Приведен угостител, во локалот затекнати три лица без сертификат за вакцина


Сопственик на угостителски објект во Гостивар е лишен од слобода, бидејќи при контрола биле затекната три лица без сертификат за вакцинација. Објектот е затворен од ДПИ. Според информациите на СВР Тетово, вчеравечер во 21.35 часот, полициски службеници на одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода С.Е.(49) од гостиварско Чајле. Во неговиот угостителски објект […]

Осумдневен притвор за петмината приведени за нападите врз полицајците во тетовска Мала Речица


Судија во претходна постапка на Основен суд Тетово денеска им определи мерка притвор во траење од осум дена на петмината приведени кои по вчерашниот протест во Тетово во Мала Речица физички нападнале полициски службеници, информираат од СВР Тетово. – По одредување на мерката притвор петмината се однесени во КПУ Затвор Скопје, соопшти порпатолот Марјан Јосифоски. […]

Поради сообраќајка блокиран регионалниот пат А3 на влезот кај Делчево


Во прекин e сообраќајот на регионалниот пат А3 на влезот кај Делчево, како што информираат од полицијата, поради сообраќајка во која учествувале два автомобила со делчевски регистерски таблички и мини-бус кој превезувал патници. Во тек е увид на крстосницата каде се случила сообраќајката. Според очевидци, се случил судир на возилата со мини-бусот. За среќа, како […]

Двајца Кубанци протерани од државава поради илегално преминување границата


 На двајца Кубанци денеска им биле издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата во траење од 5 години поради непоседување на патни исправи и илегално преминување на границата од Република Србија кон Република Северна Македонија, информира Министерството за внатрешни работи. – Утринава во 02:45 часот кај с.Егри, битолско, полициски службеници […]

Приведени уште две лица од вчерашниот протест во Мала Речица


Тетовската полиција денеска приведе уште две лица поради учество во вчерашниот настан во Мала Речица кога група луѓе се обидоа насилно да поминат преку полициски кордон за да стигнат до седиштето на политичката партија ДУИ.  Со тоа досега пет лица се лишени од слобода. -Денес претпладне се лишени уште две лица В.А (роден 1988) и […]

Запленети 860 килограми режан тутун по пазарите и во магацински простории во Скопје


Запленети се 860 килограми режан тутун по пазарите и во магацински простории во заедничка акција што ја спроведоа вчера на територијата на Скопје Одделението за истраги – Сектор за контрола и истраги при Царинската управа, Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Пазарната инспекција. Предмет на акцијата, соопшти денеска Царинската уптава, беше контрола и заплена […]

Приведено лице поради кражба на графички картички и електрична енергија


Полициски службеници од ЕВР Карпош, ЕВР Ѓорче Петров и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 19:30 часот го лишиле од слобода Е. А. (39) од село Љубин, скопско, поради кражба на графички картички и електрична енергија. – При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ‘битмаин’ и […]

Жител на Тетово приведен поради пуштање во оптек на фалсификувана банкнота од 100 евра


Полицијата од Тетово приведе жител на градот под обвинение дека пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 100 евра. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 15 септември во 22:10 часот на улица „Јане Сандански“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода тетовецот Б.К. (58) поради сомнение за сторено кривично […]

Автомобил се запали во скопската населба Аеродром


Во населбата Аеродром вечерва околу 19 часот се запалил автомобил на паркинг на улицата „Методија Шаторов Шарло“, а во гаснењето на пожарот интервенирале од противпожарната единица на град Скопје. Владимир Симоновски, командант на противпожарната единица во Скопје, за МИА изјави дека не постоела опасност за жителите во зградата, како и дека по брза реакција состојбата била веднаш регулирана.

Откриени две илегални лаборатории за производство на марихуана во Скопје, приведено едно лице


Полицијата вчера го лишила од слобода Ѓ.Г.(33) од Скопје, откако при претрес во неговиот дом на бул. „АСНОМ“, извршен со судска наредба, била откриена импровизирана лабораторија за производство на марихуана, при што биле одземени 71 стебло од растението канабис сатива, повеќе пакувања со марихуана, гранки во процес на сушење, тегли и други пакувања со семки […]

Приведен криминалец баран со потерница


Полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево – Отсек потраги, утрово во 05.50 часот, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б.О.(25) од село Палиград, општина Зелениково, за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“. Како што информираа денеска од МВР, лицето било предадено во […]

Запленета дрога со вредност околу 70.000 евра, приведени четири лица


Во понеделникот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ОВР Гостивар и ОВР Дебар спроведоа координирана акција, при што се лишени од слобода четири лица и запленети околу 20 килограми марихуана, со вредност од околу 70.000 евра, и три возила. Полициски службеници од ОВР Дебар […]

Скопјанец без дозвола чувал автоматска пушка и муниција


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 34-годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи според член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. – Обвинетиот 34-годишник, на 31 август, во домот во кој престојувал на улицата „Александар Бујунов“ во Скопје […]

Зоран Милески Кичеец преместен во полуотвореното одделение во Затворот Струга


Осудениот Зоран Милески – Кичеец е преместен од отворено во полуотвореното одделение во Затворот Струга, информираат од Управата за извршување на санкции. Како што појаснуваат оттаму, тоа значи дека тој повеќе нема да може да ги користи олеснувањата кои ги добиваат сите осудени лица во отворените одделенија, а причина за ваквата одлука е новата кривична […]

Рочиштето за „Титаник“ одложено поради изолација на еден од обвинетите


Заради добиено решение за изолација поради ковид-19 на еден од обвинетите, главната расправа за предметот „Титаник“ која беше предвидена за утре се одлага, соопшти Основниот кривичен суд. – Расправата насрочена за 14 септември се одлага заради добиено решение за изолација, согласно протоколите за заштита од ковид-19, на еден од обвинетите, а воедно истовремено е насрочена […]

Двајца крадци во Кочани фатени на дело


Во неделата, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода А.И.(36) и малолетник бидејќи околу 18.30 часот во куќа на ул.,,Вера Которка“ во Кочани биле фатени при вршење на кривично дело “тешка кражба на дрзок начин“. По комплетирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Полицаец со службено возило удрил во пешак


В неделата, во 7.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Панко Брашнаров“ во Велес, патничко возило „Шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник В.А.(25) од Велес, удрило во пешакот Д.Т.(75) од Велес. Во незгодата Д.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. Увид на местото на настанот […]

Приведена скопјанка барана по потерница


Триесет и седумгодишна скопјанка, која е барана по потерница,  утрово е приведена од полицијата за издржување казна затвор. -Полициски службеници од Оперативен тим – Потраги, утринава  во 09.35 часот на ул.„Трета Македонска бригада” во Скопје, ja лишиле од слобода О.Л.(37) од Скопје, којa се барал по потерница од Основен Суд – Скопје 1 за издржување […]

Приведен арачиновец баран со потерница за издржување затворска казна


Полициски службеници од СВР Скопје денеска во 13 часот  на подрачје на Гази Баба го лишија од слобода А.Б.(33) од село Арачиново, скопско, кој со потерница се барал за издржување на казна затвор во траење од 18 месеци, поради сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ казниво по чл.418-б од Кривичен законик. Како што информира МВР, […]

Работник повреден при инцидент во „Макстил“


Во текот на редовното работење во трета смена во погонот Челичарница на „Макстил“ АД е настанат инцидент при што е повреден еден вработен, информира денеска компанијата. – На вработениот веднаш му е пружена прва помош и истиот е пренесен во Ургентниот центар на Универзитетската клиника за понатамошен третман. Истиот е вон животна опасност, се наведува […]