СДСМ во фотофиниш победи во Демир Капија


До пристигнувањето на гласовите од последното избирачко место, според податоците од ДИК, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Капија Андон Донев беше во водство од неколку десетици гласови. Но кога стигнаа гласовите од последното избирачко место победата му припадна на Лазар Петров од СДСМ со разлика од само 34 гласови. Соодносот на гласовите е 1.320 на […]

Јакимовски прогласи победа во Карпош


Стевчо Јакимовски како кандидат од Гром, а поддржан од ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Карпош. Иако гласовите не се добројани од општинската изборна комисија, тој смета дека е новиот градоначалник на општината. „Во оваа изборна кампања морам да кажам дека се однесував витешки, излегував и кажував кои се решенијата на проблемите на Карпош и која е […]

Димитриевски се подготвува за прослава на кумановскиот плоштад


Независниот кандидат Максим Димитриевски повика на прослава на кумановскиот плоштад и веќе слави во својот изборен штаб повикувајќи се на резултати од набљудувачите. Дел од медиумите јавуваат дека неговиот противкандидат Оливер Илиевски ја потврдил победата на Димитриевски.  На социјалните медиуми се појавија и фотографии од атмосферата во штабот на Димитриевски, каде се спремаат за славење.

Спасовски: Важно обележје на овие избори е што граѓаните на дело го покажаа партнерскиот однос со полицијата


 Граѓаните покажаа дека демократијата станува дел од културата на нашето граѓанско општество, дел од нашите животи. Уште едно важно обележје на овие избори, во текот на целиот изборен процес е што граѓаните на дело го покажаа партнерскиот однос со македонската полиција, порача вечерва министерот за внтарешни работи Оливер Спасовски по завршувањето на вториот круг од […]

До основните јавни обвинителства пристигнале мал број пријави за изборни нерегуларности


Во вториот круг од локалните избори до Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела при изборниот процес при Јавното обвинителство и до обвинителствата пристигнале релативно мал број пријави и известувања за нерегуларности на изборниот процес, изјави претседателот на Комисијата, јавниот обвинител Џељал Бајрами, додавајќи дека по сите пријави се оформени […]

ВМРО-ДПМНЕ пред победа во Скопје, Битола и Охрид, ДУИ го изгуби Тетово


Ацо Ристов од Радовиш, Тони Коњановски од Битола и Кирил Пецаков од Охрид се нови градоначалници според извори од ВМРО-ДПМНЕ. Тие имаат значајно водство. Во Куманово води Максим Димитровски пред Оливер Илиевски  од СДСМ кој го призна поразот, во Карпош победа веќе прогласи Стевчо Јакимовски,  додека во Центар предност има Горан Герасимовски.  Во Град Скопје […]

ДИК почна да објавува резултати


На страницата на Државната изборна комисија почнаа да се појавуваат првите резултати. Од скопските општини, може да се видат резултатите за Карпош и Центар, каде за градоначалници се тркаат Стевчо Јакимовски од ГРОМ и Душко Весковски од СДСМ, како и Горан Герасимовски од СДСМ и Наташа Котлар од ВМРО-ДПМНЕ.  Резултати може да се следат уште […]

Во Карпош, Центар и Чаир одѕивот поголем отколку во првиот круг


Со исклучок на Шуто Оризари, во останатите скопски општини каде што денеска се гласаше за градоначалник во вториот круг од локалните избори, излезноста е поголема во однос на првиот круг. Според податоците на ДИК од обработени 98,04 проценти избирачки места, до 18:30 часот, најголем е одѕивот во Карпош 53,50 отсто, што е за 3,72 проценти […]

ВМРО-ДПМНЕ верува дека ќе победи во сите општини


ВМРО-ДПМНЕ веднаш по затворањето на избирачките места излезе со оценка дека зголемената излезност на гласачите е знак дека „стравот го замениле со храброст“ и дека со оглед на тоа очекуваат победа во Скопје и во сите општини. Според портпаролката Марија Митева излезноста е порака дека граѓаните се решиле за промени, но дека се уште е […]

Мицкоски: Ќе победат промените


– Mислам дека неправилностите што ги имавме деновиве и злоупотребата на државните институции ќе имаат спротивен ефект и дека денеска ќе победи новата иднина, ќе победи надежта, ќе победат проектите, ќе победат промените – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако го оствари своето право на глас. Мицкоски во изјавата најпрво упати честитки до граѓаните […]

