На иста улица во Скопје нападнати двајца малолетници


  Во две одвоени пријави, МВР регистрира дека во центарот на Скопје биле нападнати двајца малолетници. Имено, ноќеска, половина час по почлноќ С.Ј.(42) од Скопје пријавила дека во неделата околу 23 часот на ул.„Народен фронт“ нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од В.Г. и уште неколку лица. Се работи на расчистување на случајот. Во 3.50 […]

Инцидент кај старата градска болница во Скопје, интервенирала и полицијата


Во близина на болницата за хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје вечерва дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на членови на семејства при претходно случена сообраќајна незгода во која според првичните сознанија било удрено дете, изјавија за МИА  од Министерството за внатрешни работи. Екипи на МВР се излезени на лице […]

Тешко повреден жител на Шишево во синоќешното невреме


Ј.С. (53) од скопското село Шишево синоќа бил тешко повреден откако врз него паднала металната капија од дворот на куќата. Тој излегол да ја затвори, но поради невремето, силниот ветер и обилните врнежи, капијата во еден момент се откачила и го повредила. Како што соопшти МВР, случајот е пријавен вчера во 22:00 часот во Полициското […]

(ВИДЕО) Горат автомобили во скопско Ново Лисиче


Во населбата Ново Лисиче утрово беа запалени неколку автомобили. Засега не се познати причините за пожарот, а нема информации ни за евентуално повредени граѓани. Околу 9.10 часот утрово во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „АСНОМ“ на паркинг имало целосно опожарено патничко возило, потврдуваат од МВР и додаваат дека нема повредени. – Од страна […]

Полицијата откри 94 мигранти во камион на патот Радовиш – Штип


Полициски службеници од СВР Штип синоќа при контрола на регионалниот пат Радовиш – Штип откриле 94 мигранти кои биле превозувани во товарно моторно возило. Возачот на товарното возило и неговиот сопатник побегнале, а полицијата трага по нив. Мигрантите се од Сирија, Авганистан, Ирак и Пакистан и веќе се предадени на полициски службеници од Регионалниот центар […]

Албанската полиција заплeни 32 килограми марихуана чија дестинација била Македонија


Албанската полиција спречи обид за шверц на марихуана која требало да биде префрлена на македонска територија, преку зелениот појас на албанско – македонската граница кај Струга. – По добиените информации по оперативен пат, спречен е обид за шверц на 32 килограми марихуана. Две лица албански државјани со возило требало на илегален начин да преминат на […]

Баба удрена со запрежна кола, момче со автомобил, возачите избегале


Во две одделни сообраќајни незгоди со тешки повреди се здобиле баба на 80-годишна возраст и момче на 24-годишна возраст, додека возачите на возилата избегале по несреќата. Во петокот, во 11.15 часот било пријавено дека во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ со повреди здобиени од сообраќајна незгода била донесена А.Ц.(80) од Скопје. Истиот ден околу 10:45 часот […]

Помагал на екипа на ЕВН, Вардар го однел и него и возилото


  Во четвртокот, во 14.47 часот во СВР Велес било пријавено дека во с.Белештевица, велешко, на место викано „Лавчани“, при обид на С.Н. со трактор да извлече возило во кое се наоѓала екипа на ЕВН, која отстранувала претходно настанат дефект, од надојдена вода С.Н. и возилото на ЕВН биле однесени кон Вардар. При пребарување на […]

Синот го нашол таткото обесен во Скопско, уште еден обесен покрај Вардар


  Во четовртокот, во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во скопско село 27-годишно лице во гаража го пронашло обесен неговиот 51-годишен татко. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. […]

Снаа од Косово избегала со детето од Лојане


Во четвртокот, во 11.30 часот во СВР Куманово, С.Р.(49) од село Лојане, Липково, пријавила дека нејзината снаа А.С.(21) од Р.Косово, со привремен престој во Куманово, се оддалечила од семејната куќа, заедно со нејзиното двегодишно дете. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Албанската полиција на „Блато“ запленети 370 килограми марихуана наменети за Македонија


