Во годината на Ковид пандемијата двојно помалку сообраќајни несреќи во Гостиварско


Минатата година по сообраќајниците низ Гостиварско биле регистрирани 226 сообраќајни незгоди. Тоа за 99 помалку во споредба со претходната 2019 година. Од СВР Тетово информираат дека значително е помал и бројот на сообраќајки со тешко повредени (36) и со телесно повредени лица (66). Во незгодите четири лица ги загубиле животите од повреди. Нешто повеќе од […]

Поранешни новинари на А1 телевизија сведочеа за аферета „Списоци“ од 2011 на судењето за „Титаник“


 Младен Чадиковски, како главен и одговорен уредник на Телевизија А1 во 2011 година некое време пред изборите добил списоци со имиња на луѓе, (дел од нив функционери, дел од гласачи) на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Ова денеска го кажа сведокот Чадиковски, во случајот „Титаник“, каде додаде дека откако изворот им ги доставил списоците заедно со колешките […]

Обвинение против брат и сестра од Скопје за напад врз полицаец


Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против брат и сестра од Скопје, кои на 20 јануари годинава извршиле напад врз службено лице – полицаец. Обвинетиот 21-годишник и неговата 22-годишна сестра, како соизвршители, на 20 јануари во вечерните часови, нападнале и повредиле службено лице – полицаец кој извршувал работни задачи […]

Охриѓанец снимен како краде бекатон плочки од тротоар


  На социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледа возрасен човек со паркирана кола со охридски таблички како среде бел ден краде бекатон плочки од недовршен тротоар. На снимката  јасно се гледа дека бекатон плочките ги става во гепекот. Неодамна се прошири и видео снимка која регистрираше две жени крадат цвеќиња од градска […]

ОЈО покрена постапка против 46-годишен тренер по џудо кој извршил полови дејствија врз деца​


 Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против 46-годишен тренер по џудо, за кого постои основано сомнение дека со злоупотреба на положбата извршил полови дејствија врз малолетни ученички доверени за тренирање и воспитување. На предлог на јавен обвинител на лицето му е одреден притвор во траење од 30 дена. – Осомничениот како тренер по џудо, од […]

Продолжува судењето за „Титаник“, се сослушуваат сведоци на обвинителството


Со сослушување на сведоци, предложени од обвинителството денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“. Судскиот предмет „Титаник“ е еден од првите случаји отворени од поранешното СЈО, меѓутоа иако е изминат голем период од почетокот на постапката судењето се уште е во фаза на изведување докази. Од вкупниот […]

Дебранец физички го нападнал татко му, полицијата го привела


Во полицската станица во Дебар е приведен дебарнец поради физичики напад на својот татко. -Денеска околу два часот во полициската станица е приведен А.Л.(34) од Дебар кој претходно, во семејниот дом, физички го нападнал својот татко. Против него дебарското одделение за внатрешни работи ќе поднесе соодветна пријава, рече Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни […]

Повреден рудар во Крива Паланка


Рудар на возраст од 55 години се здобил со повреди откако паднал од машина во рудник во Крива Паланка. Според информациите на МВР, вчера во 17.10 часот во полиција, од Здравствен Дом-Крива Паланка било пријавено дека кај нив дошол Г.С.(55) од Крива Паланка и побарал лекарска помош бидејќи додека бил на работно место во рудник […]

И моторите ќе се одземаат привремено ако не се регистрирани


Мерката за привремено одземање возило доколку регистрацијата е истечена повеќе од шест месеци ќе помогне во отстранување на голем број мотори кои се возат низ градските улици и со големи брзини и високо ниво на бучава.  Ваква е проценката на полицијата околу воведување поголем ред со овие сообраќајни прекршоци. Тони Ангеловски, портпарол и помошник министер […]

МВР: Изречени 88 казни за брзо возење во Тетово


МВР денеска во Тетово продолжи со засилените контроли во областа на сообраќајот, со цел ставање ред на патиштата и улиците во државата. При контролите на територија на Тетово, на автопатиштата Скопје – Тетово и Тетово – Гостивар во текот на вчерашниот ден има изречено 88 мерки за возење со брзина поголема од дозволеното. -Засилените контроли […]

Со автомобил удрил во пешак во Кичево


Во саботата, во 21.50 часот во Кичево, на ул.„11-ти Октомври“, патничко моторно возило „фиат мареа“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.К. (54) од с.Другово, Кичевско удрило во А.М.(61) од с.Шутово, Кичевско. По незгодата А.М. е пренесен во Медицински центар-Кичево каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа […]

За неносење маска 385 санкции


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се  385 прекршоци. Министерството за внатрешни работи и денеска апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19. 

Во Центар 88 санкционирани возачи, 14 без возачка 


Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на Центар изрече вкупно 88 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции. За технички неисправни и нерегистрирани возила изречени се пет санкции, а седум за користење мобилен телефон. Од МВР информираат […]

Приведени 97 странски државјани кои работеле непријавени и без регулиран престој на објекти во Скопје


Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север при БЈБ – МВР спроведоа контрола на градежни објекти на фирма од Република Турција помеѓу бул.„Кирил и Методиј“ и ул.„Јордан Мијалков“ поради сомнение дека повеќе странски државјани непријавени работат на објектите и незаконски престојуваат во Република Северна Македонија. Притоа, на објектите биле затекнати 97 странски државјани […]

Маж пронајден починат во водите на Пчиња кај Катланово


Во близина на мостот на автопатот Велес – Катланово, во водите на реката Пчиња, бил пронајден починат С.П.(73) од Катланово. Седумдесет и тригодишниот маж бил пријавен дека се оддалечил од дома на 20 јануари 2021. Како што соопшти МВР, за пронајденото тело било пријавено вчера во 13.56 часот во СВР Скопје. Смрт констатирал лекар од […]

Тетовец ги тепал сопругата и ќерката, тие го пријавија


Во петокот, во 21 часот во Полициската станица Тетово, 35 – годишна жена од тетовско село пријавила дека околу 18.00 часот во нивниот дом, нејзиниот сопруг Т.М.(35) физички ја напднал неа и нивната ќерка и оштетил дел од покуќнината. Тој бил приведен во полициски станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде […]

По пожар во Охрид, семејството во болница


Цело семејство од Охрид е пренесено во болница поради вдишување чад откако избувнал пожар во нивниот стан. Според информациите на полицијата, вчера околу 07 часот бил пријавен пожар во стан на улицата „Карпош Војвода“, сопственост на К.Џ.(70) од Охрид. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, а К.Џ. и неговото семејство поради […]

Четири возила се судрија на „Рузвелтова“, двајца повредени


Во петокот, во 21.15 часот на крстосницата од бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Франклин Рузвелт“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале три возила. Имено, се судрија патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ш.(24) од с.Крушопек, скопско, патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(39) од Скопје, патничко возило […]

Со камион удрил во пешак во Скопје


Во петокот, во 14 часот на ул.„Фуштанска“ во Скопје, товарно возило „пијаџо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(29) од с.Црешево, удрило во пешакот Ш.Б.(52) од с.Орланци, скопско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ш.Б., констатирани во Градската ошта болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.   Истион ден, во […]

Пожар во средно училиште во Драчево


Во четвртокот, околу 7.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во работилница во средно училиште во нас.Драчево настанал пожар, при што биле опожарени  компјутери и документи. Пожарот е изгаснат од противпожарна екипа од Скопје.