Едно лице потешко, а 28 полесно повредени во сообраќајки во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Еден велосипедист се здобил со тешки телесни повреди, а 28 лица со лесни телесни повреди во 18 од вкупно 34 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 16 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје се исклучени 76 возачи кои се движеле со погоелма брзина од дозволената, 49 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 39 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, седум возачи почетници и 38 нерегистрирани возила.

За непрописно паркирање се издадени 141 казна, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 99 возила.

Казнети се и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, осум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, седум возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица возачи за неправилно престројување, тројца за неправилно престигнување, еден возач за не давање првенство на минување на возилата во зона на крстосница.

Санкционирани се пет возачи за не користење на заштитен шлем на вел со мотор, мопед и мотоцикл, тројца возачи на неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и осум возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило.