Нема да има реконструкција на случајот „Монструм”


Реконструкција на петкратното убиство кај Смилковско Езеро нема да има. Вака денеска одлучи Кривичниот суд Скопје, кој образложи дека местото е променето. Одбраната на обвинетите истакна дека ова е седми пат што судот им го одбива овој предлог. Но, тие најавуваат дека и понатаму ќе инсистират за да се случи ова рекононструкција, многу важна за […]

Законот треба да се смени, за возачи како тој од „бентлито“ соодветно да се казнуваат


По инцидентот со влетувањето на „бентлито“ во плоштадот во „Македонија“ во Скопје, не престануваат реакциите на граѓаните дека возачот е казнет само со глоба од 45 евра. Според министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, казната е согласно позитивните законски норми, но смета дека законот треба да се смени, за да не се случуваат вакви работи. […]

Загина 25-годишен скопјанец откако со мотоцикл излетал од коловоз на автопатот Скопје – Тетово


Дваесет и петгодишно лице од Скопје вчера почина откако со мотоцикл излетал од коловозот на автопатот Скопје – Тетово. Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера во 21 часот на автопатот Скопје – Тетово, на обиколница на град Скопје, после клучка Мирковци. Лицето Д.З.(25) од Скопје, управувајќи мотоцикл „априлија“, со скопски регистарски ознаки, изгубил […]

Припадник на МВР сведочеше во случајот „Монструм“


Припадник на МВР, од Секторот за крим техника, денеска сведочеше за неговите постапки за 12 април 2012 година во Смилковско Езеро, местото каде се изврши петкратното убиство. Сведокот кој и денеска е вработен на истото работно место во Кривичниот суд Скопје, истакна дека тој ден бил повикан како логистика. – Ми се јавија дека се […]

Изгоре куќа во село Просениково


Утрово во 7.50 часот во село Просениково изгореа две соби и покрив на куќа. Причинета е материјална штета, а повредени нема. Од Територијалната професионална противпожарна единица во Струмица го потврдија пожарот и информираа дека во гаснењето учествувале две против пожарни возила и седум пожарникари. По интервенцијата пожарот е изгаснат, а причините за настанувањето се испитуваат.

Пронајден и казнет арачиновец кој со возило се движел по плоштадот во Скопје


Министерството за внатрешни работи соопшти дека вечерва околу 19 часот е пронајден и санкциониран Б.А. од Арачиново, кој со патничко возило се движел по плоштадот во Скопје и ја загрозил сигурноста на присутните граѓани. Од МВР истакнуваат дека и во наредниот период најостро ќе ги санкционираат сите кои ќе го нарушат јавниот ред и мир […]

Ни короната не ги запре продавачите на пиротехнички средства


 Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје денеска околу 13 часот на подрачјето на Бит-пазар го привеле И.К.(27) од Студеничани, Скопје, бидејќи кај него се пронајдени 13525 парчиња пиротехнички средства. Против  И.К. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи. Истовремено и тетовската полиција откри нелегална продажба на пиротехника […]

Изгоре „фиат пунто“ во Кавадарци, нема повредени


Изгоре патнички автомобил „фиат пунто“ синоќа во Кавадарци, нема повредени, за МИА потврдија од кавадаречката Територијална противпожарна единица. -Веднаш по дојавата за запалено возило со кавадаречки регистарски ознаки, заминавме на лице место петмина пожарникари со две возила. Возачот кој веќе бил пред сопствениот дом, навреме излегол од возилото кое имало плински уред, рекоа од Противпожарната […]

Триестдневен притвор за жител на Синѓелиќ поради шверц на дрога и илегално псоедување оружје


 – Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишен жител на скопското село Синѓелиќ, поради постоење на основано сомнение дека ги сторил кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје […]

Рускоска: Одбраната на Нинџа не докажа дека не бил во седиштето на партијата


 Сметам дека одбраната не успеа во намерата да докаже дека Александар Василевски Нинџа не бил во седиштето на политичката партија, изјави обвинителката Вилма Русковска, по денешното судење за организаторите на настаните во Собранието од 27 април. Вештото лице кое го ангажирале, посочи Русковска, требаше да ги земе оригиналните цедиња од мобилните оператори и врз база […]

