, во 20 часот, во кино „Милениум“ (ГТЦ, 1 кат).  Настанот ќе го отворат Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, и Дејана Поповска, македонска […]

Лебдечката лирика на Фредерик Шопен


Музиката за пијано никогаш повеќе не беше иста по Шопен. Тој ја однесе на огромна височина, особено во имагинацијата и мелодиската убавина Иако не напиша опери, ораториуми или симфонии – всушност, ништо што не вклучува пијано – Фредерик Шопен (1810-1849) бeше еден од врвните композитори на 19 век. Неговиот живот – и смртта на 39-годишна […]

Вевчанскиот карневал е прогласен за културно наследство од особено значење


Вевчанскиот карневал е прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Со оваа денешна одлука на Владата се овозможува зачувување и афирмација на машката василичарка поворка како дел од зимските обреди со маски, која е зачувана и се практикува во автентична и интегрална форма од локалната заедница во Општина Вевчани. Како што е наведено […]

Проекции на филмови по повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки во Кинотека


Кинотека на  Македонија се приклучува кон одбележувањето на 60–годишнината од смртта на Милтон Манаки, со две проекции во вторник, на 5 март. Најпрвин, во 18 часот, м-р Роберт Јанкуловски, редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ и основач на „Македонски центар за фотографија“, ќе одржи презентацијата под наслов „Фотографиите на Манаки, записи низ времето“. Потоа следува проекцијата на документарниот филм „Манаки […]

МНТ ќе ги донира парите од две претстави за Леонид


Македонскиот народен театар (МНТ) со хуманитарна изведба ќе го одбележи својот 79-ти роденден, а парите од продадените билети ќе бидат наменети за лекување на Леонид Индов. Ќе се изведуваат претставите „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“. Претставата „Силјан Штркот Шанца“ е инспирирана од истоимената македонска народна приказна од Марко Цепенков. „Ние сме птици“ е […]