Таксист истепал патник во Скопје


Синоќа во полициската станица Аеродром 24-годишен гевеличанец пријавил дека во текот на вечерта на скопскиот булевар Трета македонска бригада физички бил нападнат од такси-возач од непозната такси-компанија.

Според пријавителот, тој претходно се возел во такси-возило марка „форд“ на релација од Зелен пазар до Ново Лисиче. На наведената локација му рекол на таксистот да застане, а откако посочил дека сметката е голема, му дал повеќе пари и излегол од возилото, при што ја треснал вратата од автомобилот.

По тоа, такси возачот излегол и физички го нападнал. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.