Заврши гласањето за вториот круг, уште два часа продолжено во неколку избирачки места


Гласањето на вториот круг од локалните избори, што денеска се одржува во 44 општини и Град Скопје, заврши во 19 часот. Според претседателот на ДИК, Александар Даштевски, гласањето во просек по два часа продолжува во неколку избирачки места, затоа што во текот на денот било прекинато. Излезноста до 18.30 часот е 48,88 отсто, соопшти Даштевски. […]

Во Скопје, најголема излезност во Карпош, најниска во Сарај


Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска на прес-конференцијата во ДИК соопшти дека на ниво на Град Скопје од 89, 93 отсто обработени избирачки места односно 616, на гласање излегле 39, 99 отсто од гласачите. Гугучевска ја соопшти и излезноста во некои од скопските општини – Аеродром 42,37 отсто, во Бутел 36, 65 отсто, Гази Баба 38,18 […]

Партиски набљудувач бил спречен да влезе на избирачко место во Сарај


Во село Бојане, општина Сарај бил истепан набљудувач на опозициска албанска партија од активисти на двете најголеми владејачки партии.Според изворите на некои  медиуми, во Бојане е прекинато гласањето. За инцидентот од МВР велат дека околу 16 часот било пријавено дека на избирачко место во с.Бојане, Сарај набљудувач Р.Д. сакал да влезе на избирачко место, но […]

До 17 часот гласале 42,35 отсто од гласачите


Излезноста во вториот круг до 17 часот е за речиси 2 отсто повисока од првиот круг на локалните избори. Како што соопшти ДИК, според 83,29 отсто од обработените податоци одѕивот до 17 часот на ниво на држава е 42,85 проценти. Во првиот изборен круг, во истиот временски интервал таа изнесуваше 40,98 отсто.Најмногу гласачи до 17 […]

ЦИВИЛ: Зголемена нетрпеливост кон набљудувачите


Групно или семејно гласање (во Бутел на избирачкото место 2919/1 и во Куманово на избирачките места 1017/1 и 1042), агитирање за гласање, пеење народни песни на избирачко место, гласно изговарање на имињата на гласачите. Ова се само некои од неправилностите во текот на вториот изборен круг што ги регистрира ЦИВИЛ денеска до 14 часот. ЦИВИЛ […]

До 15 часот гласале 34,22 отсто од гласачите-најголема излезност во Карпош- 38 отсто, најмала во Сарај-16 отсто


До 15 часот гласале 34,22 отсто од гласачите со право на глас во вториот круг. За споредба во првиот круг пред две недели излезноста до 15 часот беше 31, 47 отсто. Општини со најголема излезност и натаму се Вевчани 66,54 отсто, Ранковце 60,15, Демир Капија 58,18, Конче 58,1, Демир Хисар 55,3, Пехчево 52,93, Дебар 51,48, […]

МВР: Нема посериозни нарушувања на изборниот процес


Сектор за односи со јавност и протокол До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски. „ По отворањето на гласачките места до 11.00 часот регистрираме два настани […]

Даштевски: Мирен изборен ден, излезноста до 13 часот е 24,87 отсто


Излезноста на гласачите  на вториот круг од Локалните избори до 13 часот е 24,87 отсто. Гласале 269 674 гласачи, што значи дека излезноста е поголема од минатиот прв круг во ова време, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски. Тој информира дека по општини, во Вевчани на гласање излегле 52,46 […]

Одзивот поголем од првиот круг и во општините што избраа градоначалник


Излезноста до 11 часот изнесува 14,18 отсто од вкупниот број на запишани избирачи во Избирачкиот список за општините каде се гласа, односно на гласање излегле 160.035 гласачи, изјави на втората прес – конференција на Државната изборна комисија претседателот Александар Даштевски. Најмала е излезноста во Сарај и во Боговиње. Во неколку избирачки места имало прекини на […]

Од утрово висока излезност во Битола, двојно повеќе од првиот круг


БИТОЛА – Битолчани од утрово излегуваат помасовно на гласање, за разлика од првиот круг на локалните избори. Според ОИК ако во првиот круг до 9 часот излезноста била над 4,5 проценти, денеска е над 7 проценти. Во во овој круг на гласање не се евидентирани проблеми со системот за гласање. -Во 7 часот ги отворивме […]