Полицијата трага по четири исчезнати лица


Фото: Б. Грданоски

Полицијата трага по четири лица кои се пријавени за исчезнати, а се работи за три малолетници и една жена.

Имено, во средата, во 10.40 часот во СВР Скопје, С.М.(54) од Скопје пријавила дека од дома се оддалечила нејзината ќерка М.М.(33), која имала здравствени проблеми.

Истиот ден пријавени за исчезнати се двајца штитеници на Јавна установа за згрижување на деца. Се работи за Д.Д.(14) од Скопје и М.А (14). И двајцата и порано се оддалечувале од установата и биле враќани назад.

Во 100 часот во СВР Скопје С.А.(40) од Скопје пријавила дека на 12.10.2021 околу 18 часот од дома се оддалечила нејзината ќерка Љ.А.(16) од Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.