Христијан Мицкоски не дојде да сведочи за „27 април“, судењето продолжува на 25 декември


Судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година продолжува на 25 декември, откако на денешното рочиште беа сослушани повеќе сведоци предложени од одбраната. На денешното рочиште, најмногу прашања одбраната имаше за сведокот Мирослав Котевски, вешто лице од областа на информатичката технологија, кој меѓу другото, претстави мапа на движење на Александар Василевски […]

Судење за „27 април“: Зошто телеком операторите предале отворени, а не заштитени податоци


Нејасно е зошто податоците за телефонските броеви телеком операторите ги предале отворени, а не заштитени при пренос од кај нив до Јавното обвинителство, рече вешто лице од областа на информатичката технологија, сослушано како сведок на одбраната на денешното судење за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Сведокот Мирослав Котевски, вешто лице […]

Пешак загина на патот Струга – Ќафасан, возачот на автомобилот побегнал


Педесет и две годишен пешак од Струга загинал во сообраќајна незгода, откако во него удрило моторно возило во близина на индустриската зона во Струга. СВР Охрид соопшти дека незгодата се случила на 21-ви овој месец во 20 часот и 55 минути на магистралниот пат Струга – Ќафасан, кога непознато моторно возило удрило во пешакот Н.Н.(52) […]

Педофил отпатувал од едниот брег на САД до другиот за да грабне малолетно девојче


Нејтан Даниел Ларсон, од американската сојузна држава Вирџинија е обвинет за киднапирање на 12-годишно девојче, јави Си-Ен-Ен, додавајќи дека 40-годишниот педофил во моментов се наоѓа во затвор во Денвер Шерифот од округот Фресно изјави дека осомничениот управувал со сајт што поттикнува силување деца и објавување на фотографии и снимки со таква содржина. Ларсон уште во […]

Три 34-годишни жени нападнати од своите сопрузи


Во два дена, полицискиот билтен регистрира напади од сопрузите врз три жени на иста возраст, во три различни града во земјава. Едната е и силувана, а на едната ѝ настрадале и малолетните деца од претходниот брак. Имено, во неделата во 7.15 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода […]

Извршен претрес, запленети околу 60 кг дрога


Од страна на Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација со полициски службеници од ОВР Прилеп вчера биле лишени од слобода Т.С.(22) од Скопје, В.К. (35) од Р.Албанија и Р.К. (22) од Р.Косово, поради основано сомнение дека сториле кривично дело неодзволена трговија со дрога, соопшти Министерството […]

МВР: Зајакнати контролите, запленети над 2500 пиротехнички средства


Единиците за внатрешни работи во соработка со Државниот пазарен инспекторат вчера од 10 до 16 часот на подрачјето на СВР Скопје извршија контроли на трговија и употреба на пиротехнички средства. Како што соопшти МВР, реализирани се контроли на 18 пазари, три паркови, шест трговски центри, 12 крстосници и 13 маркети. Во текот на контролите, Бит-пазар […]

Професор обљубил 15-годишна ученичка во Крушево


 Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 54 – годишно лице поради постоење основано сомневање дека го сторил кривичното дело – Обљуба со злоупотреба на положбата. Осомничениот на 17.12.2020 година околу 10 часот, со злоупотреба на својата положба како професор во училиште во Крушево извршил полови дејствија врз негова ученичка на […]

Продолжува трендот на неносење маски, казнети 704 лица 


Во текот на изминатото деноноќие по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 704 прекршоци на територијата на Република Северна Македонија. Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

Пресечен меѓународен транспорт на дрога, запленети околу 100 килограми марихуанa


На Граничниот премин Ново Село, на излез од Република Северна Македонија, вчеравечер полицијата при преглед на товарно возило „МАН“, со бугарски национални ознаки, управувано од бугарскиот државјанин пронашла 102 пакувања марихуана, скриени во специјално направен бункер. Од МВР денеска информираа дека полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога […]