Дизелот поскап за два денара


Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за два денара по литар, а цените на останатите горива остануваат исти, одлучи вечерва Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 86 денари за […]

САД значајно ќе ги зголемат испораките на течен природен гас во Европа 


САД – САД годинава во ЕУ ќе постават околу 15 милијарди кубни метри течен природен гас за ЕУ да може постепено да се откаже од снабдувачката со руски гас, јавија некои американските медиуми.  Поради инвазијата на Русија во Украина, ЕУ годинава има за цел да ја намали зависноста од руски гас за две третини, а целосно да […]

„Тифани“ нема да купува нови дијаманти ископани од Русија


САД– Тифани и Ко. во петокот објавија дека престанале да купуваат нови дијаманти ископани од Русија, се вели во соопштението доставено до Блумберг. Изданието вели дека забраната не влијае на руските дијаманти кои веќе се во продавницата, како и на дијамантите кои веќе го започнале тримесечното патување од Русија до добавувачите на Тифани кои ги […]

Бесими: Финансиската едукација е клучот за успешна економија


Финансиската едукација е клучот за успешна економија, бидејќи колку финансиски пописмени се граѓаните, толку подобри финансиски одлуки ќе носат и со тоа придонесуваме за подобри економски резултати во целост, напиша министерот за финансии Фатмир Бесими на „Фејсбук“ по предавањата пред студенти од „Американ колеџ“ и Државниот универзитет во Тетово.   Предавањата се дел од одбележувањето […]

Од утре редовна авиолинија Софија-Скопје


Редовната авиолинија Софија-Скопје-Софија стартува утре. Првиот лет ќе се реализира во 05.30 часот кога на Меѓународниот аеродром Скопје треба да пристигне авионот на компанијата „Гуливер“. Авионското поврзување меѓу главните градови на Северна Македонија и Бугарија е првиот конкретен чекор на соработката што ја најавија по првата средба премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков што се […]

Во јануари 69,8 отсто од потрошената струја од домашно производство


Во јануари годинава во земјава вкупно се потрошени 829.783 мегават часови електрична енергија, 37,419 милиони нормални кубни метри природен гас, 497.697 тони јаглен и 90.174 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, 69,8 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 98,2 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени […]

Снабдувањето со природен гас во фокусот на разговорите на Македонско-бугарската работна група


„Булгартранс гас“ да разговара за обезбедување дополнителни количини природен гас, но и да се разгледа можноста за резервирање капацитети за Северна Македонија во складиштата кои се на територијата на Бугарија, договори на денешниот состанок македонско-бугарската Работна група за инфраструктура, транспорт и енергетика помеѓу Северна Македонија и Бугарија. Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, […]

Комисијата за економски прашања го усвои Предлог-финансискиот план на РКЕ за 2022


Комисија за економски прашања денеска ги усвои Предлог на финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РЕКВУ) за 2022 година и Предлог на одлука за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на РЕКВУ за 2022 година, во рамки на 10-тата седница. За пратениците од опозицијата, финансискиот план на […]

Бајден: САД оваа година ќе заменат 10 отсто од рускиот гас во ЕУ


  САД ќе се стремат да ги поттикнат домашните производители на течен природен гас (ЛНГ) да извезат 15 милијарди кубни метри во ЕУ оваа година, изјави во петокот американскиот претседател Џо Бајден. „Се здружуваме за да ја намалиме зависноста на Европа од руската енергија“, рече Бајден, зборувајќи заедно со претседателката на Европската комисија Урсула фон […]

Туристичката година е критична и неизвесна, оценува бизнис секторот


Критична, ризична и неизвесна ќе биде оваа туристичка година. Веќе ги изгубивме рускиот, украинскиот и полскиот пазар, намалени се групите на нашите традиционални посетители од Белгија и Холандија, а откажани се и голем број аранжмани или можеби ќе се реализираат, но без гаранција, оценува бизнис секторот од Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора […]

Голем успех за вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ на престижни меѓународни натпревари во Франција и Кина


Продолжува големиот успех на вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“. На две престижни меѓународни натпреварувања, што се одржаа во Кина и во Франција, врвните вина го докажаа својот квалитет, освојувајќи седум златни и четири сребрени медали, како и една специјализирана награда. На најголемиот и најпрестижен натпревар што се одржуваа во Хонг Конг – […]

