Во САД највисока стапка на инфлација во последните 40 години


Цените во САД се зголемени за седум отсто во декември 2021 година во однос на претходната година, што претставува највисока стапка на инфлација во последните 40 години, соопшти Министерството за финансии во Вашингтон. Според Гласот на Америка, повисоки цени ја одбележаа американската економија во текот на целата претходна година, а нивниот раст е највисок од …

Во САД највисока стапка на инфлација во последните 40 години Read More »

Бектеши апелира Градот Скопје и општините да ги платат сметките за парно барем за декември


Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика Градот Скопје и скопските општини да ги платат сметките за топлинска енергија, како што наведе, барем за месец декември бидејќи до денес тоа не го направиле. – Минимум што можат да направат е да ги платат сметките за парно греење, кажа министерот за Бектеши во вечерашното гостување во …

Бектеши апелира Градот Скопје и општините да ги платат сметките за парно барем за декември Read More »

Ковачевски за енергетската криза: Одлуките ги носиме врз основа на анализи


Мерки за ублажување на последиците од глобалното покачување на електричната енергија започнаа уште минатата година преку намалување на ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 отсто, а во периодот што следи ќе следуваат нов пакет мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните. Ова вечерва го соопшти претседателот на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски, …

Ковачевски за енергетската криза: Одлуките ги носиме врз основа на анализи Read More »

Цената на нафтата надмина 84 долари


Цените на нафтата денеска се зголемија над 84 долари на меѓународните пазари, поттикнати од проблемите на производителите со зголемувањето на понудата и проценките дека ширењето на инфекцијата со Омикрон нема да го попречи закрепнувањето на побарувачката од корона кризата. На лондонскиот пазар цената на барелот попладнево порасна за 47 центи во однос на претходното затворање …

Цената на нафтата надмина 84 долари Read More »

Поврат на персоналниот данок на доход на сите нововработени млади под 30 години


Младите и намалување на младинската невработеност е во фокусот во програмата за работа на Владата предложена од мандатарот Димитар Ковачевски. Една од предвидените мерки е и поврат на персоналниот данок на доход за сите нововработени млади под 30 години. Со оваа мерка, средствата ќе се враќаат назад дикретно на нивната сметка со што се овозможува …

Поврат на персоналниот данок на доход на сите нововработени млади под 30 години Read More »

Европа годинава за енергија ќе потроши рекордни 1.000 милијарди долари


Европските земји во 2022 година за приоритетните енергетски ресурси ќе потрошат рекордни за последнава декада 1.000 милијарди долари, соопшти Блумберг, повикувајќи се на извештај на „Ситигруп“. Според агенцијата, причина за овие трошоци ќе бидат повисоките цени на загревање и електрична енергија во регионот, откако хиперинфлацијата врз цените на гасот и струјата ги погоди домовите и …

Европа годинава за енергија ќе потроши рекордни 1.000 милијарди долари Read More »

Занаетчиите бараат да се допрецизира Законот за недела неработен ден


Дел од занаетчиите повторно реагираат и бараат надлежните уште еднаш да ги разгледаат и допрецизираат измените и дополнувањата на Законот за работните односи со кои недела станува неработен ден. Според претседателот на Занаетчиската комора на Република Северна Македонија Агрон Фазлији, некои занаетчии од услужните дејности укажуваат дека одредбите од Законот се нејасни, а најмногу реагираат …

Занаетчиите бараат да се допрецизира Законот за недела неработен ден Read More »

Светска банка: Глобалниот раст ќе забави до 2023 година, зголемен ризикот од „тешко приземјување“ во економиите во развој


По силното закрепнување во 2021 година, глобалната економија влегува во изразено забавување во услови на нови закани од варијантите на КОВИД-19 и пораст на инфлацијата, долговите и нееднаквоста на приходите што може да го загрози закрепнувањето во новите и економиите во развој, се вели во најновиот Извештај на Светска банка за глобалните економски перспективи. Глобалниот …

Светска банка: Глобалниот раст ќе забави до 2023 година, зголемен ризикот од „тешко приземјување“ во економиите во развој Read More »

Одземена лиценцата на „Беса Травел“


 Министерството за економија денеска ја одзема лиценцата на туристичката агенција „Беса Травел“, објави министерот за економија Крешник Бектеши на неговиот Фејсбук профил. – По барање на Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат има извршено три вонредни инспекциски надзори во просториите на субјектот ДТППУ БЕСА ТРАНС БТБ ДООЕЛ експорт –импорт со адреса: село Рашче, Општина Сарај …

Одземена лиценцата на „Беса Травел“ Read More »

ММФ: Можни се економски потреси во пазарните економии во развој


Пазарните економии во развој ќе мора да се подготват за епизоди на економски потреси со оглед на очекуваниот пораст на каматните стапки на Федералните резерви на САД и забавениот глобален раст како резултат на ширењето на сојот Омикрон на коронавирусот, предупредува Меѓународниот монетарен фонд. ММФ, кој ќе ги објави своите нови ажурирани прогнози подоцна овој …

ММФ: Можни се економски потреси во пазарните економии во развој Read More »

