СДСМ: Еве што остана од Расадник по менаџирањето на Данела Арсовска


На денешната прес конференција, СДСМ Скопје побара од Данела Арсовска да и објасни на јавноста каде е имотот што го стекнала како менаџер во претпријатија за кои тврди дека успешно ги менаџирала и каде е имотот од нејзините семејни фирми од Расадник, стекнат по катастрофално менаџирање на скопската сала која пропаѓа. „ Данела Арсовска со […]

Данела: Заев да ми се извини и да даде оставка


Кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, го повика премиерот Зоран заев да си даде оставка во понеделник ако СДСМ го изгуби Скопје.  -Вашата оставка нека биде првото ветување што сте го дале, а сте го исполниле. Затоа, драги мои скопјани, драги мои сограѓани да му помогнеме да си замине. Да ја започнеме промената во […]

Герасимовски: Ве повикувам да ја потврдиме победата за Центар да продолжи напред


Секој ден по еден час за средби со грашани ќе одвојува Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на центар од СДСМ.  „Понудивме прецизни проекти и решенија за клучните проблеми во општината со конкретни датуми за реализација. Од другата страна понудата е листа на желби и програма која нема допир со реалноста и вашите проблеми. Имам решенија […]

Шилегов: Паднаа маските, а не мнозинството во Советот


Маските паднаа, а не мнозинството во Советот на Град Скопје, смета кандидатот и актуелен градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, по вчерашната објава на опозицискиот блок дека советниците на Левица, Алијанса и Алтернатива се приклучиле на оние од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје. Еве ги одговорите на Шилегов на две прашања на „Независен“ околу најавеното […]

Шилегов: Скопје мора да продолжи напред заради новите паркови, велопатеки и почистиот воздух


Во своето вечерашно обраќање пред граѓаните во скопската општина Карпош, кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, побара поддршката за вториот круг потсетувајќи на многуте реализирани проекти од градската зелена агенда. „Се сеќавате ли дека во 2017 година главна тема на изборите беше аерозагадувањето. Сега бројките покажуваат далеку почист воздух. Почнавме војна со загадувањето со […]

Данела Арсовска: Името не го давам


Кандидатката за градоначалник Данела Арсовска вечерва во интервјуто за Канал 5 ги отфрли повторно тврдењата на СДСМ дека има бугарски пасош, но по еден обид да избегне одговор, мораше да потврди дека датумот за раѓање што стои на документите што ги објави СДСМ, а се издадени од Бугарија, е ист со нејзиниот. Таа се обиде […]

Мицкоски имал сон дека тој е надежта на Македонија


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на предизборниот митинг во Скопје порача дека филозофијата на надеж е онаа што ги натерала партизаните да веруваат и да се борат за тоа во што веруваат и да ја создадат оваа држава исто како што ние денес говориме да создадеме нова иднина. -Надежта на лекарите кои се борат […]

Заев очекува пресврт во вториот круг


Очекуваме пресврт во вториот круг на локалните избори и мобилизација на прогресивното демократско гласачко тело, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев, денеска во интервју за Канал 5 Телевизија.   Сега сме обединети, здружени, партиите од Коалицијата, но и албанските политички партии кои ни се во централната коалиција на парламентарно и владино ниво и очекуваме граѓаните […]

Градоначалниците на Гази Баба и на Кисела Вода се откажаа од службени возила


Градоначалниците на Гази Баба и на Кисела Вода кои на изборите победија во прв круг, денеска соопштија дека се откажуваат од косиртење службено возило, а тоа го ставаат на располагање на администрацијата. Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, нема да користи службен автомобил и се откажува од средствата за репрезентација, информираат од општината. Тој […]

Заев: Видовте како работи Влада што не ги дели луѓето


 Народе мој, видовте како работи Влада која не ги дели луѓето. После 20 години, прашањата од Охридскиот договор се целосно спроведени. Нема веќе изговори. Доста беше „повеќе за оваа страна, помалку за другата страна”. Се гради секаде, силно, од двете страни на Вардар. А над Вардар градиме мостови, ваши, наши, на сите, заеднички. Нема повеќе […]

