Струја за бизнис секторот од Бугарија, цената ќе се знае идната недела


Не е точно дека ако склучиме договор за испорака на електрична енергија со Бугарија, трансферот ќе оди преку Грција, вели генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски. Тој во вечерашното Топ Тема интервју на телевизија Телма информира дека заклучно со наредната недела треба да завршат работните групи на Северна Македонија и Бугарија кои треба да […]

ЕСМ достави понуди на повикот за парно греење во Скопје


На повикот на Владата за избор на компанија која ќе произведува, дистрибуира и ќе ги снабдува со топлинска енергија потрошувачите на дел од градот Скопје се пристигнати понуди од ЕСМ ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје, ЕСМ ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје и ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје. Јавното отворање на понудите се одржа денеска […]

Инвеститорски ден на Берзата со 242 трансакции, прометот во БЕСТ системот над 516 илјади евра


На „Инвеститорскиот ден“ што се одржа денеска на Македонската берза се тргуваше со 22 различни акции што е најмногу во еден ден оваа година. Се склучија вкупно 242 трансакции што претставува втор најголем број склучени трансакции во еден ден на тргување во 2022 година (на 5 мај имало само 5 трансакции повеќе, односно 247).Просечниот дневен […]

Бесими: Фер даночен систем во кој сите ќе си ги плаќаат давачките и ќе ги користат јавните добра


  Еднаков и праведен третман на сите граѓани и фирми и ефикасен даночен систем кој ќе биде поддршка на зелената одржлива економија, се целите кои сакаме да ги постигнеме со даночната реформа. Инклузивноста е од особено значење за целиот процес – од формирање на нацрт концепт до дефинирање на реформите, оттаму изминатите две години МФ […]

Ковачевски договорил непречено снабдување на јаглен и мазут од Грција


  Непречено снабдување со потребните количества на јаглен и на мазут од Грција за нашата земја во наредните два квартали било договорено денеска во Атина на средбата која македонската делегација на чело со премиерот Димитар Ковачевски ја имаше со грчкиот колега Киријакос Мицотакис и со неговиот тим од економските ресори. Како што соопшти Ковачевски на […]

ССМ го повикува Уставниот суд да ја отфрли иницијативата за „работа во недела”


Сојузот на синдикатите на Македонија го повикува Уставниот суд да ја отфрли иницијативата на Стопанската комора на Северна Македонија која се однесува на оспорениот Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, којшто во својата содржина опфаќа „работа во недела” бидејќи, како што велат, е спротивна на Уставот.   Според ССМ, со иницијативата ќе […]

Девет европски земји планираат големи вложувања во ветропаркови во Северно Море


  Девет земји членки на организацијата „Северноморска енергетска соработка“ во текот на следните децении планираат големо зголемување на производството на електричната енергија преку офшор електраните на ветер, како дел од напорите за борба против климатските промени и за постигнување независност од увозот на фосилни горива, особено од Русија. Германските власти соопштија дека членките на организацијата […]

Ковачевски-Мицотакис: Најдоцна до средината на 2024 година со гас ќе се снабдуваме и од Грција


  Премиерот Димитар Ковачевски во Атина, Грција, оствари тет-а-тет средба со премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис. На средбата во рамки на работната посета на Ковачевски во Атина, премиерите разговараа за последиците од енергетската криза во светски рамки и енормниот раст на цените на електричната енергија, соопшти Владата. Ковачевски и Мицотакис дискутираа за состојбите и предизвиците […]

Уставниот суд утре ќе расправа за недела неработен ден


Уставниот суд утре ќе расправа за неделата како неработен ден, потврдија од оваа институција преку соопштение до медиумите. Вчера, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, рече дека оваа асоцијација на стопанствениците не ја повлекла иницијативата за оцена на уставноста за неработењето во недела. Тој рече дека во јануари имале две недели да се […]

Ковачевски денеска во Атина: Ќе има ли струја и гас по поволна цена за стопанството?


