Загрепската берза ќе стане сопственик на 30 отсто од Македонската берза?


Загрепската берза (ЗСЕ) објави дека поседува 476 акции, што претставува удел од 17,05 отсто во нејзината всничка во Северна Македонија, Македонската берза (МСЕ). „ЗСЕ вчера се стекна со уште 199 обични акции, односно 7,13 отсто од основната главнина. Трансакцијата е целосно финансирана од сопствени средства на берзата“, се вели во соопштението. Не е именуван продавач …

Загрепската берза ќе стане сопственик на 30 отсто од Македонската берза? Read More »

Унгарија ја ограничува продажбата на гориво: Дозволени се 50 литри дневно на бензинските пумпи


Унгарската енергетска групација МОЛ од вчера ја ограничи продажбата на гориво на малопродажните клиенти на 50 литри дневно на своите бензински пумпи во земјата, изјави за Ројтерс портпаролката Пироска Бакош. Оваа одлука го преполови сегашното количество гориво кое клиентите може да го полнат на бензинските пумпи на МОЛ во Унгарија, се додава во информацијата.

ЕСМ образложува зошто бара 48 евра за мегаватчас: Цените на енергенсите енормно се зголемија


АД ЕСМ понуди цена на произведената електрична енергија од 48 евра за мегаватчас за периодот јули-декември 2022 година, седум евра повеќе од цената за претходното шестмесечје, јануари-јуни 2022 година кога изнесуваше 41 евра. Како што информираат оттаму, корекцијата на цената мора да се гледа во контекст на енормното зголемување на цените на енергенсите на глобално …

ЕСМ образложува зошто бара 48 евра за мегаватчас: Цените на енергенсите енормно се зголемија Read More »

Работа на нафтена платформа, колкава е платата?


Работењето на нафтена платформа воопшто не е лесна работа, бара жртвување, но може да се заработат добри пари – Доколку сте заинтересирани за оваа работа, мора да знаете дека таа вклучува тешка физичка работа, одвоеност од семејството, строга дисциплина, одговорност, концентрација во текот на работното време, сериозност и почитување на добро дефинирани процедури, бидејќи и …

Работа на нафтена платформа, колкава е платата? Read More »

ЕСМ понуди 48 евра за мегават час на тендерот на ЕВН Хоум – 17 отсто повисока од сегашната


ЕСМ понуди 48 евра за мегават час на тендерот на ЕВН Хоум. Тоа е 17 отсто повисока цена од онаа која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач. Од ЕВН велат дека на денешниот тендер за набавка на електрична енергија за периодот од јули-декември се јавила само една понуда од АД ЕСМ и е …

ЕСМ понуди 48 евра за мегават час на тендерот на ЕВН Хоум – 17 отсто повисока од сегашната Read More »

Германската авиокомпанија „Луфтханса“ откажа уште 2.200 летови во јули


Германската авиокомпанија „Луфтханса“ откажа дополнителни 2.200 летови од центрите во Франкфурт и Минхен во јули, како причина наведувајќи го и недостигот од работници поради зголемен број на заразени лица со Ковид-19. Пред две недели, компанијата информираше за откажување на 900 летови во јули. Во текот на вчерашниот ден, таа најави дека „ќе се откажат дополнителни …

Германската авиокомпанија „Луфтханса“ откажа уште 2.200 летови во јули Read More »

Со ребалансот се подобрува стандардот на граѓаните – за вработување 1,9 милијарди денари


Со ребалансот на Буџетот за 2022 година се обезбедуваат средства за подобрување на стандардот и условите за живот на граѓаните во услови на најголема глобална економска криза. За нови таргетирани мерки наменети за финансиска помош на оние на кои им е најпотребна, се обезбедуваат средства во износ од 4,7 милијарди денари. Средствата за активни мерки …

Со ребалансот се подобрува стандардот на граѓаните – за вработување 1,9 милијарди денари Read More »

АСО: Се осигурале 600 индивидуални земјоделци и фармери и над 50 аграрни компании


Вкупно 600 индивидуални земјоделци и фармери и уште педесетина аграрни компании за првите три месеци годинава ги осигурале своите посеви, плодови и животни, информираат од Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). – Наскоро земјоделското осигурување ќе стане задолжително со закон и заради тоа неговото учество во осигурителниот пазар значајно ќе се зголеми. Целта на оваа реформа …

АСО: Се осигурале 600 индивидуални земјоделци и фармери и над 50 аграрни компании Read More »

ЕИБ подготвена да ја зголеми поддршката на Македонија во заложбите за декарбонизација и инклузивна економија


Тековната криза е потсетник за потребата од постојано проактивно делување на полето на структурните реформи, како предуслов за поголема отпорност на економиите. Во овој контекст се и активностите за зајакнување на зеленото финансирање, односно поддршката на инвестициите во обновлива енергија, енергетска ефикасност, одржливо земјоделство и технолошки иновации. За исполнување на своите основни цели, како одржувањето …

ЕИБ подготвена да ја зголеми поддршката на Македонија во заложбите за декарбонизација и инклузивна економија Read More »

ЕУ и Норвешка договорија зголемување на испораката на гас


Европска Унија се договори со Норвешка, најголемиот западноевропски производител на гас, да го зголеми снабдувањето со цел да го надополни недостигот од гас на земјите-членки на ЕУ, од кои половина се соочуваат со прекини во испораките од Русија. Брисел соопшти дека 12 земји-членки се соочуваат со недостиг бидејќи Русија го намали транспортот преку гасоводот Северен …

