Што (ќе) се гради кон Бугарија


Скопје и Софија немаат ниту железничко, ниту авионско, ниту автопатско поврзување. Во најава или во тек се неколку проекти од наша страна што треба да обезбедат подобро поврзување на луѓето и бизнисот и зголемен обем на трговска размена. Во предлог програмата на Владата е наведено дека во првата половина на годинава ќе продолжи изградбата на …

Што (ќе) се гради кон Бугарија Read More »

(ВИДЕО) БЕГ под принудна управа, нема да има студени радијатори


Министерот за економија, Крешник Бектеши на прес-конференција информираше дека проблемот со топлинската енергија во Скопје и во општините е решен. -Домаќинствата ќе имаат непрекината испорака на парно греење. На денешната седница донесовме уредба во делот на критериумите и условите за прогласување кризна состојба на пазарот на топлинска енергија. Владата ќе обезбеди финансиски средства со кои …

(ВИДЕО) БЕГ под принудна управа, нема да има студени радијатори Read More »

Ограничувањата во снабдувањето ја зголемија цената на нафтата на 86 долари


Цените на нафтата се искачија до 86 долари на меѓународните пазари во петокот, поттикнати од ограничувањата на понудата и послабиот долар што ја засени можната нова аукција на нафта од стратешките резерви на Кина на почетокот на февруари. На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 1,16 долари во однос на претходното затворање, на 85,63 …

Ограничувањата во снабдувањето ја зголемија цената на нафтата на 86 долари Read More »

Зголемен прометот во индустријата


Вкупниот промет во индустријата лани во ноември е зголемен за 18,5 отсто во споредба со истиот месец од претходната година, а пораснал за 10 проценти во однос на октомври 2021 година. Во првите 11 месеци од 2021 година, пак, е поголем за 16,8 отсто во споредба со истиот период од претходната година. Според податоците на …

Зголемен прометот во индустријата Read More »

Во ноември лани регистрирани 38.997 туристи и 80.693 ноќевања


Бројот на туристите во државава во ноември 2021 година изнесува 38.997, од кои 45,5  отсто се домашни, а 54,5  отсто се странски. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата во ноември 2021 година изнесува 90.693, од кои 49,3  проценти се од домашни туристи, а 50,7 отсто од странски туристи. Во периодот …

Во ноември лани регистрирани 38.997 туристи и 80.693 ноќевања Read More »

Деспотовски очекува рекордното ниво на извоз од ТИРЗ да се надмине во 2022 година


Од технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) во изминатата година се извезени производи во вредност од досега рекордни над три милијарди евра што е за 6,5 проценти повеќе во однос на 2019 година и околу 15 проценти повеќе од 2020 година. Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски очекува рекордното ниво на извоз да се надмине …

Деспотовски очекува рекордното ниво на извоз од ТИРЗ да се надмине во 2022 година Read More »

РЕК Битола: Блокот 3 се санира по пожарот, коментарите од неинформирани лица се несериозни


 РЕК Битола  информира дека во моментов работи со два блока – Блок 1 и Блок 2 и дека сè уште и во континуитет преземаат активности за санација на трансформаторот на Блок 3 кој беше оштетен во пожар на 5 ноември 2021. – Дали и кога постројката ќе биде во можност да произведува електрична енергија зависи …

РЕК Битола: Блокот 3 се санира по пожарот, коментарите од неинформирани лица се несериозни Read More »

Се преговара за три големи инвестиции во енергетиката, за едната детали во наредните неколку недели


Во тек се разговори за три големи инвестиции во делот на енергетиката. За едната од нив, се очекуваат детали во текот на наредните неколку недели, обелодени денеска директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони Јован Деспотовски. – Станува збор за доста сериозни инвестиции, детали соопштуваме како и досега откако ќе имаме веќе одредено ниво на постигнат …

Се преговара за три големи инвестиции во енергетиката, за едната детали во наредните неколку недели Read More »

Деспотовски: За еден дел од капацитетите во зоните обезбедивме гас по пониска цена од пазарната


Дирекцијата за технолошко индустриски развојни Зони (ДТИРЗ) склучи договор со добавувачот ПРОМГАС за обезбедување природен гас за компаниите во зоните со кој еден дел од количините се обезбедуваат по доста пониска цена од пазарната, потврди денеска директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски. -Во делот на гасот склучивме договор со ПРОМГАС, бидејќи Дирекцијата обезбедува гас за корисниците …

Деспотовски: За еден дел од капацитетите во зоните обезбедивме гас по пониска цена од пазарната Read More »

„Гугл“ купи деловна зграда во центарот на Лондон за 1 милијарда долари


Американскиот технолошки гигант „Гугл“ потроши 1 милијарда долари за да купи зграда во центарот на Лондон каде што моментално е закупец, соопшти денеска компанијата. „Гугл“ (Google), кој вработува 6.400 луѓе во Британија, планира да инвестира милиони фунти во реновирање на канцелариите во купениот комплекс Central St. Giles, кој се наоѓа во близина на Ковент Гарден  …

„Гугл“ купи деловна зграда во центарот на Лондон за 1 милијарда долари Read More »

Ангеловска-Бежоска: Глобализацијата, дигитализацијата и структурните промени ќе влијаат на постпандемичната улога на централните банки


