Четири месеци затвор за Јусуф Енузи-Кока кој пукаше на „Скендербег“


Јусуф Енузи-Кока е осуден на четири месеци затвор за пукањето на плоштадот „Скендербег“, додека илјадници демонстранти маршираа кон Министерството за надворешни работи. Добивај вести на вибер Тој беше гонет за предизвикување општа опасност, каде е предвидена казна од една до пет години. Одмерената казна е под законскиот минимум. Тој останува во домашен притвор, се до […]

Еден починат, тројца тешко повредени во сообраќајка кај селата Долни Балван и Крупиште


Според првичните информации едно лице е починато, други тројца се тешко повредени во сообраќјната несреќа што се случила на магистралниот пат Штип – Кочани меѓу селата Долни Балван и Крупиште. Според надлежните, до несреќата дошло меѓу судир на две возила, што се случил во 14 часот и 50 минути. Во моментов на местото на настанот […]

Измамена кавадарчанка, лажен јавен обвинител и одзел 12 илјади денари


Измамена е кавадарчанка, на коај лажен јавен обвинител и одзел 12 илјади денари, информираа денеска од СВР Велес. Оттаму појаснија дека станува збор за 62-годишна жена која случајот вчера го пријавила во полиција. -Според пријавеното, лицето ѝ се јавило, се претставило дека е јавен обвинител од Скопје и дека против нејзиниот син наводно се водела […]

Двајца битолчани осомничени за крадењето бакарни цевки во струшкиот Завод за нефрологија


Двајца битолчани се осомничени за крадењето бакарни цевки од централниот довод за медицински гас во Специјалната болница за нефрологија во мај годинава, соопшти денеска СВР – Охрид. Одделението за внатрешни работи – Струга поднело кривична пријава против Ѓ.В. (29) и Б.В. (23), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела […]

Опожаренo возилото на пратеникот Петар Ристески


Возилото на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески било опожарено ноќеска околу 2 часот по полноќ, на улица Цар Самоил во Прилеп. Возилото „шкода“ целосно е опожарено, а во пожарот било зафатено и уште едно возило во сопственост на семејството. Настанот е пријавен во полиција, а од СВР Битола го потврдуваат. Пожарот бил изгаснат со интервенција […]

Претрес во Штип, пронајдена дрога, приведени две лица


Во вторникот, во 17.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода С.Ш.(38) и Д.Ш.(36), двајцата од Штип. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени саксија со засадено растение канабис, исушени листови од растението канабис, дробилка, боев куршум за автоматска пушка и други предмети кои […]

Се преврте цистерна кај Виница


Во понеделникот во 18 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Штип, кај место викано ,,Каменолом“, товарно возило „ман“ со полуприколка – цистерна, и двете со бугарски национални ознаки, сопственост на правно лице од Бугарија, а управувано од Д.Ј.(58) од Бугарија, се превртело на коловозот. Во несреќата возачот се здобил со […]

Шумскиот пожар над селата Ореше и Папрадиште изгаснат од мештаните


Шумски пожар кој избувнал вчера над селата Ореше и Папрадиште, а предизвикан од човечки фактор, денеска е изгаснат од страна на мештаните. Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) соопшти дека вчера во 20:05 часот од страна на шумар од ШС Бабуна биле известени дека при обиколка на место викано Плавник, бил забележан густ црн […]

Родители нападнале другарче на нивното дете во Аеродром


Обична расправија меѓу две малолетни деца заврши со напад врз едното дете од страна на родителите на другото. Според информациите кои ги имаме во саботата во општина Аеродром две малолетни дете имале недоразбирање, при што едното дете било нападнато од родителите на друго малолетно лице, Б.А. и Е.А.. Во извештајот на Министерството за внатрешни работи […]

Непознато лице лажно се претставувало како вработено во УЈП со цел да оствари имотна корист


Изминативе денови непознато лице лажно се претставувало дека работи во Управата за јавни приход како одговорно лице за наплата на долгови и барало пари од даночни обврзници со цел да го намали долгот што го имале спрема Управата, информираат од УЈП. Од Управата соопштуваат дека оваа информација ја добиле денеска, и оти согласно член 391 […]

Истрага за обид за убиство во Струмица


Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 32 и 31 година.  Првиот е осомничен за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, а вториот е осомничен за поттикнување да го изврши делото. Како што информира […]

Повреден мотоциклист во сообраќајка на „Рузвелтова“ во Скопје


Во сообраќајка што се случила утрово околу 09.50 часот на ул. „Рузвелтова“ во Скопје, според првичните информации, со повреди се здобил мотоциклист, кој бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување лекарска помош. Во СВР Скопје, информираа за МИА, било пријавено дека на ул. „Рузвелтова“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат […]

Пожарот во Мичурин изгаснат по интервенцијата на противпожарната служба


 Пожарот кој попладнево избувна во станбен објект во Мичурин е изгаснат по интервенцијата на екипите од Противпожарната единица на Град Скопје. Според информациите од Противпожарната единица, нанесена е материјална штета но нема починати или повредени во текот пожарот. Противпожарната единица интервенираше со четири возила и 12 пожарникари за гасење на пожарот.

Се пукало на свадба во Тетово, па раниле дете


Ноќеска, во 2.10 часот во СВР Тетово се пријавил З.З.(32) од Скопје поради сомнение дека синоќа (15 јули) околу 20.00 часот, на семејна свеченост во Тетово, пукал со огнено оружје, а куршумот повредил малолетник, кој бил присутен на свеченоста и на кого му е укажана лекарска помош. Се превземаат мерки за расчистување на случајот, по […]

Затворена фабрика за производство на канабис за медицински цели во Струга


Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека во Струга е затворена фабрика за производство на канабис за медицински цели и спречено е производство на дрога вредна пет милиони евра. Акцијата е спроведена вчера во објект во селото Дрслаица во општина Струга. – При контролата е констатирано дека инсталираниот видео надзор не го покрива целиот објект и […]

Во последниве шест недели притворени 26 дилери на дрога во Битола


  БИТОЛА – Битолската полиција влезе во отворена битка со дилерите на дрога, ретки се деновите во полицискиот извештај да нема информација за фатен дилер на дрога. Според анализата на СВР Битола дадена за „Независен“, само во последните 45 дена, лишени од слобода се дури 26 дилери на дрога во Битола. При претрес кај нив […]

(Видео) Запленета дрога вредна над 400.000 евра во Кочани


На 15.07.2022 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога и СВР Штип-НК за КР Кочани до Основно jавно oбвинителство Кочани поднесоа кривична пријава против правeн субјект од Кочани за производство на канабис и С.В.К. (39) од Р.Бугарија, поради постоење […]

Запленетa дрога во Кочани, вредна близу половина милион евра


 Полицијата денеска заплени над 200 килограми марихуана во голема полициска акција во Кочани. Полициска акција се уште е во тек, а детали од МВР најавуваат за утрешниот ден, по завршување на акцијата. Според првичните проценки, вредноста на дрогата е близу половина милион евра.

Скопјанка на возраст од 28 години пронајдена мртва во својот дом


Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 07.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Блаже Биринчето“ во Скопје била пронајдена почината М.М.(28) од Скопје, која боледувала од хронична болест. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција, […]

Скопјанка злоупотребувала лични податоци


ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 58-годишна жена од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Таа, во својство на судски извршител, на 09/10.04.2022 во дневен весник објавила лични податоци на машко лице од Кичево без негова согласност. Објавата се однесувала за предмет кој немал извршен наслов, со […]