Скопјанец осомничен за одгледување канабис во неговиот дом


Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 47-годишно лице за кое постои основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти ЈОРМ, во својот дом на улицата „Рилски …

Скопјанец осомничен за одгледување канабис во неговиот дом Read More »

МВР: 224 сообраќајни прекршоци во Скопје, 42 за брзо возење, 20 без возачка дозвола


На територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 224 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 20 за возење без возачка дозвола, седум за возење под дејство на алкохол, десет за технички неисправни и нерегистрирани возила, соопшти МВР. Изречени се две мерки за неносење на сигурносен појас, четири за минување …

МВР: 224 сообраќајни прекршоци во Скопје, 42 за брзо возење, 20 без возачка дозвола Read More »

За пукањето во теолошкото училиште осомничен е 41-годишник од Тетово


 Тетовската полиција информира дека е расчистен случајот со пукањето во објектот на средното теолошко училиште во градот кое беше пријавено вчера.  За истрелите ќе биде поднесена кривична пријава за 41-годишен жител на Тетово.  -Осомничен дека со огнено оружје го извршил оштетувањето е 41-годишниот тетовец Б.М. Тој вчера околу 18 часот и 30 повикан е во Полициската …

За пукањето во теолошкото училиште осомничен е 41-годишник од Тетово Read More »

Кочан бара помилување од Пендаровски


  Бизнисменот Сеад Кочан  до Министерството за правда поднел барање за помилување. По барањето се уште не е одлучено, односно министерот за правда Бојан Маричиќ се уште не дал предлог. Покрај неговиот став, сепак последниот збор ќе го има претседателот Стево Пендаровски. Колан во затворот „Идризово“ издржа речиси половина од казната, која му беше изречена …

Кочан бара помилување од Пендаровски Read More »

Притвор за обвинетиот во случајот со измамата при купопродажба на станови


 Судот определи мерка притвор за обвинетиот во случајот со измамата при купопродажба на станови која ја обелодени МИА. Обвинетиот не се појави на судењето, откако на претходното рочиште изјави дека до денеска ќе обесштети дел од сумата, а до крајот на октомври ќе го врати целиот износ од околу 48 илјади евра со кои оштетил …

Притвор за обвинетиот во случајот со измамата при купопродажба на станови Read More »

Во кумановско Табановце, пронајден мртов 20-годишен Сириец


 Во близина на кумановското село Табановце, пронајден е мртов 20-годишен државјанин на Сирија. На телото нема траги од насилство, соопштија од СВР Куманово. Вчера во 18 часот во СВР Куманово било пријавено дека во близина на брана во село Табановце било пронајдено починато машко лице. – По извршениот увид било утврдено дека се работи за …

Во кумановско Табановце, пронајден мртов 20-годишен Сириец Read More »

Четворица кубанци протерани од државава поради илегално преминување границата


На четворица Кубанци им се издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата поради илегално преминување на границата од Република Србија кон Република Северна Македонија, информира Министерството за внатрешни работи. – Вчера во 19:10 часот од полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ-Кавадарци биле приведени К.Р.Д.(26), П.С.Ј.(43), Р.В.Б.(33) и …

Четворица кубанци протерани од државава поради илегално преминување границата Read More »

Приведен угостител, во локалот затекнати три лица без сертификат за вакцина


Сопственик на угостителски објект во Гостивар е лишен од слобода, бидејќи при контрола биле затекната три лица без сертификат за вакцинација. Објектот е затворен од ДПИ. Според информациите на СВР Тетово, вчеравечер во 21.35 часот, полициски службеници на одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода С.Е.(49) од гостиварско Чајле. Во неговиот угостителски објект …

Приведен угостител, во локалот затекнати три лица без сертификат за вакцина Read More »

Осумдневен притвор за петмината приведени за нападите врз полицајците во тетовска Мала Речица


Судија во претходна постапка на Основен суд Тетово денеска им определи мерка притвор во траење од осум дена на петмината приведени кои по вчерашниот протест во Тетово во Мала Речица физички нападнале полициски службеници, информираат од СВР Тетово. – По одредување на мерката притвор петмината се однесени во КПУ Затвор Скопје, соопшти порпатолот Марјан Јосифоски. …

Осумдневен притвор за петмината приведени за нападите врз полицајците во тетовска Мала Речица Read More »

Поради сообраќајка блокиран регионалниот пат А3 на влезот кај Делчево


Во прекин e сообраќајот на регионалниот пат А3 на влезот кај Делчево, како што информираат од полицијата, поради сообраќајка во која учествувале два автомобила со делчевски регистерски таблички и мини-бус кој превезувал патници. Во тек е увид на крстосницата каде се случила сообраќајката. Според очевидци, се случил судир на возилата со мини-бусот. За среќа, како …

