Загинал работник во Струшко


Работник од Албанија загинал во Струшко кога вез него паднало дрво. Според полицијата, вчера околу 12:50 часот е пријавено дека на место викано Гропа, во атарот на струшкото село Франгово, загинал Б.Х.(36) од Република Албанија.

Додека собирал дрва, на него паднало дрво. Од ударот се здобил со повреди во пределот на главата, по што неговите другари го однеле во село Мали Влај, каде од страна на медицинска екипа бил направен обид за реанимација, но не покажувал знаци на живот. Подоцна во Медицинскиот центар Струга била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.