Двајца повредени во сообраќајка во кумановско Романовце на воз и автомобил


 Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила денеска попладне во кумановското село Романовце, соопштија oд СВР Куманово и општата болница. Сообраќајката во кумановската полиција била пријавена во 12:48 часот и во неа учествувале воз и патничко моторно возило, појаснуваат од СВР Куманово и додаваат дека увидот се уште трае. Директорката на болницата […]

Почината жена пронајдена во нејзиниот дом во Драчево


МВР соопшти дека вчера попладне е пронајдена почината жена во нејзиниот дом во населбата Драчево. Според полицијата, се работи за С.И. (48) од Скопје, која имала здравствени проблеми. Случајот е пријавен во 17.50 часот во СВР Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а […]

Две девојки се тешко повредени при судир на патничко возило и полициска „шкода јети“


Две девојки се тешко повредени во сообраќајка што се случила ноќеска во Гостивар помеѓу полициско возило „шкода јети“, сопственост на МВР, и патничко возило „пасат“, со гостиварски регистарски ознаки. Како што соопшти МВР, несреќата се случила на крстосницата меѓу улиците „Седек Костоски“ и „Б. Блажески“ во 04:20 часот. Во полициското возило се превезувале двајца полициски службеници, […]

Почина затвореник во КПУ „Затвор Скопје“


Почина затвореник во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“. Кај починатото лице не се констатирани траги на насилство, информираат од Министерството за внатрешни работи. -Во Полициската станица Чаир вчера околу 13:00 часот е пријавено дека во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ починало осуденото лице В.Д. (51) од Скопје. Од Итната медицинска помош била констатирана смрт без траги на […]

Во акцијата „Безбедно лето 2022“ полицијата во Прилеп пронајде дрога, а регистрирано е и точење алкохол на малолетници


Двајца млади прилепчани се приведени, бидејќи кај нив полицијата пронајде марихуана, а 19 малолетници затоа што се затекнати во угостителски објект по полноќ. Кај петмина од нив е констатирано присуство на алкохол. Приведени се прилепчаните со иницијали А.Ч (26) и И.Д.(29) кај кои е пронајдена марихуаната. Ова е дел од ноќешната полициска акција, спроведена од […]

Расчистени два случаи на поттикнување омраза и насилство преку интернет


Секторот за внатрешни работи Тетово во координација и содејство со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на МВР целосно расчисти два случаи на коментари со заканувачка содржина со кои се промовирале или поттикнувале омраза и насилство, напишани на објави од интернет портали.   Поради сомнение дека се автори на ваквите коментари, во Полициската станица […]

Зекири под истрага за уште едно кривично дело


Уште 30 дена притвор за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири. Но, според тоа што може да се прочита во решението од Апелацискиот суд, Обвинителството може да ја прошири истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата. Во Решението се цитира образложението на Обвинителството за органииран криминал кое барало продолжување на притворот поради опасност од […]

МНР: Нашата амбасада во Атина е во контакт со грчките власти за тројцата македонски државјани осомничени за шверц на дрога


Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина оствари комуникација со официјални претставници на надлежните институции на грчкиот остров Миконос, од каде е добиена информација за тројца уапсени наши државјани осомничени за трговија со дрога, соопшти Министерството за надворешни работи. Во соопштението на МНР, се посочува дека тројцата осомничени македонски државјани се со иницијали О.П, Г.П. […]

„Прототема“: Ќерка на македонски политичар и инфлуенсерка уапсена за шверц со дрога на Миконос


  Позната инфлуeнсерка од Северна Македонија и ќерка на политичар од соседната земја е едно од уапсените лица на Миконос за учество во злосторничка организација која продавала кокаин и екстази на грчкиот остров Миконос, пишува грчкиот весник „Прототема“.   Девојката која уште е опишана и како русокоса со многу следбеници на Инстаграм и чија мајка […]

Тешка сообраќајка на автопатот Охрид-Кичево, повеќе лица повредени


На 07.07.2022 околу 14.25 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај с.Песочан, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат панда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Х.(31) од Скопје и патничко возило „пежо 306“, со српски национални ознаки, управувано од Љ.Б.(71) од Охрид. Во несреќата возачот Љ.Б. и […]

