Маја Волк, гуру за здрав живот, гостува на Саемот на книгата
На годинешниот Саем на книгата, на 23 април, од 17 ч. на штандот на ТРИ, ќе имаме можност да се запознаеме со Маја Волк, авторката која ја откри тајната на здравиот и исполнет живот.
Завршила студии по драматургија, по англиски и шпански јазик, магистрирала драмска уметност, докторирала во областа на филмологијата, издала дваесетина книги за деца и возрасни, работела како професорка, како радио и ТВ-водителка, одржала стотина концерти на латиноамериканска музика и португалско фадо… Но во последните години е најпрепознатлива по своето влијание како гуру за здрав живот.
Овој месец, за првпат на македонски јазик, излезе од печат нејзината книга „Како стекнав трајно здравје“ во ТРИ. Во неа ни открива како го победила ракот со помош на детоксикација на телото и умот.
Маја Волк не е експерт за болести, туку за здравје. Целосно посветена на суровата, непреработена храна, како и на спокојниот дух, таа го подучува светот како да се справи со навидум неизлечливите болести. За својата работа на масовната едукација на луѓето за здрав начин на живот, во 2012 година беше прогласена за „Животен гуру“ од списанието „Мен“. Лекот ни е на дофат, а преку книгите како оваа, достапен е секому.