Бугарската лична карта на Арсовска постои и е валидна


Даниела Арсовска, жената од бугарската лична карта што денеска ја презентираше СДСМ тврдејќи дека тоа е Данела Арсовска, кандидатката за скопска градоначалничка, има право на глас во Петрич, каде што е жителка. Тоа го покажува електронскиот увид во избирачкиот список на Бугарија што го направи „360 степени“, според објавените податоци/фотографии од страна на владејачката партија. […]

СДСМ: Максим Димитриевски е инсталација на ВМРО-ДПМНЕ


В недела на локалните избори во Куманово има само еден социјалдемократски кандидат – тоа е Оливер Илиевски. Максим Димитриевски,кој лажно се претставува како социјадемократ, е инсталација, кукавичко јајце подметнато од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 30 години сонува да победи во Куманово. И самиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за првиот круг јавно кажа дека од партијата не добил […]

Алијансата за Албанците тврди дека сметките за улично осветлување завршувале кај Мерко


Алијанса за Албанците ги известила Јавното обвинителство и Финансиска полиција дека трансакции oд милиони евра за улично осветлување на Струга всушност се слеваат на сметки на актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат Рамиз Мерко и на Армен Кадриу. На прес-конференција Идри Истрефи од партијата нагласи дека станува збор за корупциски скандал од големи размери […]

Стојкоски ја презеде градоначалничката функција: Вработените ќе бидат во служба на граѓаните


Со добивањето на уверението од страна на Општинската изборна комисија, новиот градоначалник Александар Стојкоски го презеде и кабинетот.    Претходно, уверенијата ги добија и избраните советниците. Градоначалникот Стојкоски, посочи дека со неговиот влез во Општината, сите жители гарантирано ќе гледаат само развој, модернизација и најважно, решавање на нивните проблем.  „Вработените во Општината, од денеска се во […]

Костадинов ја презеде функцијата градоначалник на Струмица


Формално ја презедов градоначалничката функција од Коста Јаневски, кому искрено му благодарам за поддршката и соработката. Свесен сум дека од мене како градоначалник на Струмица се очекува градот и општината да одат напред. Тоа што е создадено да се одржи и развие, но и да се проектира и создаде многу ново. Јас сум подготвен, истакна […]

Бугарски „Труд“: Бугарка вербално линчувана во Скопје


Бугарскиот весник „Труд“ објавува денес дека „Бугарка е вербално линчувана во Скопје“, анализирајќи го случајот со кандидатката за градоначалник Данела Арсовска, која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. „Дали е лошо да си Бугарин во Македонија? Од тонот и сугестиите на официјалната прес-конференција на владејачката партија СДСМ на Зоран Заев во Северна Македонија, тоа е лоша работа“, […]

Арсовска: Не поседувам бугарско државјанство и никогаш не сум го носела името Даниела


Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска денес ги негираше тврдењата дека е бугарски државјанин. „Јас во целост ги негирав овие наводи и морам да кажам дека не само скопјани, туку и цела Македонија знае и верува дека луѓето кои што ги продадоа македонските национални интереси сега, два дена пред изборите излегуваат со наводи […]

Времено ангажираните во скопските јавни претпријатија ќе добијат траен работен однос


За „чаршиските муабети“ дека ВМРО-ДПМНЕ и АА веќе ги делат јавните скопски препријатија доколку кандидатката Данела Арсовска стане градоначалник на Скопје, актуелниот градоначалник на градот и кандидат на СДСМ за нов мандат, Петре Шилегов вели дека тоа се луѓе кои што немаат грижа за градот. -Тие гледаат на Скопје како политички плен, а не како […]

Кампања до политичко истребување за градската фотелја


Освен бугарскиот пасош и бугарската лична карта, СДСМ објави денес бројни документи од кои се гледа менаџерскиот капацитет на кандидатката за градоначалник Данела Арсовска, имотната состојба и направените долгови. Од ВМРО-ДПМНЕ пак возвратија со исто толку долг список за наводна злоупотреба од актуелниот градоначалник во врска со концертот на Дино Мерлин.    „Почесната конзулка на […]

СДСМ објави и бугарска лична карта на Данела Арсовска


На денешната прес-конференција на Славјанка Петровска од СДСМ објави  фотографија од личната карта на Данела Арсовска издадена во Бугарија. Од фотографијата се гледа дека е издадена во 2017 година, непосредно по крвавите настани во македонскиот Парламент. -Личната карта е издадена на 5-ти мај 2017 година, само една недела после крвавиот 27-ми април и упадот во […]

