Тинејџери се превртеле со автомобили


Во неделата, во 11.20 часот кај село Слупчане, Општина Липково, Ј.Д.(19) од село Алашевце, Општина Липково, управувајќи патничко моторно возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, излетал од патот и се превртел.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Истиот ден, во 16.10 часот на автопатот „Миладиновци-Штип“, кај клучка за село Преод, патнички автомобил „голф“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(19) од Скопје изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.

Во незгодата возачот се здобил со телесни повреди, а сопатникот А.С.(19) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди и биле пренесени во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Свети Николе.