Израелка го тужи сопругот зашто купил четири телевизори да го гледа СП


Жителка на Израел го тужи својот сопруг поради тоа што во пресрет на фудбалскиот Мундијал во Русија, купил четири нови телевизори. Израелецот сака на „раат“ и со големо внимание да ги следи натпреварите и и се заканил на сопругата доколку се обиде да го спречи во тоа. Од друга страна, жената не сака нејзиниот стан […]

Повредени вработени на бензинска во Скопје откако пукнал вентил од плински резервоар


Двајца вработени на бензинска пумпа на ул. „Индира Ганди“ во Скопје синоќа се пренесени на скопските клиники откако вдишале гас при обид да затворат сигурносен вентил од плински резервоар, кој пукнал и од него истекла голема количина плин. Како што информира Министерството за внатрешни работи, случаен минувач синоќа во 23:50 часот пријавил дека на бензинска […]

Дваесет и седум повредени во сообраќајки за викендот во Скопје


Дваесет и седум лица се повредени од кои две потешко во 15 сообраќајки што се случиле за време на викендот на подрачјето на Скопје. Во седум сообраќајни незгоди причинета е материјална штета. Побрзо од дозволената брзина возеле 200 возачи, а 82 возеле под дејство на алколхол. Исклучени од сообраќај се и 68 возачи пред да […]

Пронајдено мртво момче во објект во изградба во Скопје


Мртвото тело на В.Ц. (29) од село Кошари, Крива Паланка, е пронајдено во објект во изградба на улицата „Љубљанска“ во Скопје. Како што соопшти МВР, случајот е пријавен вчера во 14:30 часот во Полициската станица Карпош од страна на Итната медицинска помош. В.Ц. бил вработен во фирмата која изведувала градежни работи на објектот, а починал […]

Пронајдено тело во распаѓање: 27-годишниот кичевчанец бил пријавен за исчезнат


По добиена информација за пронајдено тело во распаѓање над с. Бигор Доленци, кичевско, надлежен јавен обвинител и екипи од Министерството за внатрешни работи вчера попладне започнаа со увид на лице место. Починатиот е пронајден во непристапен терен кој оневозможуваше транспорт на телото во текот на ноќта. По обезбедување на телото, утринава со помош на хеликоптер […]

Кривична пријава против струмичанец за обид за силување малолетничка


СВР Струмица поднесе кривична пријава против струмичанецот М.К. (41) поради основи за сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“. Пријавениот завчера околу 10 часот во куќата на С.Д., додека таа не била присутна, се обидел да изврши други полови дејствија врз нејзината малолетна ќерка. Девојчето давало активен отпор, по што пријавениот избегал.

Почина работник, откако врз него паднала плоча


С.Д. (64) од кумановското село Тромеѓа, починал утрово откако врз него паднала плоча, додека работел на приватна куќа на ул. „Никола Спасиќ“ во Куманово. Како што соопшти МВР, настанот се случил претпладнето околу 09.00 часот. – С.Д. со возило на Итна медицинсла помош бил пренесен во Медицински центар Куманово, а од таму во Ургентен центар […]

Во Штип пијан возач удрил во тезга, па дошло до тепачка


Пијан возач вчера во Штип удрил во тезга по што дошло до тепачка меѓу предизвикувачот на соообраќајката и двајцата негови сопатници со тезгаџијата и негови двајца роднини. Како што соопшти МВР, сообраќајката била пријавена вчера во 19 часот, а се случила на крстосницата од улиците „Мирче Ацев“ и „Вита Поп Јорданова“ кога 26-годишниот возач под дејство […]

Вработена во обвинителство му праќала документи на сопругот адвокат


Вработена во гевгелиското јавно обвинителство преку „Вибер“ му испраќала документи од обвинителството кои биле службена тајна на својот сопруг адвокат кои му требале за предметите што ги води. Таа работела во казнено-правното одделение на ова обвинителство како помлад јавнообвинителски соработник за казнено право. Документите ги праќала во периодот од средината на 2017 година до 23 […]

Кривична пријава за вработена во Обвинителството во Гевгелија


Секторот за внатрешни работи Струмица-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство во Гевгелија, поднесе кривична пријава против гевгеличанката Е.С. (34) , поради постоење на основано сомневање дека сторила кривично дело „Оддавање службена тајна“. Како што изјави Тони Божиков, самостоен инспектор при СВР Срумица, осомничената Е.С. на адвокатот му давала кривични пријави, службени […]

