Ова е крајот на глобализацијата, вели првиот човек на финансиската империја „БлекРок“


Лари Финк, првиот човек на финансиската империја „БлекРок“ (најголемиот светски менаџер на средства), напиша во писмо до акционерите дека руската инвазија на Украина го менува светскиот поредок по Студената војна.
„Руската инвазија го означува крајот на глобализацијата каква што ја знаеме во последните три децении. Нападот ја зголеми поларизацијата и екстремистичкото однесување што сè почесто ги гледаме во општеството“, напиша Финк еден месец по почетокот на руската агресија.

BlackRock, кој управува со средства од повеќе од 10 трилиони долари, се приклучи на санкциите и повеќе не додава руски хартии од вредност во своето портфолио.