Девојче паднало од балкон од куќа во гостиварска Долна Бањица


Тринаесетгодишно девојче синоќа паднало од балкон на вториот кат од куќа во гостиварска Долна Бањица, информираат од СВР Тетово. При падот, девојчето се здобило со повреди на телото и било пренесено во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од полициската станица во Гостивар. Се работи на расчистување на случајот.

Во сообраќајка загина тракторист


Во средата, во 18.55 часот на регионалниот пат Струга-Дебар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило и трактор, при што загина 48-годишен тракторист. Имено се судриле „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Н.Ќ.(56) од село Г.Лакочереј, охридско, и трактор без регистарски ознаки, управуван од М.Ф.(48) од село Велешта, Струшко. Во незгодата М.Ф. се […]

Изминатото деноноќие 10 сообраќајки во Скопје, пешак тешко повреден


Еден пешак се здобил со тешки телесни повреди, а седум лица со лесни телесни повреди во седум сообраќајни незгоди од вкупно 10 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета. Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила еден возач кој управувал возило под […]

„Талир 2“ влегува во судница со старата обвинителка


„Талир 2“, случај кој го отвори СЈО за нелегалната изградба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, денеска влегува во судница откако сите предмети од СЈО преминаа во надлежност на редовното јавно обвинителство. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вчера ѝ го доделил предметот на обвинителката што го водеше, Ленче Ристоска. Се очекува до крајот на неделата да им […]

Таксист од Кавадарци нападнал негов колега од Неготино


Таксист од Кавадарци нападнал негов колега од Неготино. Неготинецот се здобил со повреди. Оваа информација за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. -На  улица „Мaршал Тито“ во Неготино утрово бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од страна на 53- годишник од Кавадарци. Тој управувал кавадаречко такси возило и нападнал […]

Продолжен притворот за Јанева за уште 30 дена


Кривичниот суд денеска ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева за уште 30 дена. Таа се наоѓа во притвор во истражниот затвор Скопје и сегашната мерка притвор ѝ истекува в петок. -Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција […]

Вчерашната трагедија: Машиновозачот на возот кочел и почнал да свири, но човекот не можел да ја избегне несреќата


По железничката несреќа што се случи синоќа околу 22 часот на пругата помеѓу станиците Лисиче и Скопје, а во која животот го загуби едно лице, од Железници на РСМ Транспорт денеска изразија сочувство до семејството на загинатиот триесет и едногодишен скопјанец и апелираа до граѓаните за почитување на собраќајните правила. – Иако машиновозачот на возот […]

Kумановец шест години предавал математика со фалсификувана диплома


Кумановската полиција поднесе кривична пријава до основното јавно обвинителство за „фалсификување исправа“ против кумановец кој шест години предавал математика во основното училиште „Бајрам Шабани“, информираше денеска СВР Куманово. -СВР Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против 51-годишниот С.З. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по член 378, став 3 […]

Со мотор паднал во Вардар кај мостот „Близнак“


Во средата во 20.30 часот, на кејот на реката Вардар, во близина на мостот „Близнаци“, М.М.(28) од Скопје, управувајќи мотоцикл „БМВ“, изгубил контрола и паднал во реката. М.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од […]

Воз прегази 31- годишен скопјанец на пругата кај бул. Србија


Триесет и едногодишен скопјанец починал откако во него синоќа удрил воз додека се движел на пругата пред надвозникот на бул. „Србија“ во Скопје, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи. Во СВР Скопје синоќа во 2 часот било пријавено дека на железничката пруга пред надвозникот на бул.„Србија“, воз кој сообраќал на релација Битола – Скопје […]

Фетаи: Борбата за правда продолжува


„Борбата за правда продолжува“ кажа кусо обвинителката Фатиме Фетаи на влегување во Кривичниот суд каде претпладнево треба да се одржи ново рочиште за предметот Монструм, што го водеше СЈО. Фетаи, заедно со нејзиниот колега од СЈО, а сега од ОЈО Гаврил Бубевски, беа овластени од државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски и натаму да го застапуваат […]

Се бара продолжување на притворот за Јанева


Обвинителството за организиран криминал и корупција бара Катица Јанева и понатаму да остане во притвор, поради што денеска до судот испратиле предлог за продолжување на мерката. Обвинителката Вилма Русковска продолжувањето на притворот го бара поради два основи и тоа опасност од бегство и опасноста да влијае врз сведоци или да уништи докази. Обвинителството се откажа […]

Ново рочиште за „Монструм“ со старите обвинители Фетаи и Бубевски


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, „Монструм“ на СЈО. Судијата Огнен Ставрев минатото рочиште го одложи поради состојбата со Специјалното обвинителство, за која рече дека се надева оти за неколку дена ќе биде јасна и […]

Во Драч запленети 11 кг хероин


 Во албанскиот пристанишен град Драч запленети се 11 килограми хероин во автомобил на лице по потекло  од Косово, а живеело во Швајцарија. -Дрогата е открена при контрола на втората линија за контрола на возила во автомобл марка „опел“ сопственост на А.С.(50)од Косово а кој живеел во Швајцарија. Возилото било модифцирано во Косово, каде бил направен посебен […]

Се истражува случај на проституција на 14-годишно девојче од Штип


Во врска со наводите во некои медиуми за вклученост  на 14-годишното девојче од Штип во мрежа на малолетничка проституција во земјава и во една земја во странство, началникот на Одделението за информации од јавен карактер во  МВР Сузана Праниќ за МИА рече дека  работат на случајот, но во интерес на истрагата не можат да соопштат детали. […]

Мајка ја продала својата ќерка на макроа за да исплати долгови


Мајка ја продала својата 14 годишна ќерка на макроа за да се проституира. Причината била враќање на долгови. Како што објави ТВ Стар, 14-годишна скопјанка три години била во ланецот на присилната проституција. Нејзината биолошка мајка ја продала на макро во Шведскa каде тогаш 11 годишното дете  сексуално опслужувало по неколку клиенти дневно. По неколку […]

Починал маж на Клиниката за токсикологија- бил донесен во тешка состојба


Непознато машко лице синоќа пристигнало на Клиниката за токсикологија во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што починало, соопшти МВР. Според пријавеното, лицето во клиниката дошло во тешка состојба и по кратко време починало. Извршен бил увид. Се работи на расчистување на случајот.

Изгоре куќа во Велес, нема повредени


Изгоре куќа во пожар што избувна претпладне во 10 часот на улица „Јовче Чучук“ бр. 40 во месноста Јурија во Велес, но нема повредени лица. Станарите навреме ја напуштиле куќата. Екипите на Територијалната противпожарната единици од Велес го локализирале пожарот околу 11 часот и спречиле да се прошири на соседните куќи. Во гаснењето на пожарот […]

Одложено второто судење за несреќата кај Ласкарци


Судењето за големата несреќа кај Ласкарци со автобусот на Дусрмо турс се одложи. Наредното рочиште е закажано за 15 октомври, бидејќи еден од обвинетите Рамзи Мифтари, кој е шеф на возниот парк, има закажано операција. Доколку Мифтари не се појави на наредното судење, тогаш постапката ќе се раздвои. Според обвинението, Мифтари го поставил апаратот кој […]

ЈО поднесе обвинение за ќерката која ја задави мајка си во Карпош


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 46 годишна жена која ја задави мајка си во скопски Карпош, за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата по расправија ноќта меѓу 1 и 2 август, при вршење семејно насилство, со насилно […]