Ковачевски: Поради солидарноста во регионот немаме недостиг на пченица во овој момент


Уште минатата година како земја започнавме со проекти во полето на енергетска транзиција и од традиционални извори на енергија да почнеме со производство на енергија од обновливи извори. Затоа бројни проекти во полето на соларната енергија веќе беа започнати, а еден од нив наскоро ќе биде пуштен во производство и поврзан на мрежата, порача претседателот […]

Путин не отстапува, бара рускиот гас да се плаќа во рубли


Рускиот претседател Владимир Путин на 31 март очекува извештај од владата, централната банка и Гаспром за примена на упатството за примена на рубљата за плаќање на гасот што се испорачува на „непријателските земји“, објави прес-службата на Кремљ. Владата на Руската Федерација, заедно со Банката на Русија и јавното акционерско друштво Гаспром, треба да примени сет […]

Раст на продажбата на возила на нови извори на енергија во Кина


Производството и продажбата на возила напојувани со нови извори на енергија во Кина драстично се зголеми во првите два месеца од оваа година и покрај пандемијата на коронавирусот, како и зголемените цени на суровините, се наведува во извештај на Кинеската академија за информации и комуникациски технологии. Според извештајот, „во јануари и февруари се произведени околу […]

Во четврток 42. сесија на Клубот на истражувачи на Народната банка


Во четврток ќе се одржи 42. сесија на Клубот на истражувачи на Народната банка. „Евроизација кај домаќинствата во Република Северна Македонија: Дали е блиску или далеку од оптималните нивоа?“ е темата на која ќе говорат Тања Јакимова, Милан Елисковски и Артина Беџети Бафтијари.  Сесијата ќе се одржи преку видеоконференциска врска, а ќе почне во 14 часот. По […]

Цените на нафтата паѓаат


Цените на нафтата денеска значително паднаа по наглото поскапување минатата недела. Трговците се загрижени за заклучувањето во Шангај, што може да доведе до пад на побарувачката за нафта во Кина, најголемиот увозник на нафта во светот. На лондонскиот пазар утрово цената на барелот падна за 2,6 отсто, на 117,50 долари, додека на американскиот пазар барелот […]

Каде руските олигарси ги кријат своите „црни пари“


Со децении, руските олигарси пренесуваа милијарди долари незаконски стекнати пари во странство, ставајќи ги во скриени компании за да се направи исклучително тешко да се следи. Сега, земјите ширум светот преземаат чекори за да ги пронајдат. Колку руски „црни пари“ има низ светот? Американскиот тинк-тенк Атлантскиот совет вели дека Русите имаат околу 1 билион долари […]

Ова е крајот на глобализацијата, вели првиот човек на финансиската империја „БлекРок“


Лари Финк, првиот човек на финансиската империја „БлекРок“ (најголемиот светски менаџер на средства), напиша во писмо до акционерите дека руската инвазија на Украина го менува светскиот поредок по Студената војна. „Руската инвазија го означува крајот на глобализацијата каква што ја знаеме во последните три децении. Нападот ја зголеми поларизацијата и екстремистичкото однесување што сè почесто […]

Лагард: ЕЦБ не очекува стагфлација во еврозоната


Европската централна банка (ЕЦБ) не очекува војната во Украина да ја турне еврозоната во стагфлација, дури и ако инфлацијата се зголеми поради високите цени на енергијата и забавувањето на растот, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард. „Податоците што ги добиваме не укажуваат на ризик од стагфлација“, рече Лагард во интервју за кипарскиот весник Filelefteros, што […]

Регулаторот ги повикува Французите да ја намалат потрошувачката на енергија


 Војната во Украина директно го постави прашањето за зависноста на европскиот континент од природниот гас од Русија. Претседателот на Комисијата за регулирање на енергијата , Жан-Франсоа Каренко, денеска ги повика сите Французи да штедат енергија уште сега, навестувајќи им го ризикот да се соочат со тензии во снабдувањето следната зима, јави дописникот на МИА. Во […]

Утре започнува етапната исплата на мартовски пензии, со дополнителни 1.000 денари финансиска поддршка


Од утре (29 март) започнува етапната исплата на мартовските пензии, кои се повисоки за 1.000 денари. Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, повеќе од 330 илјади пензионери ќе ги добијат дополнителните 1000 денари со исплатата на мартовската пензија преку договорената директна финансиска помош која ќе биде исплатена и во месеците април […]

