Жител на Мислешево починал по пад од трактор


Четириесет и шест годишен жител на струшкото село Мислешево го загубил животот при пад од трактор, извршувјќи земјоделски работи, соопшти денеска СВР Охрид. Потрпаролот Стефан Димоски информира дека се работи за Б.М. (46), кој починал на нива во местото „Градарица“. – Во одделението за внатршни работи Струга, вчера околу 13 часот, од Итната медицинска помош, …

Жител на Мислешево починал по пад од трактор Read More »

Застрелан ловџија во кумановско Габреш


Ловџија застрелал друг ловџија при лов во атарот на село Габреш, соопшти денеска СВР Куманово. – Утрово во 08:00 часот во СВР Куманово педесет и деветгодишниот И.С. од Куманово пријавил дека во село Габреш во месноста Островица, пукајќи во лов го застрелал Ч.Р.(67) од село Лопате. Од страна на Брза помош е констатирано дека лицето починало, а …

Застрелан ловџија во кумановско Габреш Read More »

Поткуп од 1.500 денари за глас на изборите во Кочани


Во полицијата во Кочани е пријавен случај во кој лице давало поткуп од 1.500 денари за глас за вториот круг на локалните избори за градоначалник. Случајот го потврдија од Секторот за внатрешни работи во Штип, при што се истакнува дека во ОВР-Кочани било пријавено дека 53-годишниот Д.С. од Кочани на повеќе лица им дал по …

Поткуп од 1.500 денари за глас на изборите во Кочани Read More »

Приведен разбојник, расчистени две разбојништва во Скопје


Денеска, во 6 часот во Сингелиќ, Скопско, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Д.Х.(21) од Скопје, поради сомнение дека е сторител на разбојништва, од кои едното во финансиско друштво на ул.„Методиј Андонов Ченто“, сторено на 27.10.2021, а другото во обложувалница на ул.„Маџари“ на 17.09.2021. Врз основа на судска наредба бил …

Приведен разбојник, расчистени две разбојништва во Скопје Read More »

Бебе починало во дом во Шуто Оризари


Од Итната медицинска помош вчера утрото, во 07.20 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, било пријавено дека во дом во Скопје на ул.„Гвадалахара“ имало починато бебе. Како што соопшти МВР, полициски службеници од Полициското одделение излегле на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител …

Бебе починало во дом во Шуто Оризари Read More »

Претрес во Струга, пронајдено оружје, приведено едно лице


Полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода  С.А.(49) од Струга. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле еден пиштол чешка „зброевка“ калибар 7,65 милиметри, еден сигнален пиштол „гмаа“, 26 куршуми различен калибар и 86 парчиња дијаболи, што нелегално ги поседувал. Од МВР денеска информираа дека …

Претрес во Струга, пронајдено оружје, приведено едно лице Read More »

ЈОРМ: Јавниот обвинител ниту влијаел ниту можел да влијае врз одлуката на судот за „ТНТ“


Јавното обвинителство во целост ги демантира наводите изнесени во одредени медиуми кои се однесуваат на постапката во предметот во јавноста познат како „ТНТ“ и оценува дека се единствено во насока да се изврши притисок за повторно неоправдано одолговлекување на постапката.​ – Јавниот обвинител кој постапува во предметот ниту влијаел ниту можел да влијае врз одлуката …

ЈОРМ: Јавниот обвинител ниту влијаел ниту можел да влијае врз одлуката на судот за „ТНТ“ Read More »

Виничанец нападнал деца, брат и сестра


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против С.Т.(39), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На петти овој месец, пријавениот физички нападнал двајца малолетници (брат и сестра) од с.Лески, виничко.

Гостиварец обвинет за пренесување на бруцелоза, побарано да плати парична казна


 Гостиварец е обвинет за пренесување на бруцелоза и од страна на јавен обвинител побарано е да плати парична казна од 100 дневни глоби. Тој не постапил според прописите и решението за спречување на заразни болести кои од животните се пренесуваат кај луѓето и при контрола во неговото одгледувалиште во гостиварското село Рибница потврдено е присуство …

Гостиварец обвинет за пренесување на бруцелоза, побарано да плати парична казна Read More »

СВР Тетово: Приведен човек кој сакал да прегази полицајци


Тетовската полиција информира дека вчера бил приведен 20-годишник кој се обидел да прегази полицајци. Младиот човек прво одбил да се легитимира, а потоа и го стартувал возилото. – Околу 21:50 часот,  на улица „Михајло Рајчевиќ“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 20-годишниот тетовец А.М., кој дваесетина минути пред тоа одбил да се …

СВР Тетово: Приведен човек кој сакал да прегази полицајци Read More »

