Арматури паднаа врз работник кај Стара железничка, со тешки повреди пренесен е во болница
Градежен работник е во животна опасност откако на градилиште позади трговскиот „Рамстор“ во Скопје, врз него паднале арматури кои се кревале со кран, дознава „Макфакс“. Според неофицијални информации, тешко повреден е млад скопјанец кој работел на градилиштето. Сведоци од градилиштето велат дека причина за несреќата е кинењето на сајла со која се кревале арматурите. Работниот …