Пожар зафати делчевско возило во Кавадарци


Пожар зафати делчевско возило вечерва на улицата „Шишка“, во близина на болницата во Кавадарци. Од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци информираат дека се работи за возило „форд ескорт“.

– По дојава од полицијата, бевме на лице место со две возила и четворица пожарникари. Успеавме да спречиме поголема катастрофа, огнот не се прошири на околните возила и објекти, велат од противпожарната служба.