Поради сообраќајка блокиран регионалниот пат А3 на влезот кај Делчево Read More »

Двајца Кубанци протерани од државава поради илегално преминување границата


 На двајца Кубанци денеска им биле издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата во траење од 5 години поради непоседување на патни исправи и илегално преминување на границата од Република Србија кон Република Северна Македонија, информира Министерството за внатрешни работи. – Утринава во 02:45 часот кај с.Егри, битолско, полициски службеници …

Двајца Кубанци протерани од државава поради илегално преминување границата Read More »

Приведени уште две лица од вчерашниот протест во Мала Речица


Тетовската полиција денеска приведе уште две лица поради учество во вчерашниот настан во Мала Речица кога група луѓе се обидоа насилно да поминат преку полициски кордон за да стигнат до седиштето на политичката партија ДУИ.  Со тоа досега пет лица се лишени од слобода. -Денес претпладне се лишени уште две лица В.А (роден 1988) и …

Приведени уште две лица од вчерашниот протест во Мала Речица Read More »

Запленети 860 килограми режан тутун по пазарите и во магацински простории во Скопје


Запленети се 860 килограми режан тутун по пазарите и во магацински простории во заедничка акција што ја спроведоа вчера на територијата на Скопје Одделението за истраги – Сектор за контрола и истраги при Царинската управа, Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Пазарната инспекција. Предмет на акцијата, соопшти денеска Царинската уптава, беше контрола и заплена …

Запленети 860 килограми режан тутун по пазарите и во магацински простории во Скопје Read More »

Приведено лице поради кражба на графички картички и електрична енергија


Полициски службеници од ЕВР Карпош, ЕВР Ѓорче Петров и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 19:30 часот го лишиле од слобода Е. А. (39) од село Љубин, скопско, поради кражба на графички картички и електрична енергија. – При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ‘битмаин’ и …

Приведено лице поради кражба на графички картички и електрична енергија Read More »

Жител на Тетово приведен поради пуштање во оптек на фалсификувана банкнота од 100 евра


Полицијата од Тетово приведе жител на градот под обвинение дека пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 100 евра. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 15 септември во 22:10 часот на улица „Јане Сандански“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода тетовецот Б.К. (58) поради сомнение за сторено кривично …

Жител на Тетово приведен поради пуштање во оптек на фалсификувана банкнота од 100 евра Read More »

Автомобил се запали во скопската населба Аеродром


Во населбата Аеродром вечерва околу 19 часот се запалил автомобил на паркинг на улицата „Методија Шаторов Шарло“, а во гаснењето на пожарот интервенирале од противпожарната единица на град Скопје. Владимир Симоновски, командант на противпожарната единица во Скопје, за МИА изјави дека не постоела опасност за жителите во зградата, како и дека по брза реакција состојбата била веднаш регулирана.

Откриени две илегални лаборатории за производство на марихуана во Скопје, приведено едно лице


Полицијата вчера го лишила од слобода Ѓ.Г.(33) од Скопје, откако при претрес во неговиот дом на бул. „АСНОМ“, извршен со судска наредба, била откриена импровизирана лабораторија за производство на марихуана, при што биле одземени 71 стебло од растението канабис сатива, повеќе пакувања со марихуана, гранки во процес на сушење, тегли и други пакувања со семки …

Откриени две илегални лаборатории за производство на марихуана во Скопје, приведено едно лице Read More »

Приведен криминалец баран со потерница


Полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево – Отсек потраги, утрово во 05.50 часот, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б.О.(25) од село Палиград, општина Зелениково, за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“. Како што информираа денеска од МВР, лицето било предадено во …

Приведен криминалец баран со потерница Read More »

Запленета дрога со вредност околу 70.000 евра, приведени четири лица


Во понеделникот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ОВР Гостивар и ОВР Дебар спроведоа координирана акција, при што се лишени од слобода четири лица и запленети околу 20 килограми марихуана, со вредност од околу 70.000 евра, и три возила. Полициски службеници од ОВР Дебар …

Запленета дрога со вредност околу 70.000 евра, приведени четири лица Read More »

Скопјанец без дозвола чувал автоматска пушка и муниција


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 34-годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи според член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. – Обвинетиот 34-годишник, на 31 август, во домот во кој престојувал на улицата „Александар Бујунов“ во Скопје …

Скопјанец без дозвола чувал автоматска пушка и муниција Read More »