ТИРЗ ќе им помага на компаниите брзо да поставуваат фотонапонски централи


Дирекцијата на технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) овозможува целосна, брза и едноставна постапка за поставување фотонапонски централи на кровни конструкции за сопствени потреби на компаниите. Условите во однос на регулативата се значително поедноставени и од денеска ќе бидат поставени на веб страницата на Дирекцијата. Како што информира директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски, нема посебни […]

Речиси 5.000 работодавачи немаат исплатено плата во август


 Скоро 5.000 работодавачи немаа исплатено плата на работниците за август, а ист број на работодавачи воопшто немаат поднесено пресметки за да исплатат плата на повеќе од 10.000 работници, соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска на 6.Текстилијада во Штип. -Повторно се бориме со истите појави. Мислам дека со успешен контролен механизам […]

Македонскиот денар ставен на девизната листа на валути во Србија


Народната банка на Србија (НБС) денеска соопшти дека на листата на валути со кои се тргува на девизниот пазар на Србија од 1 ноември ќе вклучи две нови валути, валутата на Северна Македонија-денарот и валутата дирхам на Обединетите Арапски Емирати, додека хрватската куна ќе биде избришана од 1 јануари 2023 година, кога Хрватска ќе влезе […]

Во првите три квартали компаниите од ТИРЗ реализирале извоз од 2,8 милијарди евра


  Економијата во технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) и покрај предизвиците го одржува трендот на добри резултати. Во првите три квартали годинава е регистриран вкупен извоз од 2,8 милијарди евра, а само во септември извозот достигнал половина милијарди евра, рече денеска директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски. Посебно радува фактот, напомена Деспотовски, што продолжува да […]

Бошков: Владата нема да си дозволи отпуштање на 350.000 работници


  Опасна претпоставка e дека поради енергетската криза ќе се отпуштат од 30 до 50 отсто од вработените во компании или 350.000 работници, оцени денеска Миле Бошков од Конфедерација на работодавачи, коментирајќи ја вчерашната најава на Стопанската комора. Посочи дека компаниите најпрво мора да ги слушнат мерките за помош. -Сметам дека Министерството за труд и […]

Компаниите во ТИРЗ немаат проблем со потребните количини гас, овој месец најавени три нови инвестиции


    Засега нема никакви индикации дека постои ризик или некаков проблем во снабдувањето со гас кај компаниите од технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ). И поради скапата струја моментно нема најави за евентуално намалување на капацитетите или за некакви временски решенија во однос на вработените. Напротив, како што рече денеска директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован […]

По минималната плата ќе се договара и минимална пензија


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, најави денес дека по утврдувањето на минималната плата треба да се разговара и за утврдување на минимална пензија.  „Време е да се разговара за утврдување минимална пензија на ист начин како што имаме утврдена минимална плата, рече  Тренчевска во Штип одговарајќи на новинарско прашање за барањата на […]

Мерењата на емисиите на цврсти честички во „Макстил“ се далеку под дозволените вредности


  Мерењата на емисиите на цврстите честички на двете мерни точки во Макстил, покажуваат емисиони вредности до три пати пониски од дозволените. И во третиот квартал од годината, на мерната точка Оџак од пескара, каде дозволената гранична вредност е 30 mg/Nm3 во месеците јули, август и септември највисоката вредност била измерена во септември, 8,26 mg/Nm3 […]

Ангеловска-Бежоска се сретна со претставници на фондот „Финансии во движење“ и Инвестицискиот фонд за зелен раст


  Соодветната поставеност на политиките коишто ги спроведува Народната банка (НБ) во изминатиот период на здравствената криза и во моментов овозможува одржување на макреокономската стабилност на земјата, којашто е поддржана и од стабилноста на банкарскиот сектор, посочија претставниците на фондот „Финансии во движење“ и Инвестицискиот фонд за зелен раст на денешната средба со гувернерката Анита […]

