Кривична за директорот на „Комуналец“ во Демир Хисар


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар поднесе кривична пријава  против П.Н.(47) од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

На 13.03.2017 година пријавениот, како директор  на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“-Демир Хисар, спротивно на Изборниот законик, објавил јавен оглас за прием на еден извршител  на работно место „работник за собирање отпад“, по што на 29.03.2017 извршил избор за прием и изготвил решение за распоредување на вработеното лице.