„Оракл“ купува групација за електронски здравствени досиеја за 28,3 милијарди долари


„Оракл“ ќе плати 28,3 милијарди долари за Cerner, голема групација која прави електронски здравствени досиеја и сличен софтвер. Тоа е убедливо најголемата набавка на бази на податоци во светот и знак дека големите ИТ компании го гледаат здравствениот сектор како можност за раст. Преземањето треба да му помогне на „Цернер“ да се справи со растечката …

„Оракл“ купува групација за електронски здравствени досиеја за 28,3 милијарди долари Read More »

НБ: Во ноември депозитите поголеми за 8,1, а кредитирањето за 7,7 отсто


Вкупните депозити во ноември годинава, на годишна основа, се повисоки за 8,1 отсто, при раст кај двата сектора – корпоративниот и домаќинствата со поголем придонес на секторот домаќинства. На годишно ниво, вкупните кредити, во ноември, бележат раст од 7,7 проценти, при зголемено кредитирање кај двата сектора, поизразен кај секторот домаќинства, информира Народна банка (НБ). -Во …

НБ: Во ноември депозитите поголеми за 8,1, а кредитирањето за 7,7 отсто Read More »

Цената на гасот во Европа урива рекорди – илјада кубни метри сега чинат 2.000 долари


Денеска за прв пат во историјата цената на гасот во Европа го надмина нивото од 2.000 долари за 1.000 кубни метри. Тоа е 200 долари повеќе од утрово и 300 долари повеќе од вчера. Фјучерсите за испорака на гас за јануари на пазарот TTF во Холандија скокнаа на 2.004 долари за 1.000 кубни метри, или …

Цената на гасот во Европа урива рекорди – илјада кубни метри сега чинат 2.000 долари Read More »

(Во живо) Изјави по потпишувањето на договорот на Отворен Балкан


 Премиерот Зоран Заев заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и со албанскиот премиер Еди Рама денеска учествуваат на Самитот на иницијативата „Отворен Балкан“ во Тирана. Тие потпишаа заеднички договор за услови за слободен пристап на пазарот на труд во Западен Балкан, како и договор за поврзување на шемите за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан. По …

(Во живо) Изјави по потпишувањето на договорот на Отворен Балкан Read More »

Вредноста на спојувањата и преземањата во светот достигна рекордни нивоа во 2021 година


Глобалната активност на спојувања и преземања (M&A) во 2021 година ги надмина претходните рекорди, бидејќи огромните количества капитал и високите вредности на пазарите го зголемија френетичното ниво на склучување на тие зделки. Вредноста на спојувања и преземања го надмина нивото од 5.000 милијарди долари првпат досега, што е за 63 отсто повеќе од минатата година, …

Вредноста на спојувањата и преземањата во светот достигна рекордни нивоа во 2021 година Read More »

Давос е мртов


Повторно е одложена најелитната конференција во светот. Чувајте го кавијарот и вратете го визонот во плакар. Давос е повторно мртов. Блескавиот и со нетрпение очекуваниот годишен состанок на Светскиот економски форум, закажан за швајцарското планинско одморалиште на 17-21 јануари, е откажан втора година по ред и заменет со серија онлајн дискусии. Одложувањето – поради појавата …

Давос е мртов Read More »

Шахпаска: Со Законот за недела неработен ден ги унапредуваме правата на работниците


Министерката за труд и социјална политика во денешното интервју за „Утрински брифинг“ оцени дека со новото законско решение, кое предвидува недела да биде ден за неделен одмор, се унапредуваат работничките права, што е предуслов за мотивиран работник.   -Се радувам што Собранието, после една година транспарентна  дебата со сите засегнати учесници во нашето општество, синдикатите, …

Шахпаска: Со Законот за недела неработен ден ги унапредуваме правата на работниците Read More »

ОРМ нуди две нови услуги за зголемување на продуктивноста и конкурентноста на македонските компании


Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) ги промовираше двете нови услуги: Едукативна тренинг платформа и Конкурентна плата. Првата од двете услуги на ОРМ претставува дигитална едукативна тренинг платформа која овозможува надградба на знаењето и вештините на вработените во компаниите, а со тоа и на нивната продуктивност, преку бесплатни курсеви, како и еднодневни и тридневни обуки …

ОРМ нуди две нови услуги за зголемување на продуктивноста и конкурентноста на македонските компании Read More »

Промовирани можности за финансиска поддршка на стартапи и претпријатија со потенцијал за раст


Во текот на следната година, проектот „ЕУ за економски раст“ ќе ја отвори грантовата шема во висина од 5,5 милиони евра за поддршка на стартап компании и микро, мали и средни претпријатија  со потенцијал за раст. Проектот е ко-финансиран од Европската Унија и германското Сојузно министерство за економија и енергетика, а спроведуван од страна на …

Промовирани можности за финансиска поддршка на стартапи и претпријатија со потенцијал за раст Read More »

Во недела 50 отсто повисока дневница за суштинските, 100 отсто за несуштинските дејности


 Од 1 јануари наредната година треба да почне да се применуваат измените на Законот за работни односи кои ја дефинираат недела како неработен ден, откако вчера Собранието ги усвои на пленарна седница. Усвоени беа и измените во Законот за трговија, во кој исто така се регулира дел од работата во недела. Согласно законските измени, за …

Во недела 50 отсто повисока дневница за суштинските, 100 отсто за несуштинските дејности Read More »

