Повредени 10 градежни работници во Куманово


Десет работници се повредени при изведување на градежни активности на локација на улиците „Васко Карангелевски“ и „АВНОЈ“ во Куманово, информираат денеска од Општата болница Куманово, а случајот го потврди и СВР Куманово. Повредените работници се  префрлени во кумановскиот Ургентен центар и од нив двајца, според директорката на болницата Снежана Захариева, се префрлени на Ургентен центар …

Повредени 10 градежни работници во Куманово Read More »

Пет и пол години казна затвор за возачот кој лани на штипскиот булевар прегази средношколец


Штипскиот Основен суд ја донесе пресудата против 69 годишниот Богдан Митевски, кој лани во ноември на пешачки премин пред регионалното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ на булеварот „Гоце Делчев“ го прегази 15 годишниот Мустафа Седат. Пет години и шест месеци е казната затвор за Митевски, кој на судењето пред пет члениот кривичен совет ја признал вината. …

Пет и пол години казна затвор за возачот кој лани на штипскиот булевар прегази средношколец Read More »

Никој не го контролирал Игор Спасов додека се лекувал


Ниту една институција не го контролирала осудениот специјалец Игор Спасов додека бил на слобода, односно додека имал прекин на издржувањето на затворската казна поради здравствени проблеми. Единствено имал обврска секој месец да доставува медицинска документација до судијата за извршување санкции во штипскиот суд, неговиот роден град. Сите институции, сепак, се правдаат дека постапиле законски и, …

Никој не го контролирал Игор Спасов додека се лекувал Read More »

Русковска му се јавила на Мицкоски, не ја исклучува можноста да биде повикан на распит


Обвинителката Вилма Русковска во вчерашното интервју на ТВ 24 рече дека не ја исклучува можноста лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицкоски да биде повикан на распит за случајот „Рекет“. Посочи дека пред Мицкоски да покажува документи за кои тврди дека се од истрагата „Рекет“, таа му се јавила на телефон. – Пред да мавта со тие работи, …

Русковска му се јавила на Мицкоски, не ја исклучува можноста да биде повикан на распит Read More »

Почина затвореник во „Идризово“


Во понеделникот, во 9.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено-поправна установа Идризово починал Е.И.(40) од село Горно Оризари, велешко. Смртта ја констатирал лекар, а телото на починатиот било предадено на обдукција.

Едно загинато и едно потешко повредено лице во сообраќајки во Скопје


Еден возач на трактор загинал, еден возач на мотоцикл е тешко повреден, а девет лица се полесно повредени во шест од вкупно 14 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во седум сообраќајни незгоди е причинета материјална штета. Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, се исклучени седум возачи кои …

Едно загинато и едно потешко повредено лице во сообраќајки во Скопје Read More »

Ахмети-Незири: Какви луѓе се осомничените, дали убиените имаат роднини во полиција


На 4 ноември продолжува судењето за убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година, со читање на СМС комуникација и разговори од „бомбите“, докази предложени од Обвинителството. На денешното рочиште за „Монструм“ во еден од аудио разговорите што беа пуштени, …

Ахмети-Незири: Какви луѓе се осомничените, дали убиените имаат роднини во полиција Read More »

Штипскиот суд издаде согласност за потерница по Игор Спасов на територија на државата


Специјалецот Игор Спасов, кој е осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешковски, од денеска се бара со потерница на територијата на Република Северна Македонија. Портпаролот и судија во Основниот суд во Штип, Јулијана Неткова за МИА информираше дека надлежните од МВР и СВР-Штип ги информирале оти Спасов од петокот до денеска не …

Штипскиот суд издаде согласност за потерница по Игор Спасов на територија на државата Read More »

Приведен тетовец осомничен за предизвикување пожар на Шар Планина


Тетовската полиција лишила од слобода 44-годишник од градот кој на Шар Планина при подготовка да направи скара, запалил оган што се проширил, па изгорела поголема површина сува трева. Според првичните информации од тетовската полиција, тој ќе се соочи со пријава за предизвикување општа опасност што подразбира кривична одговорност. – Во неделата во 13 часот и …

Приведен тетовец осомничен за предизвикување пожар на Шар Планина Read More »

Бајрами – Ахмети за „Монструм“: Извршителите на убиството се професионалци


Убиството на децата и автомобилот од кој има траги на местото на убиството, а е однесен во близина на границата со Косово, покажува дека извршителите се професионалци. Оваа смс комуникација меѓу поранешниот заменик-министер за внатрешни работи, Џељал Бајрами и лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска беше прочитана на рочиштето за „Монструм” за убиството на момчињата …

Бајрами – Ахмети за „Монструм“: Извршителите на убиството се професионалци Read More »