Канада вети дека ќе им помогне на земјите да престанат да користат руска нафта


Канада –  Канада соопшти дека може да обезбеди повеќе нафта, гас и ураниум за да помогне во решавањето на глобалната енергетска криза, јави Би-Би-Си. Канадскиот министер за природни ресурси Џонатан Вилкинсон изјави дека многу земји се посветени „да помогнат колку што можеме во однос на надоместувањето на руската нафта и гас“. Четвртиот најголем производител на нафта […]

Вкус кој се споделува со генерации: „Краш Бонбониера” повторно ги отвори вратите на ул. Македонија


Приказната за Краш има минато и иднина и е „Вкус кој се споделува со генерации“ под ова мото се ре-отвори Краш Бонбониера на улица Македонија.   Со свечена црвена лента точно напладне вратите на „Краш” ги отворија претставници од менаџментот на Краш Хрватска и увозниците Колид С Тим, како и Хрватската амбасадорка Нивес Тигањ.   […]

Maкедонско вино на меѓународниот Слоу вајн саем во Болоња 


Седум македонски винарии учествуваат на меѓународниот Слоу вајн саем во Болоња, што почнува денеска, а ќе трае до 29 март. Меѓу учесниците се тиквешките семејни винарии Наумчеви, Ерос, Јаковлевски, Вински подрум Попови, Захарчев, Пешков, како и винаријата Шато Камник. Тие ќе ги претстават своите вина пред интернационалната публика составена од вински професионалци, дистрибутери на вино, […]

Увозот на српска пченица се очекува идната недела, крената „рампата“ и за суровото масло


Земјава следната недела ги очекува првите количини жито од Србија. Откако и официјално беше договорено да биде тргната забраната за извоз во нашата држава, северниот сосед ги почна административните процедури и формалности по кои се очекува реализација на увозот. Србија ја крена „рампата“ и за извоз на сончоглед. – Очекувам следната недела да почне увозот […]

Со првиот редовен лет Софија – Скопје патуваа 22 лица


 Дваесет и две лица патуваа со првиот редовен лет од Софија за Скопје што се одржа денеска, изјави за БТА Јанко Иванов од ГуливЕр. Тој рече дека во главниот град на Република Северна Македонија имало многу службеници кои ја поздравиле воспоставената авиолинија. На оваа дестинација ќе се лета два пати неделно – во сабота и […]

Обезбедени субвенции за набавка на вештачко ѓубриво и за пченка, сончоглед и ориз


Интервентниот фонд ќе се прошири со нови мерки, обезбедуваме дополнителни субвенции за набавка на вештачко ѓубриво и за сончоглед, пченка и ориз најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешната средба со земјоделците во Штип. Порача дека сите механизми и мерки се ставени во функција на обезбедување на одржливо земјоделско производство и […]

И Македонија ќе биде вклучена во договорот за течен гас меѓу САД и ЕУ


Македонија, како и другите земји на Западен Балкан, ќе биде вклучена во Платформата за заедничко купување течен гас (ЛНГ) и хидроген што вчера го договорија ЕУ и САД. Ова е резултат на политиката на солидарност во овие времиња на предизвици во кое заедничката стратегија дава резултати, се вели меѓу другото во заклучоците на Европскиот совет. […]

Финансиските регулатори потпишаа меморандум за соработка во финтек-областа


  На иницијатива на Народната банка, а заради создавање услови за поддршка на развојот на финтек-секторот, финансиските регулатори ‒ Народната банка (НБ), Министерството за финансии (МФ), Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), склучија Меморандум за соработка. Со Меморандумот се […]

„Спотифај“ се повлекува од Русија


Популарниот стриминг сервис „Спотифај“ се повлекува од Русија поради новите руски закони кои предвидуваат затворски казни за емитување информации за војната во Украина, кои отстапуваат од официјалните најави на руското Министерство за одбрана. „Новите правила дополнително го ограничуваат пристапот до информации, ја елиминираат слободата на изразување и криминализираат одредени видови вести, што е ризик не […]

Царината со појаснување за користењето приоритетни ленти во рамки на Отворен Балкан


Царинската управа во објава на Фејсбук го појаснува начинот на користење на приоритетните ленти во рамки на иницијативата Отворен Балкан.   Поставената табла за користење на приоритетна лента во рамки на Отворен Балкан е наменета за: иматели на одобренија за Овластен Економски Оператор (ОЕО) од Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија, економски оператори […]