Тепачки низ Македонија, најмногу во Прилеп: Синови тепале татковци


 

Повеќе физички пресметки нотира денешниот полициски билтен, при што најмногу од нив се во Прилеп. Имено, татковци пријавиле дека се натепани од синотвите, вработен пријавил ќотек од колеги, сопруг ја нападнал сопругата, а страдаат и малолетници.

Во саботата, во 13.10 часот М.М.(58) во Полициската станица Прилеп пријавил дека на ден претходно, околу 22 часот во обложувалница на ул. „Мирче Ацев“ во Прилеп физички бил нападнат неговиот син Х.М. од А.Т и А.М. двајцата од Прилеп. Се работи на расчистување на случајот.

Истиот ден, во 14.50 часот во Полициската станица Прилеп А.Ќ. (32) од Прилеп пријавил дека околу 12 часот на ул „Васко Карангелески“ бил физички нападнат неговиот син од И.Т. Се работи на расчистување на случајот.

Во 12.45 часот Д.К.(73) од Прилеп пријавил во Полициската станица Прилеп дека истиот ден околу 10.30 часот во билјард клуб лоциран во Градскиот пазар во Прилеп, бил физички нападнат од Л.С. Се работи на расчистување на случајот.

Во 15.10 часот во Полициската станица Прилеп Р.С. (38) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 10.30 часот бил физички нападнат од З.У и З.У. Се работи на расчистување на случајот.

Во 15.30 часот И.Е. (47) од Прилеп пријавила во Полициската станица Прилеп дека истиот ден околу 1 часот на ул “Шар планина“ од непознато лице бил физички нападнат нејзиниот син. Се работи на расчистување на настанот.

Во 10.45 часот било пријавено дека во петокот, околу 17, часот во Скопје додека З.З.(88) од Скопје била со нејзината сосетка А.В.(62) зет на сосетката ја турнал и таа се здобила со тешка телесна повреда констатирана во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се работи на расчистување на случајот.

Во 17.40 часот Т.К.(48) од Скопје пријавил дека на ул.„852“ во круг од фирма каде бил вработен како одговорно лице бил физички нападнат од вработените Р.С.(27) и Р.З.(22) двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во неделата, во 4.50 часот Е.Х.(40) од Скопје, пријавила дека претходниот ден околу 22.30 часот на бул.„Јане Сандански“ нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот.

Во 23.30 часот Е.З.(21) од Штип и пријавил дека во Штип на ул.„Маршал Тито“ пред сендвичара бил физички нападнат од Џ.К.(56) и А.К.(51) двајцата од Штип. Се работи на расчистување на случајот.

Во 1.30 часот било пријавено дека на ул. „Никола Карев“ во Кочани во близина на кафе-бар А.С. од Кочани физички ги нападнал Т.Т. и С.Т. од Кочани. Се работи на расчистување на случајот.