Бислимоски од Енергетскиот самит во Неум: Неопходни се инвестиции и рационално трошење на енергенсите


Кризата во енергетскиот сектор со која се соочува цела Европа освен што на јавноста и го откри вистинското значење на енергетската независност, во исто време ги стави инвестициите во енергетиката во фокус на владите при креирање на буџетите, истакна претседателот на Бордот на регулатори на Енергетската заедница и претседател на Регулаторната комисија за енергетика и […]

„Штутгартер Цајтунг“: Компанијата „Северен тек 2“ оди во стечај


Компанијата „Северен тек 2“, задолжена за истоимениот гасовод меѓу Русија и Германија, наскоро ќе покрене стечајна постапка, изјави лидерот на компанијата Матијас Варниг за германскиот весник „Штутгартер цајтунг“. Непосредно пред рускиот напад на Украина, Германија го стопираше проектот. САД воведоа санкции за компаниите и највисоките членови на управата, додека самата компанијата потоа ги отпушти сите […]

(Видео) Прес-конференција на министрите Бектеши и Николов


Проследете ја прес-конференцијата на министерот за економија Крешник Бектеши и на министерот за енергетика на Република Бугарија, Александар Николов. Двајцата министри ќе одржат работен состанок со работната група во областа на енергетиката во рамки на Работната група за инфраструктура, транспорт и енергетика помеѓу Северна Македонија и Бугарија.  

Избрани претставниците за европското финале на „Европскиот квиз на пари”


Наши претставници на Европското финале на „Европскиот квиз на пари” ќе бидат учениците од училиштето СУГС „Joсип Броз Тито“ – Скопје, Матеја Талеска и Дино Дановиц, под менторство на професорката Емилија Величкова, кои на националниот натпревар успеаа да ги победат останатите 439 тима, од кои 423 тима се натпреваруваа на македонски, а 16 тима на […]

Како Македонија ќе го плаќа гасот што доаѓа од Русија


  Компаниите увозници на гас во нашата земја, засега немаат добиено барање за промена на начинот на плаќање кој до сега се користел спрема извозниците од Русија, откако официјална Москва најави дека ќе бара овој енергент да се плаќа во нивната локална валута – рубљата. Од Народната банка велат дека до сега не е доставен […]

УНКТАД ја намали прогнозата за глобален раст


Светската економија значително ќе забави оваа година поради војната во Украина и постепеното исчезнување на пандемиските стимули низ светот, наведува Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД). Светската економија годинава ќе порасне за 2,6 отсто, проценува УНКТАД, намалувајќи ја досегашната прогноза за еден процентен поен. Руската економија нагло ќе падне, за 7,6 отсто, […]

Од следната недела оперативни кредитни линии за стопанството


Од следната недела ќе бидат оперативни неколку кредитни линии од Развојната банка наменети за стопанството, најави денеска од Струмица вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Овие кредитни линии во вредност од околу 46 милиони евра, според Битиќи, ќе му помогнат на стопанството да се справи со енергетската криза и со последиците од руско-украинскиот конфликт, но […]

Струмица бара намалување на ДДВ за гасот на 5 отсто за да им се помогне на стопанствениците


Струмица е исклучително добар пример како локалната самоуправа може да се справи со кризата. Таа е единствена општина во која локалната самоуправа има обезбедено субвенции и за граѓаните, но и за стопанствениците за да се справат со енергетската криза, рече заменик претседателот на Владата за економски прашања, Фатмир Битиќи, на денешниот работен појадок со струмичките […]

Централната банка на Русија одговори на замрзнувањето на резервите, воведе ограничувања на Западот


Русија примени реципрочна мерка и го ограничи готовинскиот тек кон „непријателските земји“ како одговор на замрзнувањето на дел од нејзините резерви, соопшти денеска руската централна банка. Банката на Русија потсетува дека како одговор на западните санкции, Владата веќе забрани продажба на хартии од вредност на странски инвеститори и повлекување средства од рускиот финансиски систем. „Покрај тоа, исплатата на корпоративниот […]