Димитриевски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ прави плагијат на идеите на ЗНАМ


  Кандидатот за претседател на државата од ЗНАМ, Максим Димитриевски, денеска во Ѓорче Петров во изјавата за медиумите рече дека сака да одговори на прашањата што му биле упатени околу повикот за ненапаѓање и повикот за македонско национално единство дадени од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Мене ми е мило, рече Димитриевски, што конечно сите …

Димитриевски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ прави плагијат на идеите на ЗНАМ Read More »

Мицкоски повикува на мораториум за ЕУ, а не за единство, вели Ковачевски


  Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска од Струга рече дека мораториумот што вчера го најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ бил „мораториумот во главата на Мицкоски за интеграција на државата во ЕУ“. И додаде: „Исто како што го блокираше изминативе две години, тој е подготвен да го одложува членството во ЕУ уште 11 години, исто како …

Мицкоски повикува на мораториум за ЕУ, а не за единство, вели Ковачевски Read More »

„Цикличен артаноиден режим“: Мицкоски за власта


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска попладне во Ранковце ја повтори синтагмата од вчерашниот митинг во Охрид нарекувајќи ја власта „цикличен артаноиден режим“. Според него, со македонија управувало „дел од ракводството на ДУИ и неколкумина измеќари од СДСМ“. „Во овие 15 дена од кампањата за првиот круг за претседателски избори насекаде низ Македонија се чувствува победничката …

„Цикличен артаноиден режим“: Мицкоски за власта Read More »

Тошковски: СВР Охрид е спремен за справување со безбедносните предизвици кои ги носат изборите


Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски за време на денешната посета на Секторот за внатрешни работи Охрид, напомена дека треба да се размислува за дислоцирање на СВР Охрид во поголем објект, кој ќе биде на соодветна локација која ќе овозможи поефикасно работење. Тој посочи дека во делот на спроведувањето на изборите кои ни претстојат, …

Тошковски: СВР Охрид е спремен за справување со безбедносните предизвици кои ги носат изборите Read More »

Во битката за пензионерите Филипче вети регрес од 3.000 до 6.000 денари во грејната сезона


  Пензионерите, оние кои ќе излезат на изборите, се групата која може да одреди многу нешта во исходот на гласањето. Двете главни македонски партии го подигнуваат влогот за да ги привлечат тие гласови. Носителот на изборната листа на СДСМ во Четворката, Венко Филипче, ветува дека владата што ќе ја предводи неговата партија ќе оддели од …

Во битката за пензионерите Филипче вети регрес од 3.000 до 6.000 денари во грејната сезона Read More »

Бoшњачки партии подесоа кривична пријава против Иван Стоилковиќ


Политичката партија Бошњачки демократски сојуз (БДС) и Бошњачки национален совет (БНС) денеска поднесоа кривична пријава против Иван Стоилковиќ, претседател на Демократска партија на Србите во Република Северна Македонија (ДПСМ), за негирање и исмејување со геноцидот во Сребреница. Како што стои во нивното соопштение, пријавата е во врска со изјавата на Стоилковиќ, по одлуката на Министерството …

Бoшњачки партии подесоа кривична пријава против Иван Стоилковиќ Read More »

Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората


Гласањето за Претседателските избори 2024 почнува утре со членовите на 31 избирачки одбор што ќе го спроведат гласањето во странство. Тие пред заминувањето во странство ќе гласаат во просториите на Државната изборна комисија (ДИК). Во Избирачкиот список се запишани и во странство би требало да отпатуваат 191 лице кое во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии …

Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората Read More »

На Димитриевски му импонира што Мицкоски го копирал


  Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, ја подотвори вратата за идејата на Христијан Мицкоски за македонско национално единство, затоа што тоа, всушност, било негово пледоаје.  „Можно е национално единство“, рече Димитриевски во госртувањето на Радио Лидер. „Мене искрено ме импонира што не само во овој случај, туку во голем број случаи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нè …

На Димитриевски му импонира што Мицкоски го копирал Read More »

Апасиев го одби Мицкоски: „Не верувај им на дпмнејците“


  Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, ја отфрли понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за создавање на македонско национално единство и изјавата дека ќе има мораториум на нападите врз неговата партија и ЗНАМ. „Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци. Термометарот на жестокоста во критиката не смее да се спушти ниту за …

Апасиев го одби Мицкоски: „Не верувај им на дпмнејците“ Read More »

„Вреди“: ДУИ преку началникот на СВР Тетово врши притисок во 6-та изборна единица


 Седат Сулејмани од изборниот штаб на коалицијата „Вреди“ денеска ја обвини ДУИ дека преку началникот на СВР Тетово врши насилство и притисок во 6. изборна единица. -Криминалците и корумпираните на власт последниве денови го користат секој механизам за притисок врз граѓаните кои не ги поддржуваат или не излегуваат на собирите на ДУИ и нивниот Фронт. …

„Вреди“: ДУИ преку началникот на СВР Тетово врши притисок во 6-та изборна единица Read More »

