Ана Петровска: Не сум рекла да не се гласа за Шилегов
Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Ана Петровска, вечерва ги демантираше пишувањата на некои интернет портали дека наводно рекла да не се гласа за Петре Шилегов во вториот круг на локалните избори.
Еве го нејзиното соопштение:
„Одредени интернет портали објавија текстови со наслов ‘Ана Петровска: Не гласајте за Шилегов’, што е неточно пренесување на изјавата од моето гостување на ТВ24.
Како и претходно, јас се оградив од мое поврзување со некоја од големите партии и истакнав дека не поддржувам ниту еден кандидат, односно приоритет е застапување на зелените вредности во Советот на Градот Скопје.
Секој граѓанин треба да гласа слободно и по сопствено убедување“.