Почина маж прегазен со вилушкар


Во саботата во 9 часот било пријавено дека во село Ерџелија, Штипско, во хангар од работна машина-вилушкар управувана од С.А.(54) бил прегазен М.Г.(58) од Свети Николе, кој на пат за Медицинскиот центар Штип починал.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.