Жител на Баница истепал продавачка оти не добил пиво


Жител на струмичкото село Баница вчера нападнал продавачка зашто не му дала пиво на одложено плаќање. Револтиран физички го нападнал и нејзиниот сопруга, а потоа со уште неклку лица ја демолирале продавницата. МВР соопшти дека Л.В. (33) од с.Баница синоќа пријавила дека околу 16.00 часот, додека работела во продавница, дошол К.Р. (20) и физички ја […]

Во дом на скопјанец пронајдени 33 стебла канабис


Кривична пријава заработи дваесет и шестгодишен скопјанец за производство и трговија со дрога. При претрес во неговиот дом биле пронајдени 33 расадници канабис и над половина килограм марихуана. Како што соопшти МВР Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство–Скопје против М.К. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично […]

Дваесетгодишна девојка од Тетовско киднапирана и претепана


Дваесетгодишна девојка од Тетовско вчера била киднапирана и претепана од две лица, соопшти МВР. Л.А. од тетовското село Копанце вчера во 16:45 часот пријавила дека околу 10:45 часот во Тетово, додека била во еден трговски маркет од страна на Н.А. од Дреновец и уште едно непознато лице насилно била внесена во возило. Напаѓачите потоа ја […]

Ограбен поштар, му земале 6.500 евра


Поштар од село Копаница денеска бил ограбен од две маскирани лица пред ресторан во село Глумово. Ограбувачите со закана со пиштол му одзеле 400.000 денари. Како што соопшти МВР, ограбувачите околу 9 часот пред ресторанот со патничко моторно возило „Голф 4“ со непознати регистарски ознаки и со закана со пиштол од поштарот Е.И.(53) ги одзеле парите […]

Полицијата пронајде мигранти во напуштено возило во село Речица


 Полицијата пронајде пет Пакистанци и Индиец во автомобил што по бегство од полицијата бил оставен од возачот на влезот на село Речица. На регионалниот пат село Речица – село Ваксинце ноќеска во 00:50 часот полициски службеници дале знак за сопирање на патничко моторно возило „Опел Синдра“, но автомобилот не запрел и се упатил кон село […]

Многу ученици во земјава се соочуваат со дислексија


Здружението за дислексија АЈНШТАЈН денеска го организираше завршниот настан од проектот „Не сум чуден, само имам дислексија!“, на кој беа презентирани резултатите од истражувањето за степенот на информираност на наставниот кадар во основните училишта во четири општини во Градот Скопје на темата дислексија. Според резултатите од анкетата, спроведена меѓу наставници од 33 основни училишта од […]

Жителите на Радиовце и Жеровјане на протест против загадувањето


Жителите од селата Радиовце и Жеровјане денеска протестираа против дивата депониjа што се наоѓа во близина на нивните села која често пати гори, а непријатната миризба и чадот завршуваат во нивните домови. Тие бараат од општините Боговиње и Брвеница, веднаш да ја дислоцираат депонијата во спротивно ќе протестираат секој ден и ќе почнат да блокираат […]

Кривични против три лица во Прилеп поради измама околу регистрација на возило


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против три лица од Прилеп осомничени за поднесување лажни докази и употреба на исправи со фалсификувани содржини. Кривични се поднесени против Ј.Н. (42) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „поднесување на лажни докази“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, против […]

Угостителите да ги почитуваат законите, апелира полицијата


Кумановската полиција и секторот за инспекциски надзор и животна средина денеска на средба со угостителите и станбените домари од Куманово потсетија на почитување на законските одредби во пресрет на летниот период кога во Куманово е зголемена фрекфенција на луѓе. Командирот на полициската станица од општина Куманово, Игор Митевски рече дека состанокот има цел да ги […]

Двајца повредени во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола


Двe лица се полесно повредени во сообраќајната несреќа што се случила денеска околу 13 часот на патот Прилеп-Битола во близина на Прилеп. Повредените се префрлени на лекување во прилепската градска болница. Според Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола несреќата се случила околу 13 часот. – Од засега непознати причини патничкото возило марка „Хјундаи акцент“ со […]