Албанската полиција доцна вечерва соопшти дека количината на запленетата марихуана на граничниот премин „Блато“ на албанско-македонската граница кај Дебар е многу поголема од количината за која информираа медиумите. – По целосното мерење на запленетата дрога утврдено е дека во камионот кој беше контролиран на преминот „Блато“ откриена е количина од 370 килограми. Дрогата беше откриена […]

Возач насилник предизвика судар кај „Скопјанка“ и избега


Возач насилник влета на крстосницата кај Трговскиот центар „Скопјанка“ додека се движеа возила од спротивниот правец и удри директно во едно од возилата. И додека сопствениците на удреното возило во шок ја проверуваа штетата тој даде гас и одјури покрај нив, практично загрозувајќи им ги и животите. Дрскиот возач управуваше црвено мало возило од постар […]

Дваесет и петгодишен жител на Дебреште извршил обљуба врз малолетно девојче


Основното јавно обвинителство од Прилеп покрена постапка против 25-годишно момче од село Дебреште кое се сомничи дека извршило полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. По предлог на јавен обвинител, на осомничениот му е одреден 30-дневен притвор. Момчето од почетокот на април до 20 јули годинава во атарот на селата Лажани и Дебреште и […]

Кривична против шест полицајци – тепале приведен врзан со лисици


Против шест полициски службеници вработени во СВР Скопје, поради основано сомнение дека на 18 мај годинава сториле кривично дело „малтретирање во вршење служба“ по член 143 од Кривичниот законик, поднесена е кривична пријава од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција […]

Прегазен пешак во Скопје, уште неколкумина повредени во три сообраќајки


  Во три одделни сообраќајни незгоди изминатото деноноќие 71-годишен пешак се здобил со повреди откако на него налетал автомобил, а повредени се уште седуммина во сообраќајки на автопатот Скопје-Тетово и патот Кичево -Охрид. Во средата, во 110 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Климент Охридски“ со ул.„Кирил и Методиј“ во Скопје, […]

Возило излетало од патот и завршило на покривот од воденица во Македонска Каменица


Патничко возило ,,фолксваген” излетало од регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица, при што на влезот во Македонска Каменица оштети угостителски објект предизвикувајки значителна материјална штета. Очевидци велат дека несреќата се случила во текот на вчерашното попладне, при што патничкото возило во кое се наоѓало машко лице, уништило дел од отворен простор на угостителски објект, соборило […]

Во сообраќајка во Грција загинаа седум лица, најверојатно мигранти


На автопатот „Егнатија“, во близина на грчкиот град Александруоли седум лица загинаа, петмина се повредени, откако се превртело украдено возило во кое имало 12 лица, а најверојатно станува збор за нелегални мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека сообраќајката се случила кога возилото, кое што било украдено, излетало од патот, […]

Три години и шест месеци затвор за Панчевски за злоупотребите на АКМИС системот


Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панечвски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, вечерва од страна на Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години и шест месеци затвор. Судијката Валентина Георгиевска, пресудата ја донесе вечерва по завршување на рочиштето кое траше повеќе од десет часа. На обвинетиот Панчевски, во казната […]

Полицијата уапси членка на ИСИС од Скопје


Жена на возраст од 38 години уапсена е денеска во Скопје, под сомнение дека е членка на терористичката организација ИСИС. Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за спречување на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Л.С.(38) од Скопје, […]

Малолетници нашле мртовец во СРЦ Езеро Треска


Во понеделникто, во 14.45 часот во Полициска станица Сарај било пријавено дека во СРЦ Езеро Треска, во близина на напуштени тоалет кабини, од малолетни лица било пронајдено безживотно машко тело. По утврдување на идентитетот било констатирано дека станува збор за Ф.Ј.(46) од с.Никиштани. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото извршила […]