Во Куманово излезноста 4,25 проценти, во Старо Нагоричане 7, 61 отсто


Во Куманово, до девет часот излезноста 4,25 проценти, според Државната изборна комисија од обработени 93 проценти од податоците од избирачки места. -Тековно се спроведува гласањето во Куманово, соопшти претседателката на ОИК, Бранкица Димковиќ. Право на глас во најголемата општина во државата имаат 93 986 избирачи кои гласаат на 167 места. Во Општината Старо Нагоричане, право на глас […]

ДИК: До 9 часот илезеноста на изборите 5,25 отсто


На сите избирачки места почна гласањето на време. Имаше технички проблеми на неколку избирачки места во Скопје и на неколку избирачки места низ земјава. Сите тие проблеми сега се решени и гласањето продолжува. Таму каде беше прекинато гласањето повеќе од еден час, ќе продолжи за толку колку што е прекинато, соопшти на денешната прес-конференција претседателот […]

Првичните резултати од локалните избори ДИК треба да ги соопшти во рок од 12 часа


Државната изборна комисија (ДИК) првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. Општинските изборни комисии првичните резултати од изборите треба ги објават во рок од 7 […]

Отворена бесплатна телефонска линија во ДИК – 0800 555 44


Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе има отворен бесплатен телефонски број 0800 555 44 за пријавување евентуални изборни неправилности и повреди на гласачкото право. Сите заинтересирани граѓани можат да се јават или да остават коментар до ДИК заедно со своите податоци за контакт за да добијат одговор на поставеното прашање. И оваа година во однос […]

ЈО ќе следи евентуални нерегуларности на изборниот процес


Јавното обвинителство на Република Северна Македонија продолжува во континуитет да ги следи случувањата поврзани со изборниот процес, преку формираната привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори. Денеска […]

Скопјани гласаат за градоначалник на Скопје и на општините Карпош, Чаир, Центар и Шуто Оризари


Во вториот круг од локалните избори се гласа и за избор на градоначалник на Градот Скопје и на скопските општини Центар, Карпош, Чаир и Шуто Оризари. На ниво на Град Скопје запишани во Избирачкиот список, според податоците од веб страната на Државната изборна комисија, се 467.373 гласачи на 685 избирачки места. Во Центар запишани во […]

Отворени избирачките места, се гласа во 44 општини, на 2481 избирачко место


Гласање за градоначалници на вториот круг од Локалните избори ќе има во 44 општини , со право на глас имаат 1 353 990 избирачи, на 2481 избирачко место, вклучувајќи го и Градот Скопје и започнува во 07:00 часот и ќе трае до 19:00 часот. Право на глас има секое лице што е запишано во изводот […]

За вториот изборен круг акредитирани 1598 набљудувачи, новинари и преведувачи


За вториот круг од Локалните избори 2021 акредитирани се вкупно 1598 домашни и странски набљудувачи, новинари и преведувачи. Нивниот број е поголем за 347 во споредба со првиот круг кога беа акредитирани 1251. Од домашните најбројни се од Граѓанската асоцијација АКСИОС 2017 и од Здружението ЦИВИЛ, а останатите се од Центар за слобода Скопје, Здружението […]

Пред гласање задолжителна проверка со отпечаток од прст


Првпат на Локалните избори 2021 во процесот на гласање се применуваат уреди за биометриска идентификација на гласачите. За потребите на 3480 избирачки одбори ДИК од германската компанија „Дермалог“ набави 4000 терминали. Со уредот за биометриска идентификација на гласачите управуваат само претседателот или заменик претседателот на Избирачкиот одбор кои ќе имаат посебни картички што се дел […]

Се гласа од 7 до 19 часот


Гласањето на локалните избори започнува во 7:00 часот и трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа. Во 19:00 часот гласачките места се затвораат. На избирачите затекнати во објектот каде што се гласа им […]

ДИК: Ден пред изборите гласаа 6.710 болни, немоќни, лица со Ковид-19 и затвореници


 Правото на глас, денеска на ден пред изборите, го искористија 6.710 од вкупно пријавените 7.645 болни и немоќни, лица со Ковид-19, затвореници и лица во установите за вонсемејно згрижување, соопшти ДИК. На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право од запишани 1.409 гласачи го остварија 943 гласачи. Во своите домови како болни или немоќни од пријавени 5.588, […]

Без проблеми минува гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците


Гласањето на вториот круг од Локалните избори на болните и немоќните, лицата со Ковид-19, затворениците и лицата во страските домови минува непречено и без проблеми, информира денеска на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугучевска. На еден ден пред вториот круг од локланите избори односно денеска своето право на глас можат да го […]

Втор изборен круг – гласаат болните, затворениците и лицата во изолација


Ден пред одржувањето на вториот круг за локалните избори, гласаат лицата во изолација, болните и немоќни лица, како и притворениците и затворениците. Денешното гласањето на болните и немоќните ќе го спроведуваат избирачките одбори, додека за гласањето на лицата со ковид-19 и во изолација се формирани посебни избирачки одбори составени од медицински лица. Утре, пак, во […]

Почна изборниот молк


Заврши изборната кампања во која партиите и коалициите ја претставуваа својата понуда пред граѓаните, и на полноќ почна молкот пред неделниот втор круг од Локалните избори. Правилата за изборен молк важат од 30 октомври, заклучно со 19:00 часот на 31 октомври. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека за време на молкот, медиумите продолжуваат […]

Шилегов остро го демантира Апасиев: „Мојот син нема деловен простор во ‘Ист гејт’


  Откако лидерот на Левица, Димитар Апасиев објави дека синот на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, наводно имал деловен простор од 350 квадрати во новоотворениот трговски центар „Ист гејт“, кандидатот на СДСМ се јави со остар демант:  „За разлика од противкандидатката, јас веднаш отворено и експлицитно демантирам. Лажните вести нема да ви пројдат на овие […]

ДУИ со поддршка за Шилегов: „Скопје стана град за сите“


Теута Арифи во Тетово, Шилегов во Скопје, порача портпаролот на Демократската Унија за Интеграција, Бујар Османи на на денешната прес-конференција. Османи изјави дека изборниот процес во првиот круг е еден од најуспешните, не само поради постигнатиот резултат на ДУИ, туку пред се поради успехот и големата поддршка за зелената агенда за развојот на општините и […]

Арсовска: Шуто Оризари ќе се развива рамномерно како сите останати скопски општини


На последниот ден од изборниот циклус за вториот круг локални избори за градоначалник на Град Скопје, кандидатката Данела Арсовска се сретна со жителите од Шуто Оризари и најави асфалтирани и безбедни улици и соодветна комунална инфраструктура за општината.  „Во текот на целата изборна кампања, посетив многу места, остварив средби со жители од сите скопски општини. […]

Интервју со Петре Шилегов: Скопје мора да продолжи напред


Скопјани отсекогаш имале развиено чувство за квалитетен живот за сите оние кои тука го изградиле својот дом и затоа Скопје ќе продолжи напред, по зацртаниот пат од пред четири години, вели во разговорот за „Независен“ градоначалникот Петре Шилегов. Тој е убеден дека граѓаните имаат донесено одлука да ја поддржат визијата што ја застапува тој.   […]

Борба против нелојалната конкуренција, им вети Арсовска на пазарџиите


Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска одржа средба со претставници од Комората на трговци од групацијата пазарџии од Бит Пазар, на која што детално се дискутираше за предизвиците со кои што пазарџиите од територијата на Град Скопје се соочуваат при извршување на нивната дејност. Како главни проблеми, претставниците ги истакнаа нелојалната […]