ЕЦБ го прекинува откупот на обврзници и најавува серија зголемувања на каматните стапки по 11 години


Европската централна банка потврди во четвртокот дека ќе ја прекине долгорочната шема за купување обврзници на 1-ви јули и навести серија зголемувања на каматните стапки од јули, бидејќи се бори со тврдоглаво висока инфлација. Бидејќи растот на цените се искачи на рекордни 8,1 отсто минатиот месец и брзо се прошири, ЕЦБ ги укинува стимулативните мерки […]

Компаниите во ТИРЗ годинава ќе користат 20 проценти повеќе гас, во зоните ќе никнат и фотоволтаици


Поради зголемениот обем на производство, очекуваме оваа година компаниите да искористат 20 проценти повеќе гас, а економската активност за првите пет месеци и покрај кризата и ризиците расте со стабилно темпо, изјави директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски. Тој на денешната средба со новинарите за новиот развоен концепт на ТИРЗ, со кој Технолошко индустриската зона во […]

БДП во првиот квартал пораснал за 2,4 отсто


Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2022 година е 2,4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје од 2022, пораст е забележан во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна […]

Ангеловска-Бежоска: Со подигнување на капацитетот на институциите во регионот, до раст на продуктивноста и економскиот потенцијал


Емпириските истражувања покажале дека кај земјите со помал доход, јакнењето на институциите има значаен позитивен придонес за поефикасно спроведување на структурните реформи, раст на продуктивноста и за повисок економски раст, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на панел-дискусијата на Годишната конференција организирана од Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), Љубљана, на тема „Силните институции […]

Во срцето на Хомоље, Србија, не се крие само злато, туку и свежина на меурчињата од недопрената природа


Спектакуларно доживување за сите сетила беше промоцијата  на новиот член на семејството „Роса“, природната минерална вода – газираната „Роса Хомоље“, веќе присутна во Србија, а наскоро и во Македонија. Со уникатна мултимедијална визуелна изложба „Хомоље те вика – Длабока шума“ во една од најубавите пештери во Србија, Рајкова пештера, партнери, пријатели, и претставници на медиумите […]

Неуромедика гламурозно го прослави јубилејот 30 години


Вчера, 8 јуни, приватната болница „Неуромедика“ го прослави  јубилејот 30 години постоење со голем гламурозен настан на кој имаше повеќе од 2000 гости. Настанот доби посебен шарм со македонскиот актер и водител Сашко Коцев, а за забавата и супер расположението на присутните гости се погрижија балканската ѕвезда Саша Матиќ и бендот Тринити Стрингс од Скопје. […]

ОЕЦД: Војната во Украина најмногу ќе ги погоди економиите во Европа


Светската економија годинава нагло ќе забави поради војната во Украина, која ја намали куповната моќ на граѓаните, а Европа ќе претрпи најтешки последици, предупреди Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Светската економија годинава ќе порасне за три отсто, проценува ОЕЦД, намалувајќи ја својата декемвриска прогноза за 1,5 процентни поени. Во 2023 година растот би […]

Како до поголем раст и повисок стандард: Што предвидува Рамката за развој МКД 2030


Забрзан економски раст, заштита на животната средина на ниво на европскиот просек и редефинирана енергетска политика, забрзување на дигиталната трансформација и промовирање на дигитална економија и образованието, младите и инклузивниот развој, се четирите приоритети на Рамката за развој МКД 2030 којашто денеска беше промовирана од претседателот Стево Пендаровски. – За да постои реална шанса за […]

Пад на акциите на европските берзи во пресрет на седницата на ЕЦБ


Вредноста на акциите на европските берзи денеска бележат пад, бидејќи инвеститорите не сакаат да преземаат ризици во пресрет на состанокот на лидерите на Европската централна банка, од кој се очекува да бидат најавени зголемувањата на каматните стапки, имајќи ја предвид рекордната инфлација во еврозоната. Индексот „STOXX 600“ на водечките европски акции изутринава падна за 0,6 […]

ССК: Воспоставување на брза лента на границите за туристичките автобуси во рамки на „Отворен Балкан“


Претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангелоски  и претседателот на Туристичко-угостителската комора, Аркан Керим беа дел од самитот „Отворен Балкан“ кој се одржа во Охрид, како настан од голема важност на кој присуствуваа највисоки државни претставници од нашата земја, Албанија, Србија кои се дел од  Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и претставници […]