Глобалните дивиденди годинава ќе надминат 2.000 милијарди долари


Светските дивиденди се очекува да достигнат нов рекорд во 2022 година и да надминат 2.000 милијарди долари благодарение на економското закрепнување. Подобрувањето на економската клима е глобално, но Европа заостанува бидејќи се уште е погодена од пандемијата, според студијата на компанијата за финансиски информации IHS Markit. Поттикнати од рекордниот профит на големите компании минатата година, …

Глобалните дивиденди годинава ќе надминат 2.000 милијарди долари Read More »

Анѓушев: Четири фактори ја генерираат сегашната берзанска цена на електричната енергија


Има четири фактори што ја генерираат зголемената цена на електричната енергија на берзите. Тоа се цената на природниот гас, зелените сертификати коишто пораснаа драстично, намалените издашности на обновливите извори на енергија и реалната инфлација, оценува поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев во интервју за МИА што викендов ќе биде објавено во целост, заедно со …

Анѓушев: Четири фактори ја генерираат сегашната берзанска цена на електричната енергија Read More »

Холанѓаните стравуваат од земјотреси поради зголеменото производство на гас


Компаниите во Холандија се подготвуваат речиси двојно да го зголемат производството на гас во регионот Гронинген поради зголемената побарувачка во Германија и покрај незадоволството на граѓаните од зголемениот ризик од благи земјотреси. На Германија најверојатно ќе и требаат околу 1,1 милијарди кубни метри гас оваа деловна година. Претходно оваа недела, холандското Министерство за економија се обиде да ги смири …

Холанѓаните стравуваат од земјотреси поради зголеменото производство на гас Read More »

Грчкиот Wind Hellas стана дел од групацијата „Јунајтед“


Групацијата Јунајтед (United) денеска соопшти дека го завршила спојувањето на грчкиот телекомуникациски оператор Wind Hellas. Бизнис групацијата, како што се наведува во соопштението, досега има инвестирано 1,4 милијарди евра на грчкиот пазар и во следните пет години ќе инвестира најмалку дополнителни 1,3 милијарди евра во оптичката мрежа, услугите на Pay-TV и 5G мрежата. Тоа е …

Грчкиот Wind Hellas стана дел од групацијата „Јунајтед“ Read More »

Програмери на апликации во App Store заработиле повеќе од 260 милијарди долари од 2008 година


Програмерите на апликации заработиле повеќе од 260 милијарди долари од 2008 година од продажба на дигитални производи и услуги на App Store, објави американскиот технолошки гигант Епл. Само минатата година, програмерите заработија 60 милијарди долари, соопшти Епл. Според нив, потрошувачката на корисниците на App Store во периодот од Бадник до Нова година достигна највисоко ниво …

Програмери на апликации во App Store заработиле повеќе од 260 милијарди долари од 2008 година Read More »

На европските берзи втор ден по ред има раст


На европските берзи утрото цените на акциите пораснаа втор ден по ред, а најголем скок забележаа рударскиот и енергетскиот сектор, благодарение на поскапувањето на нафтата и суровините. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9.30 часот порасна за 0,5 отсто, зајакнувајќи втор ден по ред. Лондонски FTSE индекс се зголеми за 0,48 отсто, на …

На европските берзи втор ден по ред има раст Read More »

Глобалната логистичка криза предизвика скок на контејнерскиот товар во Русија


Руската државна железничка компанија соопшти  дека во 2021 година забележала скок од 34,4 отсто во контејнерскиот товар поради глобалната логистичка криза што го пренасочи протокот на стоки на пат од Азија кон Европа преку Русија. Рускиот транзитен контејнерски сообраќај се зголеми на 1,076 милијарди TEU, се вели во соопштението на Руските железници. Компанијата прогнозираше во …

Глобалната логистичка криза предизвика скок на контејнерскиот товар во Русија Read More »

На Германија ќе ѝ требаат повеќе имигранти за да го спречи недостигот на работна сила


На Германија ќе ѝ бидат потребни повеќе имигранти за да се спречи сериозен недостиг на работна сила што може да ја поткопа продуктивноста и да се загрози успешната енергетска транзиција, рече германскиот министер за економија, додека најголемата европска економија се соочува со демографска криза. – Денеска имаме 300.000 слободни работни места и очекуваме бројката да …

На Германија ќе ѝ требаат повеќе имигранти за да го спречи недостигот на работна сила Read More »

Нуклеарка во ОАЕ ќе произведува 85 отсто чиста енергија до 2025 година


Корпорацијата за нуклеарна енергија на Емиратите (ENEC) денеска објави дека до 2025 година ќе произведува 85 отсто од чистата електрична енергија во Абу Даби. Нуклеарната централа Бараках има потенцијал да произведува еден милион тони водород годишно, изјави Мохамед Ибрахимал-Хамади, извршен директор на ENEC. „Ова гориво со ниска содржина на јаглерод е од суштинско значење за …

Нуклеарка во ОАЕ ќе произведува 85 отсто чиста енергија до 2025 година Read More »

ССК: Новиот Закон за електричен отпад наметнува нереално зголемени давачки за претпријатијата


Спречување или намалување на негативните влијанија од создавањето и постапувањето со отпадната електрична и електронска опрема е прашање кои треба да биде соодветно регулирано што може да се постигне со измена и дополнување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, посочуваат од Сојузот на стопански комори. Од …

ССК: Новиот Закон за електричен отпад наметнува нереално зголемени давачки за претпријатијата Read More »