Телото пронајдено покрај Тиквешко Езеро е на 34-годишниот маж од Буково


Телото кое беше пронајдено минатата недела покрај автомобил кај Тиквешкото езеро му припаѓа на исчезнатиот 34-годишен Николче Николовски од Буково, Битола, објави Фокус.

Од таму се вели дека Николовски ќе биде пог ребан утре на гроб иштата во село Буково, а неговите блиски велат дека причината за смр тта се уште не се знае бидејќи се чекаат резултати од обду кција.

Негов пријател пак во изјава за Фокус вели дека останале многу неодговорени прашања, за кои сметаат дека надлежните треба да им ги дадат одговорите.

 

Тој вели дека се изненадени како никој толку време не го забележал автомобилот, односно дека локацијата каде е пронајден автомобилот и телото е покрај земјен пат кој не е непристапен.

– Николче исчезна од својот дом на 13-ти мај, со својот автомобил Форд Фиеста, а автомобилот му беше пронајден пред околу десет дена, во близина на Тиквешко Езеро.
Од информациите кои ги имаме, неговото тело се наоѓало покрај автомобилот. Не знаеме како и од што починал, но изненадени сме како никој не го забележал автомобилот и телото толку долго време, локацијата е покрај земјен пат, зарем никој не поминал од таму со месеци? – прашува негов пријател од Буково, чиј идентитет е познат на редакцијата на ,,Фокус”.