(Фото) Паника во Ново Лисиче: Мирис на гас ги евакуира станарите


Мирис на гас ги натера жителите во влез од зграда во скопската населба Ново Лисиче да повикаат противпожарна екипа. Пожарникарите пристигнаа пред зградата во близина на ОУ „Лазо Ангеловски“.

Сите жители беа надвор, пред влезот, а пожарникарите со опрема се симнаа во подрумот од каде доаѓа најголемата моризба. Ги кинат катанците на сите подруми за да ја најдат боцата со гас и да ја отстранат.

„Нема опасност за жителите“, велат пожарникарите.