  Ќе има ли доволно енергенти по поволна цена што ќе овозможи компаниите во земјава да ја пребродат зимата и да не стават клуч на врата, ќе биде појасно денеска по работната посета на премиерот Димитар Ковачевски на соседна Грција, каде што во фокусот на разговорите ќе биде енергетската криза и начините како таа да […]

Битиќи на конференција на Зелениот климатски фонд во Јужна Кореја


  Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи ќе учествува и ќе се обрати на Втората конференција за глобално програмирање на Зелениот климатски фонд, која ќе се одржи од денеска до 15 септември 2022 година во Инчеон, Република Кореја. Вицепремиерот Битиќи, како што соопштија од […]

Инвеститорски ден на Берзата – тргување со акции без провизии за домашните физички лица


  Македонската берза, денеска, го организира третиот по ред „Инвеститорски ден“, кога сите домашни физички лица можат да тргуваат на Берзата со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци што ги наплатуваат овластените пазарни институции и учесници. Како што информираат од Берзата, целта на настанот е промовирање на уште поактивно учество на домашните индивидуални […]

Бесими: Даночните реформи не почнуваат сега, има акциски план 2021/2025


Министерот за финансии Фатмир Бесими вечерва изјави дека даночните реформи не почнуваат сега, тие се дел од програмата на Владата и се дел од стратегијата за реформи на даночниот систем што е усвоен во декември 2020. Тајмингот, во однос на имплементацијата, би бил транзициски, не значи дека сè што се разговара сега ќе се примени […]

Ифо: Германија се соочува со рецесија во 2023 година


Економијата на Германија ќе се намали во 2023 година бидејќи драматичното зголемување на трошоците за енергија поради руско-украинската војна ги намали изгледите за закрепнување од пандемиската криза, соопшти во понеделникот институтот Ифо. Во јуни институтот прогнозираше дека економијата ќе порасне за 3,7 проценти следната година, а сега предвидува дека активноста ќе падне за 0,3 проценти. […]

Инфлацијата не запира и во Србија – во август се искачи на 13,2 отсто


Потрошувачките цени во август 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 13,2 отсто, објави Републичкиот завод за статистика. Од лани до овој август најмногу поскапела групата производи „кафе, чај и какао“ – за 25,7 отсто. Лебот и житариците поскапеа за 24,1 отсто, а месото за една година поскапе за […]

Русија се соочува со пораз и во војната со гас


Една недела откако рускиот енергетски гигант Газпром го прекина извозот на гас во Германија преку Северен тек 1, рускиот претседател Владимир Путин се закани дека ќе ги намали преостанатите испораки и ќе го остави „Западот да замрзне“ доколку се обиде да ги ограничи цените на нафтата и гасот. Ваквите изјави би ги фрлиле пазарите во […]

Напуштено приватно земјиште ќе се дава под наем, осигурувањето ќе биде задолжително


Според измените на Законот за земјоделство, кои треба да се изгласаат во Собранието, и напуштеното земјоделско земјиште кое е во приватна сопственост ќе се дава под наем. – Во законските измени предвидуваме и напуштеното приватно земјоделско земјиште да имаме право како држава да го дадеме под наем под соодветни услови откако тоа земјиште ќе биде […]

Азески – Мицкоски: Време е за нов економски договор за иднината на државата


На работниот состанок што денеска се одржа во Стопанската комора меѓу претседателот Бранко Азески и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бил изнесен заеднички став дека е време за обединување и голем договор значаен за иднината на државата. Претседателот на Стопанската комора Азески по средбата изјави дека ги третираат сите прашања кои се од значење за […]

Горивата поевтинуваат за денар


За еден денар поевтинуваат бензините  ЕУРОСУПЕР БС-95 и  ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Новата цена на литар  ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува  84,50 денари, а 87 денари  на ЕУРОСУПЕР БС – 98. Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ […]