Киднапиран скопјанец за долг на пари


Маж на 45-годишна возраст од Скопје повеќе од 24 часа бил киднапиран од непознати лица во стан во општина „Ѓорче Петров“, за наводен долг на пари. Киднапираниот искористил момент на невнимание на грабнувачите и побегнал. Како што соопшти МВР, вчера во 10  часот во Полициската станица Ѓорче Петров, А.К. од Скопје  пријавил дека од 19 јуни 2018 […]

Претепале таксист дека не ги пуштил да запалат цигари


Такси возач од Скопје вчера на „Партизанска“ бил нападнат со боксови по глава, а добил и удар со шише од двајца патници откако не им дозволил да запалат цигара во автомобилот. Напаѓачите побегнале, а на таксистот му била укажана лекарска помош. Како што е наведено во полицискиот билтен, во Секторот за внатрешни работи Скопје, Ч.И.(40) […]

Изгоре куќа во пожар во Куманово


Куќа изгоре во пожар кој вчера околу пладне избувнал на ул. „Доне Божинов“ во Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи. Во 12:20 четворица пожарникари со едно возило по претходно добиена пријава излегле на терен и го изгаснале пожарот, а нивната интервенција траела до 12:55 часот. Причините за пожарот и материјалната штета допрва […]

Во Радовиш се санираат штетите од вчерашното невреме


Во Радовиш се санираат штетите од вчерашното невреме што го зафати градот и населените места. Силниот дожд, кој врнеше неполн час и надојдените води предизивикаа оштетувања на повеќе улици во градот, оштетени се покриви на куќи, поплавени е еден угостителски објект и има наноси на повеќе сообраќајници во градот. Според градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов, […]

(ФОТО) Камион и автомобил се судрија кај Градско


Камион и автомобил се судрија претпладнево на патот Прилеп – Скопје после Градско. Увид на местото на несреќата врши сообраќајната полицијата. Заега нема информации за повредени и за причините за сообраќајката. Сообраќајот на патниот правец се одвива со потешкотии, но без прекин.   фото:МИА

Маж се обидел да силува девојче во Виница


Непознато лице се обидело да силува 16-годишна девојка во атарот на виничко село додека таа ги напасувала овците. Девојчето успеало да се ослободи и побегнало кон семејната куќа, информира МВР. Случајот вчера во полициска станица во Виница го пријавила нејзината 36-годишна мајка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Девојче тешко повредено по удар од автомобил во Скопје


Петнаесетгодишно девојче од Скопје кое управувало велосипед ноќеска половина час по полноќ е потешко повредена, откако била удрена од автомобил. Несреќата се случила на крстосницата од булеварите „Србија“, „Видое Смилевски – Бато“ и „Јане Сандански“. Патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.К. (24) од Скопје, удрило во 15-годишното девојче. Таа се здобила […]

УХМР: Не се очекува излевање на реките поради најавените врнежи


Најавените поројни дождови не се очекува да предизвикаат излевање на поголемите реки, а кај помалите реки и суводолици можно е брзо зголемување на водостојот и локални излевања доколку има силни интензивни врнежи. Во градските средини доколку нестабилноста биде во форма на невреме со дожд, град и ветер можно е слевање на водата по градските улици […]

МВР: Демонстрантите сакаат насилно да влезат во Собранието


Во текот на вчерашниот јавен собир во Скопје, пред зградата на Собранието, дел од демонстрантите, од кои голем број маскирани, насилно ја турнаа заштитната ограда и се обиделе да влезат во Собранието, соопштуваат од Министерството за внатрешни раобти. „Почнаа со фрлање на камења и пиротехнички средства и други предмети кон зградата на Собранието и полицискиот […]

Момче повредено во сообраќајка во тетовско


Петнаесетгодишно момче од тетовско Јегуновце е повредено кога возилото во кое се превезувал како сопатник излетало од патот. Момчето поради сериозноста на повредите е пренесено во Ургентиот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, откако му е укажана лекарска помош во Клиничката болница во Тетово. Полицијата денеска соопшти дека несреќата се случила во два […]

