Боки 13 хоспитализиран поради влошена здравствена состојба


Фото: Б. Грданоски

Бојан Јовановски – Боки 13 кој одлежува казна затвор за случајот „Рекет“ денеска од КПД Идризово бил пренесен во градската болница „св. Наум Охридски“, објави „А1он“.

На Боки 13 му била влошена здравствената состојба, односно има хронични здравствени проблеми со желудникот.

Засега не е позната неговата дијагноза, но според неговиот адвокат Сашко Дуковски постои можност  да му биде извршена и хирушка интервенција.