Маж во ресторан во Скопје претепан од четири лица


Маж бил претепан вчера од четири лица по вербална расправија во ресторан во Скопје. Лицето В.С.(49) од Скопје како гостин во ресторан по вербална расправија со келнерот З.С.(35) физички бил нападнат од него, како и од три лица надвор од ресторанот. Инцидентот се случил вчера во 17:15 часот во ресторан на улица „Македонија“. Се преземаат мерки за […]

Кривична пријава против едно лице поради трговија со дрога


СВР Битола поднесе кривична пријава против едно лице, осомничено за троговија со дрога. Кривична е поднесена против А.Т. (34) од село Трново, битолско, поради постоење основано сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. При претрес на пријавениот во делот Трново, извршен на 29 мај пронајдени […]

Внука го ограбила дедото, му одзела акт-чанта со 65.000 евра


Внука ја ограбила куќата на својот дедо на улицата „Јордан Џурнов“ во Велес и одзела акт-ташна со 65.000 евра и разновидна документација. Настанот вчера во СВР Велес го пријавил С.М. (68) кој посочил дека во периодот од 18. до 30 мај годинава непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа. Како што информира МВР, сторителот преку […]

Изгоре куќа во Ресен


Ресенчанецот В.Т. ноќеска во пожар ја изгубил својата куќа. Полицијата соопшти дека на 31 мај во 2:00 часот на ул. „Кузман Јосифовски“ во Ресен, од засега непознати причини, настанал пожар во куќата сопственост на В.Т. Во пожарот куќата целосно изгорела. Во 3:00 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Ресен. Се преземаат […]

„Пежо“ излетало од патот во близина на Плетвар


На патот Градско – Прилеп во близина на Плетвар околу 18 часот од засега непознати причини патничко возило „пежо“ излетало од патот и се превртило. Во него биле двајца патници од Штип кои се здобиле со полесни повреди, информира Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола. Увид на местото на сообраќајката направила прилепската полиција. Сообраќајот се одвива нормално.

Телото на планинарот Петков донесено во Гевгелија


Телото на починатиот доктор Георге Петков по десeт дена од неговата смрт на Хималаите, денеска беше донесено во Гевгелија. Петков почина на 20 мај во обид да се искачи највисокиот врв во светот Монт Еверест, како член на меѓународната експедиција „Еверест 2018“. Според информацијата од директорот на Гевгелиската општа болница, доктор Митко Крџев, утре во 12 […]

Намалување на бројот на сторители на кривични дела во 2017 година


 Дражавниот завод за статистика бележи намалување на бројот на пријавените полнолетни лица, познати сторители на кривични дела, за 10,6 проценти во 2017 година во однос на претходната 2016 година. Според ДЗС, во 2017 година, во споредба со 2016 година, бројот на осудените полнолетни лица е намален за 23.2  отсто, а бројот на обвинетите лица, исто така, е […]

Продолжуваат контролите од полицијата на мотоциклистите во Полошко


Вкупно 43 прекршоци од мотоциклисти биле откриени од полицијата при вчерашните контроли спроведени во тетовско – гостиварскиот регион, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Тој кажа дека ктивноста била дел од планираните акциски контроли и била спроведена во периодот од 15 до 20 часот. Во тетовските контролни активности откриени се вкупно 22 прекршоци кои […]

Жена во Аеродром нападната од куче скитник


Скопјанка се здобила со скршеница на рака, при пад на тротоар откако била нападната и бутната од куче-скитник. Како што соопштија од МВР, вчера во Полициската станица Аеродром Л.Е.(52) пријавила дека истиот ден околу 14 часот додека шетала на булеварот „АСНОМ“ била нападната и бутната од страна на куче-скитник и при падот се здобила со […]

Триесет дневен притвор за дилер на кокаин


Триесет дневен притвор заработи жител на село Трново Битолско, поради продажба на кокаин и лекот „Омепразол“ на нарко зависници од Битола. Како што соопштија од Основното јавно обвинителство Битола осомничениот во неговиот дом неовластено, заради продажба, држел осум пластични паковки од лек „Омепразол”, како и вкупно 78 најлонски паковки со вкупна нето маса од 51,48 […]