На Миконос уапсени тројца македонски државјани – шверцери на дрога


Тројца државјани на Северна Македонија, двајца мажи на возраст од 34 и 35 години и 21-годишна девојка, во средата биле уапсени на грчкиот остров Миконос, под обвинение за трговија со дрога, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека по темелна полициска истрага, било „разбиено јадрото на мрежа на странски државјани кои […]

Фатен битолчанец што ограбил златарница


Основното јавно обвинителство – Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен битолчанец, осомничен дека сторил кривично дело – тешка кражба. – Постои основано сомнение дека на 29 јуни тој влегол во златарница на булеварот „1 Мај“ во Битола и започнал да разговара со сопственикот. Искористувајќи го моментот додека оштетениот бил наведнат позади пултот, […]

Почина Србинот осуден за силување на малолетно девојче


  Нинослав Јовановиќ, осуден на доживотен затвор за киднапирање и силување на дванаесетгодишно девојче од Ниш, почина вчера во Општата болница на Казнено поправниот дом во Пожаревац, објавија медиумите. Според „Телеграф“, Јовановиќ, кој во медиумите беше означен како „Малчанскиот бербер“, наводно „го издал срцето“. Јовановиќ на 5 август минатата година беше законски осуден на доживотен […]

Лицето со пиштол идентификувано од полицијата


Денеска полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни деликти при СВР Скопје во полициска станица извршија службен разговор со С.Р.(34) од Скопје, кој беше идентификуван од страна на полицијата како лице кое за време на инцидентот во близина на споменикот Скендербег држел пиштол во раката, но не го употребил. Пиштолот ќе […]

Кривични пријави за фрлачот на „молотови коктели“ и за напаѓачот од Скендербег


 Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје денеска до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава по брза постапка против Ј.С.(18), поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, казниво по член 385 од Кривичниот законик. Како што соопштија од МВР, […]

Дваесет и четиригодишно момче почина по пад при градежни работи


Починал дваесет и четиригодишен кичевчанец кој паднал при изведување градежни работи со градежна машина во дворот на Н.Г.(69)  од селото Србица. -Во ОВР Кичево вчера во 17.40 часот било пријавено дека Ј.Е.(24) од кичевското село Зајас, при изведување градежни работи со градежна машина во двор сопственост на Н.Г.(69)  од селото Србица, паднал и се здобил […]

Кривичниот суд определи притвор за осум лица што учествуваа во настаните пред Собранието


 Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство определи мерки притвор за осум лица кои учествувале во настаните пред Собранието на 5-ти јули. За седум лица судот определи мерка куќен притвор, а за еден од осомничените мерка притвор, сите во траење од осум дена. – Ја информираме јавноста дека осум лица во […]

Скопјанец со автомобил удрил во пешак, па избегал


Ноќеска, 20 минути по полноќ, во СВР Скопје било пријавено дека на сервисната улица која ги поврзува ул. „Јордан Мијалков“ и ул.„Македонија“, патничко моторно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М. (20) од Скопје, удрило во пешакот С.Б. (31) од Скопје. По несреќата, Н.М. го напуштил местото, но набргу потоа бил пронајден и […]

Кривична пријава против 12 лица за учество во толпа што ќе изврши кривично дело, одреден и притвор


 Во врска со извршено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, по чл. 385 од Кривичниот законик, сторено на 05.07.2022 година за време на граѓански собир пред Собранието, при што беа повредени 47 полициски службеници и извршено е оштетување на зградите на Собранието, Владата, Министерството за надворешни работи, како и полициска куќарка, […]

Приведено лицето што фрли молотов коктел кон Собранието на протестите против францускиот предлог


Полицијата во текот на вчерашниот ден го лиши од слобода лицето кое на 5 јули за време на протестот против францускиот предлог фрли молотов коктел кон зградата на Собранието. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека станува збор за Ј.С. (18) од Скопје, кој беше идентификуван од снимката и го призна делото. По документирање на […]