Татко и син приведени во полиција, превезувале дрва за огрев без документ


Татко и син од гостиварско Чегране, вчера биле лишени од слобода, откако при контрола на теренско возило, полицајци откриле дрва за огрев. Според СВР Тетово, полициски службеници вчера во периодот од 12 до 14:30, на спореден пат во близина селото Форино забележале и запреле патничко возило „Опел фронтера“ со странски регистерски таблици. Возилото го управувал […]

Момче од Скопје починало додека играло фудбал


Дваесет и четиригодишно момче синоќа починало во скопската населба „11-ти Октомври“ откако му се слошило додека играл фудбал. Полицијата денеска соопшти дека синоќа околу 19:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на игралиштето во населбата „11-ти Октомври“, додека Д.К.(24) од Скопје играл фудбал, му се слошило, по што паднал на игралиштето […]

Сообраќајка во Скопје: Потешко повредено единаесетгодишно дете


Единаесетгодишно дете е потешко повредено, откако било удрено од автомобил во Скопје. Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера околу 13:30 часот било пријавено дека на улица „Втора Македонска Бригада“ патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од А.Х.(57) од Скопје удрил во детето. Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди […]

Зголемен бројот на сообраќајки, намален бројот на загинати и тешко повредени лица во Tетовско


Ниту една жртва и едно тешко повредено лице се дел од последиците во вкупно 77 сообраќајни несреќи што во текот на мај се случиле на тетовското подрачје, информираа од СВР Тетово. Иако бројката на сообраќајки е за 10 случаи повеќе во однос на истиот период лани тогаш имало еден загинат и шест тешко повредени лица. […]

Нападнато 13-годишно момче во Скопје


Тринаесетгодишно момче синоќа било нападнато на улицата „Методија Андонов-Ченто“ во Скопје, на автобуска постојка. Како што соопшти МВР, случајот во полиција синоќа го пријавил И.С. (43), таткото на детето. Неговиот син додека чекал автобус бил физички нападнат од непознато лице на возраст од 15 до 18 години, кое било со уште три други лица. Потоа сторителите го напуштиле […]

Физички нападната жена во автомобил од својот пријател


Вчера во 21:40 часот од Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека кај нив билa донесенa повреденa Е.С.(33).Со неа бил извршен разговор во кој изјавила дека истиот ден околу 20 часот на паркинг во Скопје, додека била во нејзиното возило заедно со нејзиниот пријател С.Т.(46), во еден […]

Децата од училиштето „Иднина“ добија специјализиран автобус


Штитениците од Основното училиште за деца со посебни потреби „Иднина“ од Скопје денеска добија нов автобус соодветно опремен и прилагоден, кој ќе се користи за нивен транспорт од домовите до училиштето. Автобусот е донација од Ротари Клуб Скопје – Центар, со што во голема мерка ќе се олесни секојдневниот живот на штитенците, а дополнително се […]

(ФОТО) Возило превртено кај студентскиот дом „Гоце Делчев“, едно лице повредено


Сообраќајна несреќа се случи утрово во близина на студентскиот дом „Гоце Делчев“. Возилото марка „Даеву Матиз“ од засега непознати причини се превртело при што повреден е возачот. Итната медицинска помош интервенирала веднаш и лицето е префрлено во скопскиот Ургентен центар. Како што соопшти полицијата, во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни […]

Тетовскиот „рамбо“ настрада по пет години бегство


Јетнон Реџепи викан Лапи (38) од тетовско Ларце настрада вчераутро во престрелка со полицијата во близина на неговиот дом. Тој пет години беше во бегство откако не се врати од штипскиот затвор, од каде што беше пуштен на слободен викенд. Таму ја издржуваше 12-годишната затворска казна поради убиство, но во неговото досие има уште еден […]

Престрелка во тетовско, едно лице убиено


Во тетовското село Ларце, рано утринава припадници на Министерството за внатрешни работи по претходно изготвен план, презеле мерки и активности за лишување од слобода на Ј.Р. (38) од истото село, кој бил баран по меѓународна и централни потерници за издржување вкупна казна затвор во траење од 26 години и 10 месеци. МВР наведува дека станувало […]