Французите по временската ќе гледаат енергетска прогноза


  Француската влада претставува национален план за штедење енергија во текот на зимата за да спречи недостиг, најавувајќи им на граѓаните секојдневни прогнози за снабдувањето со струја, но и затворање на топлата вода на далечина. Францускиот план вклучува мерки какви воведоа и други земји, како заштеда на јавна расвета, греење на ниски температури и намалување […]

ССМ бара Владата да ја осуди јавната закана на фирмите за отпуштања


Владата сериозно да го разгледа и да го осуди условувањето на компаниите кои вчера се заканија дека ќе отпуштат од 30 до 50 проценти од работниците поради зголемените трошоци кои ќе ги имале, бара Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Според ССМ, ваквата јавна закана ќе донесе социјален немир и ќе ја загрози веќе кревката […]

Евростат: Поскапува и кафето, секојдневниот утрински ритуал станува луксуз


Шолја кафе, секојдневната рутина со која многумина го започнуваат денот, ги чини македонските граѓани за 18,3 отсто поскапо отколку една година порано. Граѓаните на ЕУ, пак, пијат кафе поскапо за 16,9 проценти, покажуваат податоците на Евростат за август 2022 година, споредено со истиот месец лани. За оние кои го пијат кафето со млеко или шеќер, […]

Ќе започнат градежните работи на двете железнички делници на Коридор-8


Во просториите на Дирекцијата на ЖРСМ Инфраструктура денеска брифинг ќе одржи директорот Хари Локвенец, на кој ќе го најави почнувањето на градежните работи на двете делници на Коридор 8. Едната делница е Куманово-Бељаковце, а изведувач на работите е компанијата Штрабак, и втората делница Бељаковце – Крива Паланка, каде изведувач на работите е компанијата Ѓуљермак. Ќе […]

Бектеши и Ковачевски на состанок за набавка на природен гас, ЕСМ обезбеди количини до крајот на октомври


Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски денеска треба да одржат состанок со една од компаниите за набавка на природен гас што ја посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На состанокот кој ќе се одржи надвор од земјава, ќе присуствува и Виктор Андонов, советник за енергетика на премиерот. Како што рече министерот […]

ЕСМ обезбеди гас за две недели од октомври, грејната сезона во Скопје почнува на 15-ти месецов


  АД ЕСМ обезбеди природен гас од Макпетрол до крајот на октомври, а грејната сезона ќе започне на 15 октомври, велат од ЕСМ. -На почетокот на грејната сезона системот ќе работи на природен гас, осносно обезбеден е гас од „Макпетрол“ до крајот на октомври по цена од 1713 евра за 1000 нормални метри кубен гас. […]

Се разгледуваат можностите како да им се помогне на производителите на основните прехранбени продукти


  Се разгледуваат опциите како производителите на основните прехранбени продукти да имаат пониска регулирана цена за да се намалат финалните цени на крајните производи, но и како да им се излезе во пресрет на јавните комунални претрријатија, соопшти  министерот за економија Крешник Бектеши. Според него, министерот за финансии Фатмир Бесими до крајот на оваа или […]

Романската централна банка ја зголеми каматната стапка на 6,25 отсто


Народната банка на Романија ја зголеми референтната каматна стапка на 6,25 отсто. Зголемувањето на каматната стапка за 0,75 процентни поени ги изненади инвеститорите кои очекуваа раст од 0,5 поени. Во образложението на централната банка се наведува дека годишната инфлација најверојатно ќе остане на нагорна траекторија до крајот на годината под влијание на шокови на страната […]

Утре состанок со компанијата за набавка на природен гас што ја посочи Мицкоски


Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, како и со Виктор Андонов, советник за енергетика на премиерот, во текот на утрешниот ден ќе остварат состанок со една од компаниите за набавка на природен гас која што како контакт до Владата ја даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. И Бектеши, како […]

Престанува да важи одлуката за ограничен извоз на пченица и брашно


Владата на денешната седница што се одржа попладнево донесе Одлука за престанување на важење на одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки која се однесуваше на пченица и наполица, брашно од пченица и наполица и семе од сончоглед (кршено или дробено). Одлуката е донесена по предлог на Министерството за економија. -Одлуката за ограничување на […]