СДСМ: Мнозинството во Советот на Град Скопје не е завршена работа


Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева порача денес дека објавеното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје преку соработка соп Левица – не е заврпшена работа и може да се смени.    -Денес се потврди само дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица се едно исто, нешто што одамна го зборувавме. Што се однесува до […]

И сопругот на Данела Арсовска има бугарска лична карта, објави СДСМ


Не само Арсовска, туку и целото нејзино семејство има бугарско државјанство, објави денеска СДСМ, продолжувајжи ја сторијата за „бугарските врски“ на кандидатката за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, објави денеска документи според кои, освен Арсовска, бугарска лична карта има и нејзиниот сопруг Ангел Арсовски. Таа оцени дека […]

Демократскиот сојуз со цврста поддршка за Шилегов


Демократскиот сојуз денеска објави дека му дава безрезервна поддршка на кандидатот за градоначалник на Скопје Петре Шилегов и на останатите кандидати на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, предводена од СДСМ. Според генералниот секретар на партијата, Зоран Димитровски, „изборната кампања пред вториот круг е многу заострена, со голема жестина во настапите, нереални ветувања, меѓусебни обвинувања и […]

ВМРО-ДПМНЕ и Левица влегоа во коалиција во Советот на Скопје


Соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Левица се официјализира во Советот на град Скопје откако двете партии објавија дека опозицијата сега ќе има мнозинство во него. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Маја Митева, на денешната прес-конференција соопшти: „Ја информираме јавноста дека парламентарната опозиција во македонското собрание има апсолутно мнозинство во Советот на Град Скопје со 24 советници од вкупниот […]

Распишан тендерот за системот за јавен транспорт Бас рапид транзит


Денеска бил распишан тендерот за изградба на системот за јавен транспорт во Скопје наречен бас рапид транзит, најави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. – Со гордост можам да кажам дека денес е објавен тендерот за реализација на Бас Рапид Tранзит системот. Со ова правиме крупен чекор напред кон изведба на современ, еколошки, брз и ефикасен […]

ДИК од Битола презеде 1,6 милиони избирачки ливчиња за вториот изборен круг


Државната изборна комисија утрово од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола го презеде доверливиот избирачки материјал што ќе биде користен во вториот круг од Локалните избори. Државната изборна комисија за вториот круг ангажира над 400 лица за техничка поддршка на избирачките места и надминување на проблеми од употребата на апаратите за отпечаток од прст, изјави Александар […]

Скопје ќе го има првиот аквапарк во регионот


Скопје заслужува објекти кои ќе го вратат на вистинската патека. Скопје и скопјани заслужуваат вистински објекти со кои ќе се гордеат, во кои вистински ќе уживаат и за кои ќе раскажуваат на идните поколенија со истиот восхит како кога биле тогаш направени. Затоа Скопје ќе го има првиот градски јавен аквариум со капацитет и квалитет […]

Заев: Да не дозволиме да скршенеме од патот на напредокот


Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев вечерва од Демир Капија ги повика граѓаните на 31 октомври да го заокружат бројот 12. -На 31 октомври треба да го потврдиме напредокот, Демир Капија и сите други општини да продолжат напред, да не ризикуваме да скршнеме од патот и да се вратиме назад, а напред продолжуваме со […]

Заев: Пензиите ќе растат колку и платите


 Општина Росоман ќе остане прогресивна општина, обединета која ќе го зграпчи убавото кое доаѓа пред нас, европската иднина и економскиот развој. Вие граѓаните во Општина Росоман, знаете многу добро, разликата меѓу СДСМ и ВМРО  е огромна, како небо и земја. Водиме 200 гласа во првиот изборен круг, а во вториот круг ќе ги победиме со […]

Мицкоски: Што знае Заев што е милијарда?


Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот мини митинг во Злетово во Општина Пробиштип, каде што се промовираше кандидатот за градоначалник, Маријан Миленковски порача дека од актуелната власт ќе загубат, но како што рече, барем да се повлечат достоинствено. Посочи дека  последните денови гледа невидена црна кампања и пропаганда која само ја потврдува паниката во редови на СДСМ.  […]