Притвор за три лица од гостиварско поради разбојништво


СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар го расчисти разбојништвото кое на 25 октомври околу 20 часот било извршено врз 48-годишниот српски државјанин Г.С., и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривични пријави против М.Х. (33) и Љ.Х. (27), двајцата од гостиварското село Дебреше и Ш.Ј. (42) од гостиварски Равен. Тројцата пријавени, како …

Притвор за три лица од гостиварско поради разбојништво Read More »

Загина 27-годишно момче од Прилеп


Дваесет и седумгодишниот Б.К. од Прилеп, загинал ноќеска, на регионалниот пат Прилеп – село Ропотово, откако возилото „пежо 307“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, излетало од коловозот и се превртело, а повредени се уште две лица сопатници во автомобилот. Како што соопшти МВР, во сообраќајката која се случила 35 минути по полноќ, Б.К. …

Загина 27-годишно момче од Прилеп Read More »

Седум лица повредени во судир на две возила на патот Тетово-Брвеница


Седум лица на возраст од 17 до 38 години се повредени во тешката сообраќајна незгода што се случи ноќеска на патот од Тетово кон Брвеница. Сообраќајката се случила при судир на две возила „бмв“ и „голф“ околу 23 часот. -Во голфот биле четири лица од кои тројца се тешко повредени и однесени на лекување во …

Седум лица повредени во судир на две возила на патот Тетово-Брвеница Read More »

Едно лице потешко, а 28 полесно повредени во сообраќајки во Скопје


Еден велосипедист се здобил со тешки телесни повреди, а 28 лица со лесни телесни повреди во 18 од вкупно 34 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 16 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета. Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје се исклучени 76 возачи кои се движеле со …

Едно лице потешко, а 28 полесно повредени во сообраќајки во Скопје Read More »

Ново рочиште за „Монструм“


Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за случајот за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, „Монструм“. Случајот се наоѓа во доказна постапка и се изведуваат над 133.000 СМС-пораки и други транскрипти, предложени како дополнителни докази од Обвинителството. Судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев, а …

Ново рочиште за „Монструм“ Read More »

(Фото) Паника во Ново Лисиче: Мирис на гас ги евакуира станарите


Мирис на гас ги натера жителите во влез од зграда во скопската населба Ново Лисиче да повикаат противпожарна екипа. Пожарникарите пристигнаа пред зградата во близина на ОУ „Лазо Ангеловски“. Сите жители беа надвор, пред влезот, а пожарникарите со опрема се симнаа во подрумот од каде доаѓа најголемата моризба. Ги кинат катанците на сите подруми за …

(Фото) Паника во Ново Лисиче: Мирис на гас ги евакуира станарите Read More »

Пронајдени 81 мигрант во помошен објект во липковско Ваксинце


Осумдесет и еден мигрант од земјите од Блиски Исток пронашла кумановската полиција во помошен објект на жител од липковското село Ваксинце, соопшти утрово МВР. Утрово  околу 05.15 часот бил приведен Н.А. од село Ваксинце, општина Липково, поради тоа што при претрес во неговата куќа во село Ваксинце, извршен врз основа на судска наредба, во помошен …

Пронајдени 81 мигрант во помошен објект во липковско Ваксинце Read More »

Полицијата го бара Игор Спасов да го врати во затвор


МВР ќе трага по осуденикот Игор Спасов, кој веќе една недела е во бегство, откако Судот во Штип во текот на вчерашниот ден издал наредба за спровод. Известувањето сѐ уште не е пристигнато во МВР, но оттаму посочуваат дека ќе постапат веднаш штом ќе го добијат. Од Судот во Штип за „Фокус“ појаснуваат дека вчера …

Полицијата го бара Игор Спасов да го врати во затвор Read More »

Шестмина малолетници осомничени дека сториле 27 тешки кржаби


СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар расчисти вкупно 27 тешки кражби и обиди за тешки кражби и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против шест малолетни лица од гостиварското село Чегране. Три од лицата се на возраст од 15 и исто толку на возраст од 17 години. Како што соопшти …

Шестмина малолетници осомничени дека сториле 27 тешки кржаби Read More »

Заев: Разговорите на албански од „бомбите“ ги преведуваше висок функционер од СДСМ


Премиерот Зоран Заев околу еден час одговараше на прашања од обвинителството на денешното рочиште на случајот за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина“, додека од Судот и од обвинетите му поставија само по едно прашање. На прашање од Судот, дали меѓу разговорите што денеска се објавуваат препознава некои од тие што биле во посед на СДСМ, …

Заев: Разговорите на албански од „бомбите“ ги преведуваше висок функционер од СДСМ Read More »