Османи: Покрај државен консензус за ЕУ, потребен е и економски државен консензус


Нашата економија е жртва на постојаните циклични политички кризи на поларизацијата, на чувството на секоја политичка партија дека од нив почнува економијата, од нив почнува државата, а бидејќи влегуваме во период на преговори со ЕУ, државата мора покрај државен консензус за ЕУ, да постигнеме и економски државен консензус по однос на општите параметри, смета претседателскиот …

Османи: Покрај државен консензус за ЕУ, потребен е и економски државен консензус Read More »

ВМРО-ДПМНЕ престанува со нападите кон Левица и ЗНАМ, објави Мицкоски


  Лидерот на опозицијата вечерва направи чекор, кој беше јасен некое време, но е објавен официјално. На првиот митинг од парламентарната кампања во Охрид Христијан Мицкоски објави дека ВМРО-ДПМНЕ ги запира сите напади спрема Левица и ЗНАМ во обид да ги привлече кон опозицискиот блок за да се порази власта. „Мојата прва иницијатива за обезбедување …

ВМРО-ДПМНЕ престанува со нападите кон Левица и ЗНАМ, објави Мицкоски Read More »

„Нека ѝ служи на чест“: Пендаровски за тврдењата на Силјановска за средби со нарко-босови


  На вечерашниот митинг во Кочани кандидатот за претседател Стево Пендаровски одговори и на прозивките од противкандидатката Гордана Силјановска-Давкова за негови наводни средби со криминалци и нарко-босови. „Јас сум последниот човек во Македонија за кој можеш да помислиш дека се дружи со нарко босови. Но, знам некои од нејзиното најблиско опкружување кои се криминалци уште …

„Нека ѝ служи на чест“: Пендаровски за тврдењата на Силјановска за средби со нарко-босови Read More »

СДСМ од Гевгелија: Покажавме како се работи на создавање општество на еднакви можности за сите


Единствено СДСМ и Коалицијата за европска иднина се единствена опција со единствен јасен план за интеграција на државата во ЕУ. Од друга страна нашите политички конкуренти, ВМРО – ДПМНЕ, ниту имаат план, ниту имаат визија, ниту имаат одлучност, ниту пак имаат волја нешто да направат во тој дел, истакна лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски на …

СДСМ од Гевгелија: Покажавме како се работи на создавање општество на еднакви можности за сите Read More »

СДСМ со порака „Нема откажување од иднината“: Членството во ЕУ е единствениот пат


Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска на почетокот на кампањата за парламентарните избори порача дека главен фокус на партијата и на коалицијата за претстојните избори останува членството во Европската унија бидејќи тоа е единствениот пат за подобра иднина на нашите семејства. Во обраќањето пред сопартијците и претставници на коалицијата, како и на кандидатите за пратеници, …

СДСМ со порака „Нема откажување од иднината“: Членството во ЕУ е единствениот пат Read More »

Мицкоски најавува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе води позитивна кампања


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Охрид на првиот ден од предизборната кампања за парламентарните избори, порача дека партијата ќе води позитивна кампања, кампања на проекти, на надеж, и како што посочи, „кампања што ќе ја врати довербата на граѓаните во институциите“. „После шест и пол години урнисување, криминал, понижувања, грабеж на институциите, …

Мицкоски најавува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе води позитивна кампања Read More »

Димитриевски на средби со кумановци


  Кандидатот за претседател од движењето ЗНАМ Максим Димитриевски и носителот на пратеничката листа од ИЕ 2,  Даниел Стојчевски денеска одржаа прес-конференција во Куманово, на која кажаа дека граѓаните сакаат промена и нова енергија. „Тие бараат промени и бараат да се стави крај на сето ова што се случува, особено во делот на борбата против …

Димитриевски на средби со кумановци Read More »

Пендаровски ќе достави претставка за говор на омраза од Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ


  На актуелниот претседател кој се бори за втор мандат, Стево Пендаровски, изгледа му дојде преку глава да ги слуша постојаните омаловажувања, па и навреди од говорниците на митинзите што ги одржува ВМРО-ДПМНЕ и нивната претседателска кандидатка Гордана Силјановска-Давкова, па реши да достави претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Во соопштението од …

Пендаровски ќе достави претставка за говор на омраза од Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ Read More »

„Европскиот фронт“ одржа симулациска седница на новото Собрание, функциите ги поделија меѓу себе


  На првиот ден од кампањата за паралемнтарните избори, „Европскиот фронт“, на чие чело е ДУИ, направи симулација на конститутивната седница на новото Собрание. Конститутивната седница на Собранието ја отвори претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Во своето кусо излагање тој рече дека Демократската унија за интеграција направила суштинска анализа и со своите раководни тела и …

„Европскиот фронт“ одржа симулациска седница на новото Собрание, функциите ги поделија меѓу себе Read More »

Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот


 Во вторниците 23 април и 7 мај, т.е. деновите пред одржувањето на изборите во државава, наставата во училиштата ќе се реализира вообичаено согласно распоредот, а училиштата во кои утредента ќе се организира гласање ќе работат од 7 до 11 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија односно класови, соопшти Министерството за образование и наука. …

Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот Read More »