Вкус кој се споделува со генерации: „Краш Бонбониера” повторно ги отвори вратите на ул. Македонија


Приказната за Краш има минато и иднина и е „Вкус кој се споделува со генерации“ под ова мото се ре-отвори Краш Бонбониера на улица Македонија.  

Со свечена црвена лента точно напладне вратите на „Краш” ги отворија претставници од менаџментот на Краш Хрватска и увозниците Колид С Тим, како и Хрватската амбасадорка Нивес Тигањ.
 
– Нашите соработници во Македонија ја следат визијата на „Краш” најдобар бренд на Балканот и поим за чоколади и слатки за идните генерации. Приказната за “Краш” има иднина и треба да се споделува со генерации бидејќи „Краш” бил и останува омилен бренд кој треба да го негуваме. -рекоа Невен Пивац мнозински акционер и Славко Ледиќ претседател на управниот одбор на „Краш Хрватска”.  

Хрватската амбасадорка во Северна Македонија Нивес Тигањ рече дека е чест што една од 30-те хрватски компании кои успешно работат на македонскиот пазар.

– Навистина сум задоволна што „Краш” повторно ги отвори вратите за сите гурмани и сладокусци. Сигурно една од нив е познатата Бајдера, а Амбасадата на Република Хрватска во Северна Македонија ќе продолжи, во сите прилики,  да ја промовира не само Бајадера, туку и другите Крашови слатки производи. – изјави хрватската амбасадорка Тигањ. 

На настaнот присуствуваа пријатели на компанијата, претставници од бизнис секторот, како и родители и деца кои ги забавуваше диџеј Алек Солтиров заедно со маскотата Панда која ги наградуваше децата. На ре-отворањето присуствуваа и децата од СОС Детско село кои си добија слатки подароци.

Краш од 1911 годинa па до ден денес наназад е најголем производител и најзначаен бренд во категоријата чоколади, вафли, бомбоњери и бонбони е лидер во сите екс југословенски земји вклучително и Македонија.