ФИТР го објави повикот „Стартапувај 4” за поддршка на македонскиот стартап еко систем


Фондот за иновации и технолошки развој денеска го објави јавниот повик „Стартапувај 4”, со кој вкупно два милиони евра неповратни финансиски средства се ставаат на располагање за поддршка на македонскиот стартап еко систем. Како што информираат од ФИТР, јавниот повик „Стартапувај 4” обезбедува олеснети услови за аплицирање и олеснет финансиски пристап за старт-ап и спин-оф компаниите. – […]

Стипендии и вработување во „Макстил“ за сите идни студенти на Технолошко-металуршки факултет


Компанијата „Макстил“ доделува стипендии за студирање на Технолошко-металуршки факултет во академската 2022/23 година. Стипендиите се однесуваат на додипломските студии, го покриваат целото школување во траење од 4 години и се наменети за студентите кои ќе се запишат на насоката за Металургија, дизајн и менаџмент. Подетални информации околу студиите може да се добијат на линкот. Стипендиите, […]

Азески им додели награда – голема плакета на Вучиќ, Рама, Заев и Ковачевски


  Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, им додели големи плакети на премиерите на Македонија и на Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, претседателот на Србија, Александар Вуќиќ и на поранешниот македонски премиер Зоран Заев за придонесот на регионалната интеграција.  Како што соопштија од комората, станува збор за признание – награда што […]

АСО: Осигуреници наплатија 16 милиони евра, бројот на исплатени штети порасна за 30 отсто


Единаесет осигурителни компании за неживотно осигурување исплатија 978 милиони денари или 15,9 милиони евра за настанати штети на свои осигуреници во првите три месеци годинава. Во првите 90 дена од годинава осигурителните компании исплатиле речиси 23.000 штети на осигуреници и тоа е 30 отсто повеќе од истиот период лани, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за […]

Светското богатство со рекорден раст во 2021 година и покрај пандемијата


Вкупното светско богатство порасна за 10,3 отсто во 2021 година на 473 трилиони долари, главно благодарение на „цветањето“ на берзата, според студија објавена денеска од Бостон Консалтинг Груп (БКГ). Станува збор за најголем раст во повеќе од една деценија, а бројот на супербогатите, што БКГ ги дефинира како лица со имот вреден над 100 милиони […]

Втора јавна трибина за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач


На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска ќе се одржи втората јавна трибина на која ќе биде презентиран новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач. Трибината ја организира Асоцијацијата на инженери и техничари МАКО СИГРЕ. Станува збор за здружение кое повеќе од 20 години делува на полето на електроенергетиката. Првата јавна трибина на која […]

ИТ секторот нема граници: Осум вработени лани создале профит од два милиони евра


  ИТ индуструјата е најмоќната и најдоходовната гранка насекаде во светот, а таму се и најголемите плати. Според последните податоци од Државниот завод за статистика, во март, во Македонија, просечната плата во секторот „Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности“ била 80.128 денари.Платите во приватните ИТ компании се далеку над просечента плата во државава од 31.080 […]

Санкциите го поништуваат 15-годишниот економски напредок во Русија


САД– Санкциите воведени против Москва поради инвазијата врз Украина го поништуваат 15-годишниот економски напредок во Русија и 30 години интеграција со Западот, се вели во последниот извештај на Институтот за меѓународни финансии (ИИФ). Но, влијанието на овие мерки е тешко да се предвиди бидејќи тие зависат од можните нови санкции од една страна и од можниот одговор на Русија, особено во […]

„Хуавеи“ ги затвора продавниците во Русија. Нема што да продава


  Затворени се руските продавници специјализирани за продажба на производи од кинеската компанија „Хуавеи“. Според извор на агенцијата РИА Новости, од 19 официјални продавници кои работеле во Русија пред почетокот на војната, веќе се затворени четири продажни места лоцирани во Москва, Новокузнецк, Уфа и Ростов на Дон. Според соговорникот на агенцијата, главната причина за затворањето […]

ОЕЦД ја намали прогнозата за светскиот раст за 2022 година на три отсто


Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) денеска ја намали прогнозата за светскиот раст на три отсто оваа година, наспроти 4,5 отсто колку што прогнозираше во декември, што, како што наведе, е последица на војната во Украина. Посебно ќе бидат погодени земјите од еврозоната, кои годинава ќе забележат раст на БДП од 2,6 отсто, наспроти […]