Тепачка за паркинг-место во Штип


Кривична пријава против  Д.Е.(32) од Штип, за сторено  кривично дело „насилство“. Според информациите од МВР, по вербална расправија за паркинг-место, пријавениот почнал да удира по стаклото од возилото на М.Д. (21) од Штип по што физички го нападнал нанесувајќи му телесни повреди.

Притоа кога М.Д. побарал помош од присутните граѓани, пријавениот со рачка од секира замавнал кон него, но оштетениот успеал да ги избегне ударите“, соопшти МВР.