Повеќе тепачки низ државава, настрадуваат и малолетници


Повеќе тепачки низ целата земја, егистрира денеска полицискиот билтен, па така се пријавуваат физички напади и на кжени и малолетници.

Имено, во 2.35 часот по полноќ било пријавено дека во Пробиштип пред хотел, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу С.Т.(30), М.Л.(33) и Н.В.(30) од една страна и Т.А.(21) од друга страна сите од Пробиштип. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 8 часот М.Т.(86) од село Пиперево пријавила дека на улица „Охридска“ во Струмица била физички нападната од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

Во 23.30 часот Б.М. (32) од Радовиш пријавил дека на улица „8-ми Септември“ пред угостителски објект во Радовиш бил физички нападнат од Н.А. и Г.Б. од Радовиш. Се работи на расчистување на случајот.

Во 14.50 часот Р.Г. (39) од Кавадарци, пријавил дека во угостителски објект во Кавадарци бил физички нападнат од Б.В. Се работи на расчистување на случајот.

Ноќеска, 35 минути по полноќ било пријавено дека во Скопје на улица „Македонија“ во угостителски објект А.Х. (21) од Скопје бил физички нападнат од три лица. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 22.40 часот Б.И.(26) од Скопје пријавила дека на улица „Индира Ганди“ нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од А.М.(42). Сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.