Кривична пријава за деветмина од Агенцијата за филм


Деветмина вработени во Агенцијата за филм, меѓу кои и поранешните директори Мими Ѓорѓиевска-Илиевска (46) и Дарко Башевски (54) се осомничени дека со сторена злоупотреба на службената положба и овластување го оштетиле државниот државниот буџет за повеќе од 600.000 евра. Со пријавата, што скопската полиција веќе ја поднело до Основното јавно обвинителство, освен двајцата споменати се […]

Скопјанец повреден откако бил нападнат од непознати лица


Непознати лица вчера нападнале 66-годишен скопјанец и притоа му го оштетиле возилото.  Во полицискиот билтен се наведува дека инцидентот се случил вчера околу 14 часот на улицата „Шуто Оризари“ кога Р.А (66) додека бил во неговото возило „Пежо 308“ заедно со сопругата Џ.А. (55) и ќерката Н.А (29). Се преземаат мерки за целосно расчистување на […]

Пронајден штитеникот од „Ранка Милановиќ“ кој исчезна во понеделникот


Дванаесетгодишниот штитеник на домот „Ранка Милановиќ“ кој исчезна во понеделникот, е пронајден вчера на улицата „Васко Карангелески“. Штитеникот, како што соопшти денеска МВР, во 15:30 часот е вратен во Домот.

Повредени повеќе лица во сообраќајка на патот Прилеп-Битола


Повеќе лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случила попладнево околу 16 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола кај Тополчани, велат, според првични  информации, од Секторот за внатрешни работи Битола. Во несреќата  учестувувале три возила. Магистралниот пат е затворен за сообраќај и е пренасочен по стариот пат Прилеп-Битола

Приведени десетмина на протестот: Маскирани со фантомки фрлале шишиња по полицијата


Полицијата информира дека за време на вчерашниот протест приведени се десет лица кои биле маскирани со фантомки фрлале шишиња и шипки кон зградата на Собранието и кон полициските службеници. Протестот се одржуваше од 19.30 до 23.00 часот на улица „11-ти Октомври“ во Скопје, пред Собрание на Република Македонија. „За време на собирот, во 20.30 часот, […]

Кривична пријава против струмичанец кој не вратил изнајмено возило


Кривична пријава е поднесена против 22-годишен жител на Струмица кој изнајмил возило од рент-а-кар агенција и не го вратил. Пријавата е поднесена против Н.П. за „затајување“. Тој на  18 февруари изнајмил „фиат 500” и според договорот требало да го врати на 20 февруари. Откако истекол рокот за враќање, тој не го вратил возилото, ниту пак одговарал на […]

При претрес во кафеана во гостиварско пронајдени кеси со остатоци од прашкаста материја


При претрес на угостителски објект во гостиварското село Неготино ноќеска се пронајдени девет најлонски ќесички со остатоци од прашкаста материја и една чинија со траги од истата материја. Министерството за внатрешни работи соопшти дека врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Гостивар и Полициското одделение Галате извршиле претрес во угостителски објект во […]

Вработен во обложувалница во Кочани „затаил“ околу милион денари дневен промет


Во полицијата е пријавено кривично дело „затајување“ извршено од вработен во спортска обложувалница во Кочани. Според пријавата, на 4-ти месецов работникот во обложувалницата паричните средства од дневниот промет во износ од 967.611 денари, наместо да ги уплати на сметка на друштвото ги затаил. Наредниот ден не ги отворил обложувалниците и не ги предал во владение […]

Хуманитарна помош по повод Рамазан Бајрам, „Љубов секому, омраза никому“


Над илјада пакети со храна и лекови за лицата од социјален ризик донираше германската организација Humanity first во Кочани, Виница, Куманово, Пехчево и Берово. Организацијата работи под покровителство на Ахмадија муслиманската заедница која во Македонија е присутна веќе дваесетина години, а има свое седиште во Пехчево. Помошта е обезбедена од сопствените фондови, а ги помагаат […]

Павел, Рамче и Дамјан добија нов живот, се отвора мал групен дом во Неготино


Деветгодишниот Павел, шест години постариот Рамче и 11 годишниот Дамјан со интелектуална попреченост кои досега престојуваа во Специјалниот завод во Демир Капија почнуваат нов живот. Се отвора мал групен дом во Неготино. Домот сместен во поранешните простории на Центарот за социјални работи, денеска го посетија министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заедно со претставници […]