ЕУ и Норвешка договорија зголемување на испораката на гас Read More »

Комисијата за финансирање и буџет разгледа 20 амандмани на ребалансот, не прифати ниту еден


На денешниот седми ден од амандманската расправа за Предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година на Комисијата за финансирање и буџет, беа разгледани 20 амандмани, а не беше усвоен ниту еден. Најголем дел од денеска разгледаните амандмани главно се однесуваа на изградба, реконструкција и проширување на локалната и регионалната патна мрежа. На ребалансот на Буџетот се поднесени вкупно …

Комисијата за финансирање и буџет разгледа 20 амандмани на ребалансот, не прифати ниту еден Read More »

Презентирани резултатите од проектот за производство на домашно семе за пченица поотпорно на климатските промени


На површините на Земјоделскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј’’ – одделение во Кочани денеска беа презентирани резултатите од реализираните активности за производство на квалитетен семенски материјал за пченица со поголема отпорност на климатските промени. Се работи за заеднички проект на Земјоделскиот институт и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), чија …

Презентирани резултатите од проектот за производство на домашно семе за пченица поотпорно на климатските промени Read More »

Мазутот поевтинува за денар, останатите горива со исти цени


Мазутот М-1 НС поевтинува за денар по килограм од ноќеска на полноќ, а нема промени  кај малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. На денешната седница на РКЕ е донесена Одлука со која се врши …

Мазутот поевтинува за денар, останатите горива со исти цени Read More »

Охридската цреша ќе се извезува надвор од Балканот


 Охридската цреша ќе се извезува на пазарите надвор од Балканот, а со тоа се очекува и повисока откупна цена, смета Ванчо Стојаноски од земјоделската задруга „Охридска черешна“. По затворањето на рускиот пазар, каде години наназад се пласираа црешните од охридскиот регион, земјоделците стравуваа за продажбата, но и цената, бидејќи околните пазари се мали и неможат …

Охридската цреша ќе се извезува надвор од Балканот Read More »

„Најк“ целосно ја напушта Русија


Американскиот производител на спортска облека и обувки, „Најк“, целосно ја напушта Русија, три месеци откако го прекина својот бизнис таму, се вели во соопштението на компанијата испратено по електронска пошта во четвртокот, пренесува Ројтерс. „Најк“ на 3 март соопшти дека привремено ќе ги прекине сите негови операции и операциите на неговиот партнер како одговор на …

„Најк“ целосно ја напушта Русија Read More »

АД ЕСМ до утре ќе поднесе понуда на јавната набавка на ЕВН Хоме


 АД ЕСМ најави дека ќе поднесе понуда на јавната набавка на ЕВН Хоме со рок до утре. До Владата доставиле пресметки и предлози во однос на цената и количините, по што на затворена владина седница носи одлука со препорачана цена и количина, која се доставува до ЕСМ. Согласно одлуката, ЕСМ во затворена понуда ќе аплицира …

АД ЕСМ до утре ќе поднесе понуда на јавната набавка на ЕВН Хоме Read More »

Ковид-пандемијата речиси и да не влијаеше на купувањето на станови во државата


Иако со релативно ниска стапка на поврат на инвестицијата во однос на другите облици на инвестирање, инвестирање во купување на станови сè уште претставува најсигурен и најатрактивен облик на инвестиција за македонските граѓани, беше речено на денешната презентација на податоците за пазарот на недвижности за претходната година, како и очекувањата и трендовите за 2022 година, …

Ковид-пандемијата речиси и да не влијаеше на купувањето на станови во државата Read More »

Чадеж и Азески реизбрани на чело на Коморскиот инвестициски форум и во наредниот мандат


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж, беа реизбрани да го раководат Коморскиот инвестициски форум (КИФ) за нов мандат од четири години, на денешната седница на Управниот одбор на КИФ, која беше одржана во онлајн формат. На 21 и 22 јули во Охрид ќе …

Чадеж и Азески реизбрани на чело на Коморскиот инвестициски форум и во наредниот мандат Read More »

Трговците од Струмичко стравуваат од недостиг на домати и краставици и изгор цени на пазарите на мало


 Трговците и извозниците од Струмичко стравуваат дека во јули и август ќе бараат килограм повеќе домати и краставици од вториот производствен турнус, бидејќи производството на овие две градинарски култури од година во година постојано се намалува, а во оваа производствена сезона тоа е преполовено. Според трговецот Благој Витанов од компанијата „Империјал фруит“ таквата  состојба е …

Трговците од Струмичко стравуваат од недостиг на домати и краставици и изгор цени на пазарите на мало Read More »

Мрачни прогнози на „Др. Пропаст“: Нуриел Рубини предвидува рецесија во САД и долгорочна висока инфлација


Професорот на Универзитетот во Њујорк и озлогласениот економист за „пропаст и мрак“, Нуриел Рубини, рече дека економијата на САД сè уште не е во рецесија, но „ние сме многу блиску до неа“. „Мојата основна линија ќе биде рецесија до крајот на оваа година“, рече Рубини, извршен директор на економскиот консултант Рубини Макро Асошиејтс, во интервју …

Мрачни прогнози на „Др. Пропаст“: Нуриел Рубини предвидува рецесија во САД и долгорочна висока инфлација Read More »