Еден загинат кај Дабиле


Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила во 13.50 часот на патот Струмица-Берово, на излез од селото Дабиле, потврдија од МВР за МИА. Според првичните информации автомобилот излетал од патот и удрил во бетонски столб. Полицијата врши увид на местото на несреќата.