Во Драч запленети 45,5 килограми хероин


 Во најголемото албанско пристаниште, Драч, во камион натоварен со хром, синоќа, откриени и запленети се 45,5 килограми хероин. -Постојаната оперативна група која работи во пристаништето Драч, врз основа на добиени информации, врши детална контрола врз моторните возила на излез и влез во пристаништето. При контрола на излез во втора линија, во товарно возило тип „сканија“, …

Во Драч запленети 45,5 килограми хероин Read More »

Обвинителството ги проверува наводите на ВМРО-ДПМНЕ за полициски закани на денот на изборите


Комисијата за следење на изборни нерегуларности постапува по сите примени поднесоци, пријави, како и сознанија за евентуално сторени кривични дела поврзани со организирањето и спроведувањето на изборите, велат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Во однос на информациите изнесени од ВМРО-ДПМНЕ дека полицајци, началници и функционери во Прилеп се организирале за да заплашуваат политички …

Обвинителството ги проверува наводите на ВМРО-ДПМНЕ за полициски закани на денот на изборите Read More »

Во Тетовско за девет месеци 124 странски државјанки приведени за нелегален престој


За девет месеци откриени се 124 странски државјанки кои нелегално престојувале и работеле пред се во угостителски објекти во тетовскиот регион. Жените се претежно од  соседни земји, но и од подалечни држави. Откриени се во редовните активности што ги презема СВР Тетово за откривање и законско санкционирање на странски државјани, односно државјанки кои непријавено престојуваат …

Во Тетовско за девет месеци 124 странски државјанки приведени за нелегален престој Read More »

Нова сообраќајка кај зградата на ЕУ: Возило „се качи“ на столпчињата на булеварот


Нова сообраќајна несреќа се случи претпладнево на булеварот кај Канцеларијата на Европската Унија (ЕУ) во центарот на Скопје, јавуваат повеќе медиуми. Во сообраќајката учествуваше автомобил со скопски регистрации кој буквално „се качи“ на заштитните столпчиња поставени помеѓу коловозот и велосипедската патека покрај објектот во кој е сместена Делегацијата на ЕУ во земјава. Жена со автомобил …

Нова сообраќајка кај зградата на ЕУ: Возило „се качи“ на столпчињата на булеварот Read More »

Жена со автомобил се заби во Канцеларијата на ЕУ


Жена влета во Канцеларијата на Европската унија во Скопје, објави Сител. Инцидентот се случил вчера рано наутро околу четири часот. Жената од засега необјаснети причини влетала и го скршила стаклото на Канцеларијата. Таа ги поминала барикадите и стигнала до зградата во која е сместена Канцеларијата на ЕУ. Инцидентот се случил околу 4 часот исутрината во …

Жена со автомобил се заби во Канцеларијата на ЕУ Read More »

Пријавен физички напад во Василево поврзан со кампања за локалните избори


Денеска во 12:30 часот В.М. (33) пријавила кривично дело насилство сторено од А.В. и С.А. двајцата од село Василево, соопштија од СВР Струмица. Според полицијата денеска околу 11 часот додека пријавителката заедно со уште неколку лица ги посетувала жителите на село Василево во рамките на изборната кампања за Локалните избори 2021, забележале дека подолго време …

Пријавен физички напад во Василево поврзан со кампања за локалните избори Read More »

Тела на две починати лица пронајдени во атарот на село Миравци


Тела на две починати лица биле пронајдени во атарот на село Миравци, на место викано „Јаворица“, гевгелиско, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од МВР велат дека најверојатно станува збор за мигранти, а по овластување на Јавен обвинител, полициски службеници од ОВР Гевгелија извршиле увид и притоа кај едното лице била пронајдена картичка за идентификација …

Тела на две починати лица пронајдени во атарот на село Миравци Read More »

Пронајдени девет мигранти во возило кај ГП „Богородица“, приведен совозачот


Полицијата синоќа пронашла девет мигранти од Индија во оставено возило во близина на царинскиот терминал кај граничниот премин Богородица, а кое претходно не застанало на знакот за сопирање. Во возилото е пронајден и совозачот, кој е приведен, а миграните биле спроведени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. -На автопатот Скопје – Гевгелија, на место …

Пронајдени девет мигранти во возило кај ГП „Богородица“, приведен совозачот Read More »

Нова сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово, има една жртва


Стравична сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопатот Тетово- Скопје, во која има и една жртва. Според информациите од СВР Тетово , на автопатот Тетово- Скопје во близина на с.Ласкарци, денеска во 17,53 часот, патничко возило „јагуар” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(49) од с.Чегране гостиварско, излетало од коловозот. На местото на несреќата починал …

Нова сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово, има една жртва Read More »

Сообраќајка меѓу две возила на „Илинденска“, три лица пренесени во болница


Сообраќајна несреќа меѓу две возила се случи вечерва околу 19 часот на булеварот „Илинденска“, пред кафе бар Трибека. Во несреќата, едно лице е потешко повредено, а две други лица се со полесни повреди и сите се пренесени во болница. Во тек е увид за причините на несреќата.