Навивачи на ФК Шкупи претепале осум Швеѓани кај Бит Пазар


Навивачи на ФК Шкупи претепале Швеѓани кај Бит Пазар. 

Во Полициска станица Бит Пазар вчера  околу 18.45 часот е пријавено дека во близина на плоштадот на подрачјето на Бит Пазар група лица-навивачи на ФК Шкупи физички нападнале осум државјани на Шведска кои во Скопје дошле поради натпревар кој треба да се одигра на 11.08 помеѓу ФК Шкендија и ФК АИК. Полицајци од Единицата за интервентна полиција веднаш интервенирале и преземаат мерки за расчистување на случајот.