Аналитика: За извозно ориентираните компании, „Отворен Балкан“ нуди нови можности за економијата


Извозно ориентираните компании сметаат дека иницијативата „Отворен Балкан“ е од големо значење за нив поради можностите за подобрување на работата и остварување на поголем раст на компаниите, покажува истражувањето што го спроведе тинк тенк организацијата „Аналитика“. Високи 96,4 проценти од анкетираните одговориле дека иницијативата би отворила нови можности за нивната компанија, наспроти 3,6 проценти кои …

Аналитика: За извозно ориентираните компании, „Отворен Балкан“ нуди нови можности за економијата Read More »

Бектеши: Интерконекторот за природен гас со Грција ќе почне да се гради на почетокот на следната година


Интерконекторот за природен гас со Грција ќе почне да се гради на почетокот на следната година, информира министерот за економија Крешник Бектеши. Тој на својот фејсбук профил истакна дека проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, делот на Северна Македонија“, ќе биде во износ од 28,9 милиони евра. -Собранието денеска го …

Бектеши: Интерконекторот за природен гас со Грција ќе почне да се гради на почетокот на следната година Read More »

Заштитата на работничките права „паѓа“ на релацијата меѓу инспекторите и второстепената комисија


Застарени формулари или некомплетна документација во записниците на трудовите инспектори се најчестите причини второстепената комисија да не постапува во заштита на работничките права, покажаа анализите и истражувањата на НВО „Гласен Текстилец“-Штип. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ на денешната презентација на резултатите од истражувањето во рамките на проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките …

Заштитата на работничките права „паѓа“ на релацијата меѓу инспекторите и второстепената комисија Read More »

Турската лира паѓа без запирање по коментарите на Ердоган


  ИСТАНБУЛ – Турската лира се спушти на најниски нивоа во понеделникот, вклучително и за првпат ја помина границата од 20 за евро, откако претседателот Таип Ердоган ја удвои својата неортодоксна политика за ниски стапки повикувајќи се на исламската доктрина за лихварство. Притисокот на претседателот за за намалување на каматните стапки за 500 базични поени …

Турската лира паѓа без запирање по коментарите на Ердоган Read More »

Продолжува растот на цените на енергетските берзи во Европа


Цените на електричната енергија во Европа продолжуваат да растат и при денешното затворање на енергетските берзи, покажуваат податоците на платформата Energylive. Зделките се за утрешна испорака, 21 декември. Највисока цена на струјата утре ќе има Франција – 442,88 евра за мегават/час, што е зголемување за 15,9 отсто во однос на денеска. На австриската берза струјата …

Продолжува растот на цените на енергетските берзи во Европа Read More »

(Во живо) Прес-конференција на Фатон Асани и директорот на „Славија” Блаже Зафировски


Владата и Агенцијата за управување со одземен имот ја интензивираа својата работа во насока на средување на сите процесни подготовки за продажба на имотот кој е претходно конфискуван врз основа на правосилни судски пресуди за сторени кривични дела. Владата одлучи и ја задолжи Агенцијата за управување со одземен имот да ја отпочне постапката за продажба …

(Во живо) Прес-конференција на Фатон Асани и директорот на „Славија” Блаже Зафировски Read More »

Почина светски познатиот енолог Филип Камби – голем промотор на македонското вино во светот


Филип Камби, еден од најпознатите светски енолози заслужен за развојот на современата винска индустрија, ненадејно почина на 59-годишна возраст. Камби беше и еден од консултантите на Винарската визба „Тиквеш“ и на Chateau De Gourdon во Франција, каде што работеше во повеќе винарници, особено во долината на реката Рона. Соработката помеѓу Камби и „Тиквеш“ започна во …

Почина светски познатиот енолог Филип Камби – голем промотор на македонското вино во светот Read More »

Португалска компанија ја купи телевизијата Еуроњуз


Португалската инвестициска компанија Алпак (Alpac) купи мнозински дел од паневропската телевизија Јуроњуз (Euronews) и планира да ја направи медиумската мрежа глобален играч. Јуроњуз, лансиран во 1992 година, имаше тешкотии во претходните години што доведоа до значително внатрешно преструктуирање. Сепак, телевизијата тврди дека сега финансиското закрепнување е побрзо од очекуваното и дека се очекува повторно да …

Португалска компанија ја купи телевизијата Еуроњуз Read More »

Одложен Светскиот економски форум поради Омикрон


Светскиот економски форум во Давос, кој требаше да се одржи во јануари, се поместува за почетокот на летото, поради загрижувачката нова Омикрон варијанта на корона вирусот, како што објави денеска Скај њуз. Според соопштението, и покрај строгите здравствени протоколи што ќе важат на конференцијата, заразноста на Омикрон и неговото влијание врз патувањето го направија одложувањето …

Одложен Светскиот економски форум поради Омикрон Read More »

На малите хидроелектрани им биле уплатени 41 милион евра повеќе поради повластени тарифи


Во периодот од 2012 до 2021 на малите хидроелектрани им биле платени 41 милион евра повеќе во однос на пазарната вредност поради користење на законски предвидливите повластени тарифи врз основа на договорите со важност од 20 години, констатирале ревизорите при направената ревизија за експлоатацијата на водните ресурси при производство на електрична енергија.   Од Државниот …

На малите хидроелектрани им биле уплатени 41 милион евра повеќе поради повластени тарифи Read More »