Шилегов: „Дрисла“ ќе стане модерен центар за преработка на отпад


Скопската депонија „Дрисла“ ќе премине во модерен центар за преработка на отпад по светски стандарди, со што повеќе нема да го загрозува здравјето на скопјани, најави денеска кандидатот и актуелен градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Тој потсети дека скопската депонија „Дрисла“ беше извор на загадување, каде што се гореше и складираше опасен отпад, а нејзината […]

Вицепремиерот Димитров јавно застана зад Шилегов


Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска на неговиот фејсбук-профил наведе дека во недела, на вториот круг од локалните избори, ќе го поддржи актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат за уште еден мандат Петре Шилегов. Тој истовремено порачува дека лекцијата од првиот круг Локални избори е оти мора да се работи […]

Среде избори ДИК ги смени изборните правила


Измената на Упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња што вчера ја донесе ДИК, само пет дена пред вториот круг од локалните избори може да биде вовед во хаос. ДИК соопшти дека ги известила и ги задолжила избирачките одбори задолжително да постапуваат според членот 109 став (2) и да ставаат печат на секое гласачко ливче, […]

Заев очекува од Данела Арсовска да се повлече


Како и многу други, така и јас поминувам низ тешки периоди. Целта на наративот дека ја ставам на коцка мојата лична кариера поврзано со Скопје е да повикам на одговорност на граѓаните, пред себе, пред татковината. Изборите профилираат правец на движење на државата. Дома кога седиме ништо не помагаме, напротив одмагаме. Тогаш не е јасно […]

МВР: ВМРО-ДПМНЕ шири невистини за притисоци од полицијата


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР ги изврши потребните проверки по наводите изнесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за планирано физичко малтретирање од страна на полициски службеници вработени во ОВР Прилеп, при што констатира дека во ПС Прилеп, Помошниот оперативен штаб и Републичкиот оперативен штаб локални избори 2021 нема регистрирано пријава […]

Весковски планира Центар за стручна помош и поддршка на децата со попреченост


Во основните училишта и градинките на територија на Општина Карпош се вклучени вкупно 99 деца со попреченост на возраст од 2 до 10 години, што е само 19% од вкупниот број на деца со попреченост или одредени развојни потешкотии кои живеат во нашата општина. Бидејќи сите истражувања поврзани со раниот детски развој потврдуваат дека искуството […]

ДИК против Изборниот законик: Ќе важат и гласачките ливчиња без печат


  Неочекувано, Државната изборна комисија денеска на седницата донела одлука за измена на уптството за важечки и неважечки ливчиња која е целосно спротивна на одредбата што стои во Изборниот законик. Според оваа одредба, на секое избирачко ливче мора да има печат. Сега членовите на ДИК едногласно (но без присуство на Кренар Лега кој е претставник […]

Кондовски ја има поддршката од НСДП и битолскиот огранок на ДУИ


Христо Кондовски, кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ, ја има поддршката на партијата НСДП како и на битолскиот огранок на ДУИ. Христо Кондовски ја има целосната поддршка од нас како партија, за кандидат за градоначалник на Битола, порача претседателот на НСДП Тито Петковски по средбата со Кондовски.  „Сакам да ја искажам нашата поддршка за […]

Ана Петровска: Не сум рекла да не се гласа за Шилегов


Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Ана Петровска, вечерва ги демантираше пишувањата на некои интернет портали дека наводно рекла да не се гласа за Петре Шилегов во вториот круг на локалните избори. Еве го нејзиното соопштение: „Одредени интернет портали објавија текстови со наслов ‘Ана Петровска: Не гласајте за Шилегов’, што е неточно пренесување на изјавата […]

Бегањето од дебати на Арсовска е навредливо за скопјани, вели Шилегов


Шилегов вечерва на интервју на Телма се осврна зошто и понатаму Арсовска бега од дебати. „Врвот на демократијата е всушност дебатата. Ние сме тука заради публиката, не заради нас самите. Ова мене ме потсетува на некои други времиња. Круна на демократијата е дебатата меѓу противкандидатите“ објасни Шилегов. На прашањето дали планира да ѝ се извини на Арсовска за наводната негативна кампања, Шилегов додаде: […]