Глобализацијата, дигитализацијата и другите структурни промени во економиите ќе влијаат на новата постпандемична улога на централните банки, порача гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на панел дискусијата на „Еуромани“ што се одржа виртуелно, а на која учествуваа гувернери од регионот на Централна и Југоисточна Европа. Гувернерката истакна дека во изминатата декада значително се зголемени одговорноста и …

Ангеловска-Бежоска: Глобализацијата, дигитализацијата и структурните промени ќе влијаат на постпандемичната улога на централните банки Read More »

Британската економија се врати на нивоата пред пандемијата


Британската економија го надмина нивото од пред пандемијата по силниот раст во ноември, покажуваат официјалните бројки. – Бруто домашниот производ порасна за 0,9 проценти во ноември 2021 година и за првпат е над нивото пред пандемијата на коронавирус, се вели во соопштението на Службата за национална статистика. Економијата на Британија е 0,7 отсто над нивото од февруари 2020 година, додаде Службата. …

Британската економија се врати на нивоата пред пандемијата Read More »

Пандемијата ги остави без работа угостителските работници во Германија


  Секој четврти вработен во угостителството во Германија остана без работа поради пандемијата на корона вирусот.   Според податоците на Заводот за статистика на Германија, во првите десет месеци од минатата година бројот на вработени во угостителството бил за 23,4 отсто помал во однос на истиот период во 2019 година. Во најтешка ситуација се вработените …

Пандемијата ги остави без работа угостителските работници во Германија Read More »

„ТЕТО“ ќе обезбеди дополнителни количества електрична и топлинска енергија, БЕГ има гас само уште за денеска


Дополнителни количества на електрична и на топлинска енергија се обезбедени преку когенеративната електрана „ТЕТО“ која ќе работи седум дена во неделата со полн капацитет. Вишокот на електрична енергија ќе го откупува АД ЕСМ, за што денеска се очекува двете компании да потпишат договор. Мерката ја донесе Владата на вчерашната седница, а ќе важи до крајот на …

„ТЕТО“ ќе обезбеди дополнителни количества електрична и топлинска енергија, БЕГ има гас само уште за денеска Read More »

Дирекцијата на ТИРЗ ќе ги презентира економските активности во индустриските зони во 2021


Дирекцијата за технолошко-индустриски и развојни зони денеска ќе ја презентира анализата за економските движења во индустриските зони во 2021 година. На прес-конференцијата, што ќе се одржи во медиа центарот во Владата, ќе се обрати директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски, кој ќе се осврне на постигнатите резултати по воведувањето на новиот концепт за привлекување …

Дирекцијата на ТИРЗ ќе ги презентира економските активности во индустриските зони во 2021 Read More »

АД ТЕ-ТО: Предлогот на Владата за нас значи работење со загуби


Вечерва со соопштение излезе ТЕ-ТО АД Скопје, од каде што сметаат дека е потребно дополнително финансирање на БЕГ АД Скопје. Согласно постоечкиот договор за набавка на природен гас кој ТЕ-ТО АД Скопје го има со важност до 31.01.2022 година, производната цена на електричната енергија од неговата постројка, со вклучен трошок за произведена, но ненаплатена топлинска …

АД ТЕ-ТО: Предлогот на Владата за нас значи работење со загуби Read More »

БЕГ има гас до утре, бара Владата да го преземе управувањето до крајот на грејната сезона


БЕГ вечерва информира дека нема повеќе ресурси за обезбедување финансирање на грејната сезона без државна помош за компензирање на тарифита за производство на топлинска енергија со што не ќе можат да продолжат со производство на топплина. За да се обезбеди непрекинато производство на топлинска енергија во ПТБЕ, предлагаат Владата да ја преземе во времено управување …

БЕГ има гас до утре, бара Владата да го преземе управувањето до крајот на грејната сезона Read More »

ЕСМ ќе му плаќа на ТЕТО по 170 евра за мегават час произведена струја


Цената по која АД ЕСМ ќе ја преземе дополнително произведената електрична енергија од производителот АД ТЕТО е 170 евра по мегават час, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Станува збор за производна цена на електрична енергија од комбинирана постројка за производство на електрична и топлинска енергија од природен гас со вкалкулирана продажна цена на …

ЕСМ ќе му плаќа на ТЕТО по 170 евра за мегават час произведена струја Read More »

Владата обезбеди дополнителни количини електрична и топлинска енергија од АД ТЕ-ТО Скопје


 Владата на денешната 133-та седница донесе одлука за преземање на мерка за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија. Како што информираат од владината прес-служба, со одлуката се предвидува дополнителните количини на електрична енергија да се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото …

Владата обезбеди дополнителни количини електрична и топлинска енергија од АД ТЕ-ТО Скопје Read More »

Поради африканска свинска чума во делчевскиот регион уништени 195 домашни свињи, во опасност се 741 грло


По појавата на африканска свинска чума во делчевското село Драмче, во радиус од три километри до денеска уништени се вкупно 195 домашни свињи, односно со овој потег немаме ниту една жива свиња. Направена е депопулација, со што лешовите од овие животни се депонирани во сточна јама во Делчево каде се преземени сите мерки да не дојде до ширење на вирусот. Ова …

Поради африканска свинска чума во делчевскиот регион уништени 195 домашни свињи, во опасност се 741 грло Read More »